Јавна дискусија по предлог измените на Закон за судовите и Закон за судски совет на Република Македонија ќе се одржи денеска во Скопје во организација на Здружението на судиите на РМ и Министерството за правда.
Јавната дискусија, како што велат организаторите, е насочена кон неколку точки кои се неопходни за решавање на системските прашања во врска со судството, како што се улогата, надежностите и отченоста на Судскиот совет на РМ и процесот на назначување, оценување, унапредување, дисциплина и надзор на работата на судиите од страна на Судскиот совет.
На расправата најавено е учество на домашни практичари и експерти, кои имаат за цел да идентификуваат примери на добри практики, како и да ги дискутираат предлог законските измени.
Од донесените препораки и заклучоци од расправата ќе биде подготвен извештај што ќе биде објавен во Македонската судска ревија – официјалниот зборник на Здружението на судиите на Република Македонија.
Извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.