Подпредседателот на Алијанса за Албанците, Елми Азири, во соопштение до медиумите вели дека премиерот Мицкоски предлага да се стопираат работите на патот кон Косово.
Азири вели дека со ребалансот на буџетот пред неколку дена, средствата за коридорот 8 се намалени за 11 милијарди денари, од 15 на 4 милијарди денари! Истовремено, средствата за Кичевската болница се скратени од 50 милијарди на 1,5 милијарди денари!
Подпредседателот на Алијанса за Албанците додава дека премиерот на државата вчера и предложи на Данела Арсовска средствата наменети за поправка на булеварот што го поврзува Скопје со патот кон Република Косово во износ од 8 милиони евра да се пренаменат за јавното претпријатие на град Скопје – Паркови и Зеленило, што според него значи дека премиерот предлага да се стопираат работите на патот кон Косово!
За толку малку дена, дури и да сакаат, не можат повеќе! Ужас!, вели Елми Азири, на крајот од соопштението.
М. Д.