• Latest

Бердзенишвили: Северна Македонија и Грузија споделуваат исти вредности и се многу слични во однос на одбраната на идентитетот, јазикот, етничката припадност

October 4, 2023
Фото: СДСМ

Филипче најави кадровска „чистка“ во СДСМ по вториот круг од локалните избори!

October 26, 2025
Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски до опозицијата: „Не сакам предвремени избори – внимавајте што посакувате, може и да ви се случи… да не биде после лелекање!

October 26, 2025

Курти „падна“ во Собранието – Косово оди кон нов премиер или нови избори?

October 26, 2025

Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

October 26, 2025

Примирје меѓу Тајланд и Камбоџа – договор потпишан со посредство на Трамп во Куала Лумпур

October 26, 2025
Фото: Скриншот од видео на BBC News

САД разгледуваат можност за распоредување мировни сили во Појасот Газа – прашањето денеска на маса во Катар

October 26, 2025

Точно една недела до вториот круг на локалните избори – кампањата влегува во завршница во 32 општини и Град Скопје

October 26, 2025
Фотографија: Скриншот од Фејсбук видео

„Марш на ангелите“ во Кочани: Правдата и вистината да излезат на виделина

October 25, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Независната кандидатка и левичарка Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска

October 25, 2025

Мицкоски очекува 59 градоначалници по завршување на вториот круг од локалните избори

October 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Бердзенишвили: Северна Македонија и Грузија споделуваат исти вредности и се многу слични во однос на одбраната на идентитетот, јазикот, етничката припадност

October 4, 2023 14:36
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Северна Македонија и Грузија имаат многу заеднички работи, делат слични приориритети и погледи. Вие веќе сте членка на НАТО и земја кандидат за членство во ЕУ. Грузија очекува многу скоро да добие кандидатски статус за членство во Унијата и вашето искуство на приближување кон европските институции за нас е многу важно, вели новоименуваниот амбасадор на Грузија за Република Северна Македонија, Отар Бердзенишвили.

Амбасадорот Бердзенишвили деновиве ги предаде акредитивните писма на претседателот на државата Стево Пендаровски со што и официјално ја почна неговата дипломатска мисија, а посетата на Скопје беше можност за средби со официјални лица на кои, како што вели, биле разменети мислења за вредностите што ги споделуваат, билатералните односи, за нивните стратешки аспирациите за членство во ЕУ и НАТО.

Осврнувајќи се на политичките ралации во изминатите три години, тој ја издвои посетата на грузиската претседателка пред 3-4 години прва на висок државен претставник на Грузија на земјава, по што следеше и визната либерализација меѓу двете земји. На средба со новинари, тој се осврна и на можностите за размена на искуствата меѓу двете земји во делот на реформите на патот кон ЕУ.

-Вие веќе сте членка на НАТО и земја кандидат за членство во ЕУ. Грузија очекува многу скоро да добие кандидатски статус за членство во Унијата, и вашето искуство на приближување кон европските институции за нас е многу важно. И затоа сме тука, и го зајакнуваме нашето присуство на Западен Балкан бидејќи сметаме дека тоа е од особено значење за нас. Од друга страна вие воопшто немате присуство во регионот на Јужен Кавказ. Не се познаваме меѓу себе, но ако се свртиме кон историјата и ја истражиме ќе најдеме многу сличности меѓу нашите нации. Тоа се однесува на одбраната на идентитетот, јазикот, етничката припадност, порачува грузискиот амбасадор.

Кога станува збор за новите реалности, вели, двете земји се многу млади со тридецениска историја, поминуваме низ многу тешки процеси, кои за жал, често пати се водени од големите сили околу нас.

-И двете земји имаат свои интереси, и како по некое чудо се уште егзистираат. Како членки на ОН ние малите земји можеме да се обединиме и да зборуваме во еден глас и да се одбраниме и тоа е една од причините за градење мостови меѓу нас, подвлекува Бердзенишвили.

Грузија вели сака да соработка со земјите од Западен Балкан, затоа и се заинтересирани за формат на соработка Грузија плус Западен Балкан, за што веќе покренале иницијатива и најавени се средби на ниво на заменици министри за надворешни работи.

-Ние сме мали земји, не поврзуваат врски, и треба да градиме мостови меѓу нашите општества. Нашите приоритети се прво да се унапредат врските меѓу луѓето, а тоа ги покрива и секторите на академската соработка, ИТ секторот, можностите за водење бизниси, трговската соработка без двојно оданочување, наведува грузискиот дипломат.

Кога ја вршите амбасадорската работа секогаш постои дуален пристап, работите никогаш не се едносмерни, вели Бердзенишвили и признава дека познавањата на земјите една за друга се мали.

-Во изминатите три години од воспоставувањето на дипломатските односи создадена е многу добра основа за нивен развој, а преку работата на двата почесни конзули на Грузија во Северна Македонија, имаме можност да ја видиме, да ја осознаеме визијата на вашата култура, историја, уметност и да ја пренесеме во Грузија, што претставува мост на зближување меѓу двете земји. Важноста на институтот почесен конзул е токму во неговата улога на јавна дипломатија, а не во политичката димензија, подвлекува грузискиот амбасадор.

Инаку, Грузија со 3,6 милиони жители, има БДП од 5000 долари по глава на жител. Тоа е главно земјоделска земја, извозува во значен дел земјоделски производи, најмногу грозје, и е, велат, прва земја во светот по извоз на флаширано вино. Извезува 100 милиони шишиња вино на годишно ниво. Процентуално најголем дел оди за азискиот пазар – 47 проценти, 23 проценти во ЕУ, и исто толку во САД, покрај извозот во Русија.

Поради војната во Украина, Грузија која излегува на Црното Море, со својата геостратешка позиција, стана дел од алтернативната рута низ која се пренасочи трговијата меѓу Азија и Европа. Тоа е таканаречен Среден коридор со кој се бајпасира Русија и многу полесно се доаѓа до пазарите на ЕУ и Западен Балкан.

Една од движечките сили на грузиската економија е и туризмот, каде исто така има потенцијали за соработка меѓу двете земји.

Директна авионска линија меѓу Скопје и Тбилиси нема, но како што вели амбасадорот Бердзенишвили, бизнис реалациите се тие кои ќе ја создадат потребата од нивно воспоставување.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ГрузијаЕУСеверна Македонија
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ