• Latest

Бесими: Донесен првиот среднорочен буџет, удвојување на растот и намален дефицит на среден рок

December 21, 2020

DDGI им се придружи на светските лидери и мислители на инаугуративниот глобален форум во Лугано

November 11, 2025
Војо Маневски

Буџетот се планира, ама треба и да се полни

November 11, 2025
Knesset, Death penalty bill Israel
Source- screenshot
ILTV Israel News

Израел пред нови поделби: закони за смртна казна и контрола на медиумите

November 11, 2025

Две американски компании од автомобилската индустрија ги затвораат фабриките во Северна Македонија

November 11, 2025
Последиците од нападот со руски дрон врз Днипро, доцна на 16 април 2025 година. Фото: Борис Филатов/Телеграм

Милиони Украинци се соочуваат со темнина и студ по еден од најголемите руски напади врз енергетската инфраструктура

November 11, 2025

Европарламентот ја поддржа целта за намалување на штетните емисии за 90 отсто до 2040 година

November 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Се подготвува нова разузнавачка единица во ЕУ под водство на Урсула фон дер Лајен

November 11, 2025
Фото: Цветан Трипуновски/Фејсбук

Времено стопирана исплатата на средствата од ИПАРД програмата

November 10, 2025
Скриншот од видео на ВВС

ВВС во криза по откритието на Телеграф дека радиодифузерот ги заведувал гледачите при известувањата од САД и со „системската антиизраелска пристрасност“

November 10, 2025
Креирано со помош на ВИ

Вештачката интелигенција – новиот фронт на суперсилите во светската пропагандна војна

November 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бесими: Донесен првиот среднорочен буџет, удвојување на растот и намален дефицит на среден рок

December 21, 2020 16:02
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Економијата се проектира да расте со стапки од 4 – 5 отсто од БДП во следните пет години или двојно повисоки во однос на изминатиот период, додека буџетскиот дефицит или јазот помеѓу приходите и расходите ќе се намалува до 2 проценти од БДП во 2025 година, односно ќе биде под Мастришкиот критериум.

Ова, како што истакна министерот за финансии Фатмир Бесими е наведено во првиот среднорочен буџет кој вчера беше усвоен во Собранието, чиј фокус во 2021 година ќе биде здравјето на граѓаните, економијата и структурните реформи.

-Буџетот има три главни приоритети – здравство, економија и зачувување на стабилноста на работните места, владеење на правото и интеграции. Буџетот е прецизен, егзактен, содржи развојна компонента. Капиталните инвестиции се 26,2 отсто повисоки од актуелниот буџет, 3,4 проценти од БДП или просек кој во подобрите години го имаше нашата земја. За здравството имаме 100 милиони евра повеќе во однос на 2019 година или 40 милиони евра во однос на тековната година. Во образованието имаме зголемување на капиталните инвестиции четирикратно, посочи министерот за финансии.

Буџетот за следната година е буџет за заздравување од кризата предизвикана од Ковид-19, но и поставување на основи за забрзан економски раст во следниот период, посочи вчера Бесими.

Буџетот, како што истакна, се базира на три платформи: A.Фискална консолидација, која до 2025 година треба да го сведе буџетскиот дефицит на 2 отсто, или под Мастришкиот критериум, Б.Стратегија за заздравување и забрзан економски раст, која треба да го удвои растот во следниот период со стапки од 4-5 отсто и C.План за јавни инвестиции 2021-2025, во насока на зголемување на учеството на инвестициите во вкупните расходи и подобрување на нивната реализација. Во буџетот има издвоено средства за поддршка и на граѓаните и на стопанството. За здравство има издвоено 664 милиони евра, социјална заштита 1,47 милијарди евра, образование 465 милиони евра, а за развој на економијата 1,141 милијарди евра.

Вкупните приходи во Буџетот за 2021 година се планирани на ниво од 212,6 милијарди денари и се за 8,3 отсто повисоки во однос на вториот ребаланс во 2020 година, додека расходите се планирани на ниво од 247,5 милијарди денари или за 2,1 отсто пониско во однос на вториот ребаланс. Со тоа буџетскиот дефицит е проектиран на 4,9отсто, или скоро двојно пониско во однос на оваа година. Преку политиките за фискална консолидација се очекува секоја година буџетскиот дефицит постепено да се стеснува, така што во 2022 тој е проектитран на 3,8 отсто, во 2023 -3,2, во 2024 -2,9 и во 2025 година 2 отсто и ќе биде под Мастришкиот критериум од 3 отсто од БДП.

Стратегијата за заздравување и забрзан раст која се темели на четири столба:  економско заздравување од Ковид-19, забрзан, одржлив и инклузивен раст, зголемување на конкурентноста и вмрежување во глобалните синџири на добавување и инвестирање во човечки капитал.

Првиот столб, Економско заздравување од Ковид-19 ги опфаќа приоритетите – заштита на здравјето на граѓаните и социјална заштита на најзагрозените категории од општеството и поддршка на економијата, приватниот сектор и заштита на работните места. Вториот столб – Забрзан, инклузивен и одржлив економски раст се фокусира на добро управување (владеење на правото, сузбивање на корупцијата и подигнување на капацитетот на институциите), фискална одржливост, макроекономска и финансиска стабилност, локален и рамномерен регионален развој, одржлива и здрава животна средина, зелена економија и дигитализација на економијата и јавните услуги, во чии рамки се предвидени различни мерки и активности. Третиот столб – Зајакнување на конкурентноста на приватниот сектор фокусот се однесува на зајакнување на трговските врски и интеграцијата во глобалните синџири на создавање на вредноста, подобрување на деловното окружување и сузбивање на сивата економија, подобрување на пристапот до финансии и адаптацијата на технологиите и модернизација на земјоделството. Во четвртиот столб – Развој на човечките ресурси и еднакви можности опфатени се развој на човечките ресурси (образование, наука и здравство), поголема активност на работоспособното население и социјална заштита и социјално осигурување, во чии рамки се предвидени различни мерки и активности.

Согласно ова, проекциите на среден рок се дека растот ќе се удвои во следниот петгодишен период и тоа 4,6 отсто во 2022 година, 5,2 во 2023, 5,6 во 2024 до 5,9отсто во 2025 година. Во периодот од 2026 до 2030 година се предвидува стабилизирање на просечната стапка на економски раст на 5,75% отсто годишно./МИА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ