пишува: ПЕТРИТ САРАЧИНИ
Фотографијата од наводен масовен милионски протест во Берлин е лажна вест. Но, многумина го лапнаа кромидот, ладно, јер, „Германија се буди“!
Инаку, Германија е одамна будна. Во Берлин немаше милиони на улица, туку за нивни прилики прилично мал протест од 15-20-тина илјади луѓе, парада на групи на радикали, антиваксери, љубители на теории на конспирации, а богами и екстремисти и нацисти. Резултатот е 40-тина повредени полицајци, и над 100 приведени демонстранти. Сите значајни германски партии ја осудија глупавоста и лудилото, а многу истакнати политичари ги нарекоа овие луѓе што ја порекнуваат логиката и медицината – „ковидиоти“.
Пак ќе ви каже младиќот, преиспитајте си ги вредностите, не се очите тие што читаат. Да не биде не било речено.
(фотографијата е од Цирих)