Изјава на јавниот обвинител и претседател на привремената комисија на Јавното обвинителство за следење на евентуални кривични дела против изборите и гласањето како и други изборни нерегуларности Џељаљ Бајрами за досегашните информации сумирани од јавните обвинителства низ државата.
„Привремената комисија на Јавното обвинителство за следење на евентуални кривични дела против изборите и гласањето како и други изборни нерегуларности денеска континуирано го следи текот на изборниот процес на Парламентарните избори и вториот круг од изборите за Претседател на Република Северна Македонија“, изјави Бајрами.
„ЈО е во соработка со сите институции одговорни за изборниот процес“, додаде Бајрами.