• Latest

Бектеши – Качка: Ќе се извезуваат македонски производи без царина во Украина

June 16, 2021

Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

October 15, 2025
Фото: Фејсбук

Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

October 15, 2025

ЦИВИЛ ја отвори дебатата за демократското назадување и улогата на граѓаните како чувари на демократските процеси

October 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Зацврстување на кинеската „мека моќ“ во Северна Македонија: Преку образованието, ИТ и TикToк до влијание врз изборите

October 15, 2025

Последни три дена од изборната кампања

October 15, 2025
Фото: Фејсбук на Гордана Сиљановска Давкова

Венецијанската комисија бара уставни измени и ограничување на мандатот на јавниот обвинител

October 15, 2025

Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен денеска во Скопје

October 15, 2025
Screenshot

Османи порачува дека нови градби без дозвола под негова одговорност нема да има, Меџити го обвини за лицемерие бидејќи живее во дивоградба легализирана за едно евро

October 14, 2025

Ви благодариме што се залагате за вистината и демократијата

October 14, 2025
Demolished Gaza
Photo source: Al Jazeera video screenshot

Ројтерс: ОН соопшти дека земјите се подготвени да помогнат во финансирањето на обновата на Газа од 70 милијарди долари

October 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бектеши – Качка: Ќе се извезуваат македонски производи без царина во Украина

June 16, 2021 12:52
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Со многу конструктивни предлози од двете страни, кои ја одразуваат заедничката желба да се зајакне и продлабочи билатералната економска соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Украина заврши Третата седница на меѓувладината комисија по Договорот за македонската влада и украинската влада за трговска и економска соработка со која преседаваа министерот за економија Крешник Бектеши и заменик министерот за економски развој, трговија и земјоделство на Украина, Тарас Качка во улога на домаќин.

Изразувајќи го задоволството што по 12 години од одржување на Втората седница на оваа меѓувладина комисија министерот Бектеши рече традиционалното пријателство меѓу двете земји претставува предуслов и стабилна основа за соработката да продолжи со позитивен тренд во периодот што претстои во сите области од заеднички интерес, а посебно на економски план.

„Во последните две години односно пред пандемијата, успеавме за граѓаните на двете земји да им овозможиме безвизен режим за краткорочен престој од 90 дена, директен авио лет Киев-Скопје и обратно, како и збратимување на седум општини од Северна Македонија и Украина. Со ова се интензивира севкупната соработка, преку олеснување на деловните врски и контакти меѓу двете земји, како и развој на туризмот. Двете земји имаат исти приоритети, а тоа се евро-атлантските структури, при што од секаков вид на взаемна поддршка на патот кон придружување во евроатланските организации е добредојдена. Тоа се потврдува и со Планот за политички консултации што двете Министерства за надворешни работи го потпишаа пред пандемијата. Оваа година, двете земји во рамки на билатералните односи, успеаа да договорат нова либерализација согласно Договорот за слободна трговија. Се надевам во најскоро време ќе се потпише таа либерализација, бидејќи е значаен поттик за компаниите да можат да извезуваат голем број на производи кои се домашно производство, без царина или со намалена царина“, истакна Бектеши.

Министерот информираше дека Северна Македонија веќе почна промотивна кампања за извозниот потенцијал на македонски производи и дека Украина е голем пазар за македонското вино и земјоделски производи, и во таа насока предложи за можност за промоција, учество на саеми и бизнис форуми.

 

„Ги активиравме трговските односи по пат на измена на Договорот за слободна трговија со цел овозможување на високо ниво на трговска либерализација и олеснување на трговијата, следејќи ги обврските на двете земји поврзани со полноправното членство во Светската трговска организација. Со новата либерализација што ја договоривме за земјоделско-прехранбениот сектор, даваме можност нашите производи да добијат конкурентска предност бидејќи ќе се извезуваат без царина или со намалена царина. Најзначајната работа е што се укинаа квотите кои важеа од склучувањето на договорот за слободна трговија од 2001 година, со оглед дека истите покажуваа секоја година слаба искористеност, сега се дава можност, како што е чоколодото, виното, примарните земјоделски производи да се извезуваат на двете страни без квота и без царина“, рече тој.

Заменик министерот Качка ги презентираше макроекономските показатели на земјата како и економските и трговските податоци помеѓу Северна Македонија и Украина. Напомена дека обемот на трговска размена е под силно влијание на пандемијата и глобалната економија.

„Според статичките податоци билатералната трговија помеѓу Северна Македонија и Украина во 2020 година е со пад од 35 отсто и изнесува вкупно 99,8 милиони евра во однос на 2019 година кога изнесувала 135,8 милиони евра, додека во првите четири месеци од 2021 година изнесува 51 милион евра“, информираат од Министерството за економија.

 

Од Министерството потенцираат дека на крајот на еднодневните работни средби, на кои експертите од двете земји, ги договорија конкретните предлози за остварување на идни цели и за изнаоѓање на решенија за подобрување на условите за економска соработка, беше потпишан Протокол во кој се дефинирани новите можности на идната економска соработка

„Ценам дека наша заложба како ко-претседвачи е да ги подржиме нивните предлози и заедно да работиме на нивно остварување до следната Четврта седница. Ме радува фактот што се договорени конкретни работи. Договорено е се подготви и потпише работна програма за мобилност на научници, професори, стипендисти и др. помеѓу министерствата за образование на двете страни, денес се потпишаа две спогодби: едната за соработка во областа на млади и спорт, втората во областа на карантин и заштита на растенија, потоа пројавен е интерес да се склучи договор или меморандум во областа на стандардизација, метрологија и акредитација, да се продлабочи соработката во туризмот, транспорт, енергетика се одлични можности за соработка“, посочи министерот Бектеши.

По потпишување на Протоколот на меѓувладината комисија од страна на министерот Бектеши и заменик министерот Качка, беше потпишана Спогодна за млади и спорт помеѓу Агенцијата за млади и спорт на Северна Македонија и Министерството за млади и спорт на Украина, а беше потпишана и Спогодба за соработка во областа на карантин и заштита на растенијата.

-Договорот за македонската влада и украинската влада за трговска и економска соработка е потпишан во 1998 година, наведуваат во соопштението од Министерството за економија

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    145 shares
    Share 58 Tweet 36
  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    116 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ