• Latest

Беа тоа времиња на надеж…

March 27, 2018
Фото: Скриншот од видео на DW

Седуммина милитанти на Ал Шабаб облечени како војници упаднале во сомалиски затвор, владата тврди дека сите се убиени

October 5, 2025
Фото: Креирано со помпш на ВИ

Од Мароко до Мадагаскар, генерацијата Z го пренесува дигиталниот бунт на улица – каде сме ние?

October 5, 2025
Демонстрантите се соочуваат со агенти на ICE во Чикаго, Илиноис Фото: Скриншот од видео на ВВС

Трамп одобри распоредување на 300 војници на Националната гарда во Чикаго, федерален судија привремено го блокира распоредувањето на 200 војници во Портланд

October 5, 2025
Индустрискиот парк „Спароу“ во Лвив е во пламен по рускиот масовен напад. 5 октомври 2025 година. Фото: Андриј Садови/Телеграм

РУСКИ РАКЕТЕН ТЕРОР: Во масивен напад со 500 беспилотни летала и над 50 ракети врз Украина загинаа 5 лица, 16 повредени

October 5, 2025

Радев се заблагодари на Сиљановска Давкова за изразеното сочувство за жртвите од поплавите во Бугарија и понудената помош

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Al Jazeera English

Сирија ги одржува првите избори по падот на Асад, но не во сите провинции

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на Times News

Нетанјаху се надева на ослободување на заложниците во Газа во „наредните денови“

October 5, 2025
Поглед од воздух на аеродромот Вилнус, Литванија, на 17 октомври 2011 година. Фото: Треворт Моргондонт/Викимедија Комонс

Аеродромот Вилнус во Литванија беше затворен поради нарушување на воздушниот простор

October 5, 2025
Антивладините демонстранти се обидоа да ја нападнат претседателската палата. Фото: ВВС

Грузиската полиција се судри со демонстранти кои се обидоа да влезат во претседателската палата во Тбилиси

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Чешката популистичка партија АНО на поранешниот премиер Бабиш победи на парламентарните избори, загрозена помошта за Украина

October 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Беа тоа времиња на надеж…

March 27, 2018 10:00
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

27 март е светскиот ден на театарот. По повод овој „празник“ секоја година еден поистакнат театарски работник, успешен на глобално ниво, испраќа порака до сите театарски работници од светот – каков треба да биде театарот денес. 

Јас и уште неколкумина мои пријатели имавме наш театар. Го именуваме „Театар од 2-иот кат“, тука во Скопје, во Универалзна сала. Името му го дадовме бидејќи просториите во кои работевме се наоѓаа на вториот кат во Универзална.

пишува: Војо Цветановски

Беше тоа еден успешен експеримент, понекогаш го нарекував и театарска лабараторија. Проектот беше работен според идеата на Јежи Грутовски која тој ја смисли не каде во средината на дваесеттиот век, а која гласи; „Обезбедете ми празен простор, дозволете ми сам да одберам луѓе кои ќе ги пресретнам на улица, кои патем никогаш, ама никогаш не се занималавле со театар, дајте ми една година и ви гарантирам дека од истите тие луѓе ќе направам професионални актери кои ќе бидат способни да носат на плеќи железен репертоар“.

Ова е мојата приказна која ја испраќам за светскиот ден на театарот.

*                         *                        *

Беа тоа времиња на надеж.

Со Театорот од 2-иот кат во Универзална сала работевме две години. Во тие времиња силно верував дека алтернативниот театар, каков што беше и нашиот, ќе има силно влијание врз социјално општествениот живот во оваа држава и токму тоа ќе е една од гранките која ќе ја однесе оваа држава на вистинскиот пат.

Беше месец октомври, 2012. Само што се вративме во Скопје, со Театроск од европска турнеја. Веднаш почнавме да ја работиме претставата со работен наслов „Метастаза“ од Ерик Емануел Шмит. „Метастаза“ ја поставив во ходникот на Универзална сала, точно пред главниот влез во големата сала. Постевна беше во овал. Публиката седеше каде што се оставаат капутите. Тоа беше претстава за најмногу стотина луѓе, дури и помалку. Актерите беа многу блиску до публиката, театарски кажано „Им дишеа во врат“.

Шмит е тежок автор. Ликовите во неговите пиеси се луѓе врз кои тежат повеќе планини. И дијалозите исто така се многу тешки. Јас намерно одбирав „тешки“ текстови. Секогаш. Сакав во процесот низ кој минуваме да се чувстуваме како да сме во непребродлива бура среде отворено море, после која со тешки маки ќе испловиме и ќе излеземе како победници. И тоа секогаш ни успеваше, само затоа што бевме упорни и цврсто верувавме во идеата за алтернативниот театар.

За жал, „Метастаза“ ја доживеа само премиерата. Веднаш по тоа бевме избркани од Универзална. Кога си ги собиравме работите гласно изговорив: „Поставивме „железен“ репертоар. И наместо сега да го стегаме, ние сега треба да си одиме. Оваа бура, другари, не успеавме да ја пребродиме. Не, не сме потонати, но не гледаме каде сме. Да си одиме одовде“.

И заминавме од таму. Засекогаш.

Причината која беше наведена зошто сме избркани од Универзална беше дека не сме ја тргнале сценографијата од ходникот по премиерата. Се почувствував како дебил кога ми беше соопштено тоа. Како да немаа вработени на кои тоа им е главна обврска. Ок, веќе беше кристално јасно дека сценографијата е само изговор. Никогаш не тргнав да ја дознаам правата вистина иако 99% сум сигурен која беше.

Еден месец подоцна, откако заминавме од Универзална и работите малку стивнаа, со Димитар, еден од моите најблиски соработници во театарот застанавме на плоштад. Гледавме во животот кој се отсликува во лицата на луѓето кои чекорат без никаква емоција среде плоштадот на главниот град. Од тажен, потажен. Еден саат не можевме да видиме насмевка. Димитар ме праша: „Која е идеата да се прави алтернативен театар во едно вакво општество? Има ли смисла? Види какво е!“. Длабоко воздивнав.

„Драг мој Димитар, да се прави алтернативен театар во ова општество е како да маваш со глава во ѕид. И колку повеќе те боли, толку повеќе треба да удираш, без да губиш надеж и цврсто да веруваш дека еден ден ќе се сруши ѕидот. Тоа е истиот оној ѕид, кој, доколку сакаме квалитетен живот во оваа држава задолжително треба да биде срушен. Основната цел на театарот е да биде дежурното око на социјалниот живот. Театарот е борец за правда. За сите подеднакво. Ние мораме да го турнеме тој ѕид и да ја поставивме разликата меѓу уметноста и политиката. Обврската на политичарите е да постават квалитетен живот во општество во кое живеат, а обврската на театарџиите е да бидат многу блиску до нив и гласно да ги потсетуваат, преку својот театар каде грешат. И тоа е многу здрава врска. Ние мораме да комуницираме едни со други!“, му одговорив.

Замолкнавме. Околу нас на плоштадот како печурки никнуваа некои нови градби, кои зјапаа во нас како да сме виновни за нешто. Пред да се разделиме реков: „Не знам за вас, но јас ако престанам да верувам, ќе престане да има смисла сево ова кое што сум денес“.

Потоа работевме уште помалку од една година во ДОМ на АРМ каде баравме сламка за спас и каде ја направивме претставата „Поблиску од Патрик Марбер“. По тоа театарот целосно згасна. Од тогаш наваму за овие шест години со Димитар сме сретнале најмногу десетина пати.

Сепак секогаш кога доаѓа 27 март, ме враќаат спомени, ме враќа потребата за театар, желбата да се доискажам … и единствената мисија која, сè додека постојам во мене ќе гласи:

Не смееме да престанеме да веруваме дека театарот е една од најнеопходните алатки во општеството, која, задолжително треба да е пристуна и гласна, многу гласна, со цел, постојано да ја крева свеста и вистински да го насочува човештвото онаму каде што суштински припаѓа! Борбата за подобар театар не смее никогаш да заврши! Таа борба јас денес ја водам по улиците создавајки уличен театар и од таму гласно ја испраќам мојата порака за неопходноста на театарскиот израз.

ДА ЖИВЕЕ ТЕАТАРОТ!

*Театроск е продукција за уличен театар чиј основач е Војо Цветановски.

 

 

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: „Театроск“алтернативен театарВојо ЦветановскипоракаСветски ден на театаротТеатар од вториот кат
Share89Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    150 shares
    Share 60 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    144 shares
    Share 58 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Прв приговор до ДИК: СДСМ Штип против Јорданов и ВМРО-ДПМНЕ за злоупотреба на јавни ресурси

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ