• Latest

Басунер: Македонското општество покажа импресивна разумност

May 10, 2020

24 ЧАСА: Четрстотини невработени ќе гасат пожари за 400 евра; Велев алармира – недозволиво е 5 лица да одлучуваат за терапијата на 40.000 дијабетичари; Трамп со закана за 10% царини кон поддржувачите на БРИКС

July 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на Real News

Рускиот министер за транспорт се самоубил откако Путин го разрешил 

July 7, 2025
Фото: Фејсбук на Азир Алиу

Алиу, еден месец министер за здравство: Граѓаните пријавиле мито, непружање здравствена услуга, игнорирање пациент

July 7, 2025
Украински дронови погодиле руска хемиска фабрика во близина на Москва. Фото: Астра/ Телеграм

Украински дронови погодиле руска хемиска фабрика во близина на Москва, нападната и големата рафинерија во рускиот Краснодарски крај

July 7, 2025
Фото: ЦУК

Прва човечка жртва во пожарот кај „Лепенец“ во Ѓорче Петров

July 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на CBS Morning News

ДеСантис брза да отвори центар за притвор на имигранти во мочуриште сред сезона на урагани

July 7, 2025
Босански бегалци од Сребреничката енклава во камиони на УН

30 години од геноцидот во Сребреница и ризикот од понатамошни злосторства сега

July 7, 2025
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ

Локалните избори ќе се распишат во првата половина на август, нема најава за измените во Изборниот законик

July 7, 2025
Фотографија: МИА

Четиристотини невработени лица ќе бидат ангажирани за превенција и справување со пожари

July 7, 2025
Фото: МИА

(ИЗБОР) Албански медиуми: Опозицијата во Косово не прифаќа ниту тајно гласање, ниту по 43-ти пат не успеа конституцијата на собранието; Ќе се изградат два моста на реката Ибар, Српска листа со петиција против, ЕУ бара инклузивност во процесот на изградбата

July 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Басунер: Македонското општество покажа импресивна разумност

May 10, 2020 11:00
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter
 Соосновачот на Советот за политичка демократизација, Курт Басунер, во интервју за МИА говори за неговото разочарување од загрепската Декларација, критикувајќи го “трансакцискиот пристап” на ЕУ во политиката на штета на нејзините темелни вредности.

Како ја коментирате загрепската Декларација?

Се чини дека главната работа е да се нагласи дека Западниот Балкан геополитички е усогласен со Европа. Сакаме сите да признаат дека направивме многу за вас и зборовите “демократски“, “слободен“ и “либерален“ не се појавуваат, можете тоа да го толкувате на начин дека неколку земји членки на ЕУ не се ни демократски, ни либерални. И можете да видите кому тоа му помага на Западниот Балкан. За мене испраќа порака на слабост и несигурност, брендирање наместо супстанца. И тоа не е добро ниту за поддржувачите на ЕУ, ниту за ЕУ.

Би рекле дека Декларацијата е одговор на изјавите на Вучиќ, неговите љубовни изјави кон Кина и критики на ЕУ и недостатокот на европска солидарност?

Тоа е поттекстот на сѐ, тоа е тоа што овозможи зелено светло за Северна Македонија и Албанија за старт на преговори, тоа е тоа што ја наведе ЕУ да покаже дека знае што прави колективно. Но, оваа Декларација покажува дека всушност не знае. И тоа е жално, затоа што основниот проблем тука е дека ако ЕУ сака да се спротивстави на влијанието на Кина, Русија, итн. во регионот, тогаш тоа не може да го прави на “трансакциски“ начин, затоа што тоа е токму начинот на функционирање на тие држави, трансакциска дипломатија.

Тогаш дали можеме да го читаме ова на позитивен начин – дека Вучиќ и направи услуга на Северна Македонија и Албанија?

Па тоа оваа арбитража со западот подолго време го прави, тоа го прави со косовското прашање. Секако дека многу ефикасно ги надигра сите кога беше во позиција на криза и извади на површина едно чувство на геополитичка несигурност на Европа, и го впери прстот кон Европа на начин да покаже дека не знаат како да се постават геополитички. Ниту пак Европа ги користи своите најефективни алатки, а тоа се вредностите. Ама треба тоа на дело да се докаже.

Што се однесува до Северна Македонија, сметате дека е изводливо ЕУ да донесе одлука за првата меѓувладина конференција?

Изводливо е и со оглед на тоа што го видовме во последните месеци, шансите се тука. Мислам дека прашањето е што ќе се случи откако ќе започнат: дали Владата во Северна Македонија е подготвена. Владата на Заев ќе треба да покаже дека е подготвена.

Мислите дека не е?

Не сум сигурен.

Зошто?

Од 2015 со голема надеж гледам на земјата и многу прилики не беа искористени, сите јајца беа ставени во кошницата “Преспа“, и имаше многу охрабрување за тоа, не беше погрешно, но на домашен план во однос на правдата беше послабо, и затоа мислам дека народот е обесхрабрен. Не мислам дека сета вина може на ЕУ да се префрли и дека владата на Заев не доби поддршка. Отворено прашање е.

Кои се според вас слабите точки на земјата според вас?

Сигурно не помогна корупцискиот скандал со СЈО, луѓето сакаа правда, сакаа да видат вистинска промена во начинот на кој се води политиката. Наместо тоа, се остана во една удобна позиција на дуопол на една главна македонска етничка партија и една албанска, тоа остана рецептот, не видов темелна промена во начинот на водење политика. Нема сомнеж дека имаше вистински напредок во соседските односи, но повеќето луѓе гласаат за домашни теми. Мислам дека во однос на правдата и борбата против корупцијата не беше посветено доволно внимание. Тоа е за мене слабата точка.

Велите дека не е вината целосно кај ЕУ, но Северна Македонија со години чека старт на преговори, а за овие слабости за кои говорите токму преговорите со ЕУ можат да бидат поттик…?

Во основа имаше заложба дека ако се реши името, патот ќе биде отворен, и прашањето се реши, а патот не се отвори, и тоа не беше фер. Апсолутно точно. Така што се надевам дека преговорите ќе започнат, но ова мора да биде општествен пристап. Каква земја сакаме, каква развојна стратегија имаме. Вашата земја не е единствена во регионот во овој случај. Уште не сум видел земја која знае каква развојна стратегија навистина посакува, наместо да се користи само тоа што ЕУ го нуди за краткорочни политички цели. Таа стратешка визија што се отвори 2017 не беше експлоатирана. И не можете да ги обвините надворешните чинители што немате внатрешна стратегија.

Разбирам, но токму поради ЕУ и Преспанскиот договор мораше да се прави компромис со правдата за да се постигне двотретинско мнозинство за да помине договорот. Не мислите дека делумно поради ЕУ се жртвуваше правдата? Кое е решението според вас?

Да, точно, не ги избегнувам тие реалности. И не е само ЕУ, тука ги вклучувам и САД. Сакав да видам длабоко решавање на сите предмети од времето на Груевски, посебно оние матни меѓуетнички инциденти. И празнината тука само им помага на негативните сили во регионот. Општеството во Северна Македонија покажа импресивна разумност. Имаше два инцидента кои се закануваа да ги разгорат етничките тензии во 2015 и 2017, и луѓето не им дојдоа на таа “забава“, што покажа дека се отворени патишта кои не беа целосно развиени, и се надевам дека ќе бидат во иднина. Затоа што тоа е дел од тоа што ќе биде потребно за земјата да оди напред.

Претпоставувам дека видовте дека според последното рангирање на Фридом Хаус, двете земји кои преговараат со ЕУ, Србија и Црна Гора, се сега класифицирани како хибридни режими, а не демократии. Северна Македонија, која се смета за единствена успешна приказна во регионот, од друга страна сѐ уште не навлегла во преговорите. Што кажува тоа за ЕУ?

Дека ЕУ го намали значењето на вредности на сметка на краткорочни приоритети и односи. Вредностите на ЕУ треба да бидат перципирани во процесот. Во таа група (на хибридни режими, нз) ја има и Унгарија и ова е јасно дека ако ЕУ не е способна да ги примени своите вредности, тогаш каков клуб градите? Не се само вучиќите на светот, има и други, составен дел на таа група на нелиберални демократии кои Орбан сака да ги види внатре. И ова нѐ навраќа на загрепската Декларација, дека тоа беше нешто со што можеа да се соочат затоа што им беше потребна едногласност за декларацијата, тоа отсуство буди сомнеж, со што се поттикнува цинизам, а цинизмот само помага луѓето да губат интерес во политиката. Наместо да се искористи разочарувањето за мотивација, се користи за апатија од типот “сите се исти“.

На крај да ве прашам за коментар на заканите дека Бугарија би можела да ги блокира преговорите со Северна Македонија поради билатерални историски прашања?

Тоа го гледам како експлоатација на фактот што процесот беше “киднапиран“. “Ајде да видиме дали можеме да правиме притисок да добиеме отстапки“, го гледам ова како чист опортунизам, нерешени прашања кои требаше или се во тек да бидат решени преку Договорот за пријателство, така што не е во духот на тоа што се направи пред две и пол години, но покажува дека нема лидерство во ЕУ. Кога земји како Бугарија можат да загрозат еден процес кој ЕУ колективно сака да го турка напред, тоа е проблем што го гледаме во сите политика на ЕУ, не само во однос на Западниот Балкан. Гледаме како САД од ‘рбет стана проблем во светот, околу косовското прашање и поделбата, не можам да го одделам тоа што го прави Софија од останатото, секоја недовршена агенда на која било земја на Балканот може да се турка без никој да ве спречи. И тоа не е духот на декларацијата на Солун во 2003, тогаш некој да пробаше вакво нешто ќе беше спречен, сега секој може да проба што сака и да види до каде може да притиска.

Како треба Владата да се постави според вас по ова прашање со Бугарија?

Скопје треба да е свртено кон Брисел, не кон Софија. И јасно да каже дека ова никому не му е потребно ова во овој момент, наместо директно да се соочува со Софија затоа што тоа ќе потхранува негативен циклус.

Print Friendly, PDF & Email
Share34Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ВИ

    24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Канта за смет

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ