„Комисијата за заштита од дискриминација работи под притисок на власта или на некој друг. Досега имаме поднесено неколку претставки, и за некои потврдуваат дека имало дискриминација, но за жал, некогаш потврдуваат дека немало, иако е очигледно дека има дискриминација“, вели за ЦИВИЛ Медиа, битолчанката Фатма Бајрам Аземовска од невладината организација „Сумнал“.
Таа додава дека поднеле претставка за дискриминација за книгата „Отеле Ѓуптинот“, на пример, но Комисијата не утврдила елементи на дискриминација.
Аземовска смета дека Комисијата треба да има поголеми надлежности и ингеренции, или во спротивно, дискриминираните самите да продолжат правдата да ја бараат преку судовите.
„Во претходниот период велевме дека веруваме во институциите ама, сепак… И сега верувам, ама… Меѓутоа, мора да веруваме во правниот поредок на државата“, истакна Аземовска.
Текст и камера: Дехран Муратов
Монтажа: Даниела Нисева