Младинската иницијатива за човекови права бара од Министертсвото за внатрешни работи на Србија и Заштитникот на граѓаните, веднаш да покренат независна истрага за прекумерна полициска бруталност кон демонстрантите на протестите во Белград.
Младинската иницијатива ги повика највисоките државните службеници на Србија, да ги искористат нивните овластувања и надлежности со цел да ги нормализираат општествените односи, а не да придонесат за натамошни конфликти.
Полицијата во Белград ги растера утрово демонстрантите кои од синоќа протестираа по најавата на Александар Вучиќ дека повторно може да биде воведен полициски час поради порастот на бројот на заразени од новиот коронавирус. Во интервенцијата полицијата користеше специјални сили за разбивање демонстрации, полицајци на коњи, во оклопни возила и голем број лица во цивил.
Во видео објавено од Н1 Телевизија, тројца момчиња седат на клупа во Пионирски парк, кога група полицајци им приоѓаат и почнуваат да ги тепаат со палка.
kakav jeziv i nicim izazvan napad na goloruku policiju
— Tibi Habibi 8 (@kazi_tibi) July 7, 2020
Протестот почна пред 21 часот кога се собраа неколку стотици демонстранти, на кои им се придружија неколку илјади по повикот на социјалните мрежи, а група демонстранти ја пробија вратата и влегоа во зградата на Парламент.
За попладнево е закажан нов протест.












