• Latest

Бербок: Владата на Црна Гора е посветена на реформите кои ќе ја донесат во ЕУ

March 4, 2024
Илустрација ВИ

Поради неизвесност на светските пазари, продолжена кризната состојба во снабдувањето со нафта и нафтени деривати

July 17, 2026

Црна Гора од 1 октомври воведува визи за руски државјани во рамки на усогласувањето со ЕУ

July 17, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик се менува во нетранспарентен процес и без јавна дебата: Ниту една партија не покажа интерес за мислењето на јавноста

July 17, 2026

Политичкиот инженеринг на летниот вакуум

July 17, 2026

Која е вашата порака, барање или прашање до политичарите? – граѓаните прашуваат, политичарите (не) одговараат

July 17, 2026

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Бербок: Владата на Црна Гора е посветена на реформите кои ќе ја донесат во ЕУ

March 4, 2024 22:08
in ВЕСТИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Владата на Црна Гора јасно покажа дека е посветена да работи на реформите што ќе ја доведат до Европската унија, изјави денеска во Подгорица германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок. Пренесува МИА.

Таа по разговорите со највисоките црногорски функционери рече дека „до летото оваа година треба да се постигнат привремени услови во поглавјата 23 и 24 (владеење на правото)“ и оцени дека тоа е „силен сигнал до оние кои закаат да го забават тој пат“.

– Европскиот проект е гарант на слободата, демократијата и владеењето на правото. Сакаме да ја искористиме новата динамика и да се движиме рамо до рамо со Црна Гора кон ЕУ. Идната ЕУ мора да ги зајакне своите структури и да го реформира својот процес на одлучување, рече Бербок.

Германската министерка нагласи дека проширувањето на ЕУ е императив, особено по руската агресија врз Украина.

– Нашето „животно осигурување“ е членството во НАТО и ЕУ, и важно ни е Црна Гора да ги има и двете „животни осигурувања“. Работиме интензивно и го зајакнуваме тој пат, изјави Бербок.

– Покажавте лидерство не само во внатрешната политика, туку и во регионот. Важно е направените грешки да се поправат, а тоа важи и за нас и за вас, бидејќи Европа не беше подготвена кога требаше да најде пари за разни проекти, рече Бербок.

Одговарајќи на прашањето за „малигните руски влијанија“, таа рече дека „има и такви кои сакаат да ја ослабат либералната држава“.

Министерот за надворешни работи на Црна Гора, Филип Ивановиќ, на заедничката прес-конференција рече дека Црна Гора „ги цени и внимателно ги следи ставовите на европските партнери и пријатели“.

– Сметаме дека процесот на проширување е реален и остварлив и затоа решивме сите наши капацитети да ги ставиме во служба на европската интеграција на Црна Гора. Тоа е нашата основна цел, изјави Ивановиќ.

Tags: Аналена БербокФилип ИвановиќЦрна Гора
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ