Categories

ЦИВИЛ #БарамОдговор!

Институциите, политичарите, јавните личности, активистите, градоначалниците, сите што одговараат или се надлежни за некој сегмент до нашиот живот се подложни и на јавни пофалби и критики. Воедно, тие се должни да одговорат на јавните побарувања и дадат одговори за спроведени или не дела во име на граѓаните.

Затоа, #БарамОдговор е одлична можност за сите засегнати граѓанки и граѓани јавно да се обратат со прашање до оние за кои сметаат дека треба да дадат одговор за проблеми што лично нив, нивната заедница или сите нас нѐ засега.

Сѐ што треба да се направи е, преку видео или селфи видео, да се постави прашањето и да се испрати до ЦИВИЛ, по што снимката се објавува. Доколку граѓан(к)ите сакаат да останат анонимни, оставена е опција да се снима објект или некоја ситуација, додека се поставува прашањето.

Прашањата за родова рамноправност во составот на Владата и институциите и до Министерството за администрација и информатичко општество за ревизијата на вработените во јавната администрација сѐ уште чекаат одговор од надлежните. а, тие се должниво духот на транспарентноста да одговорат на истите.

ЦИВИЛ ги повикува сите граѓан(к)и, заинтересирани да бидат граѓански новинари, како и сите граѓански новинари кои досега учествувале на семинарите од проектот „Граѓански објектив“ или соработувале со организацијата да земат учество во проектот и на тој начин да се квалификуваат за една од вредните награди за граѓанско новинарство, но и да бидат дописни соработници на Редакција ЦИВИЛ Медиа.

Граѓаните своите прашања треба да ги испраќаат во видео формат (селфи-видео) на фејсбук страницата на ЦИВИЛфејсбук страницата на граѓанските новинар(к)и (приватна порака) или на civil.macedonia@gmail.com.

Print Friendly, PDF & Email