Отворен е четвртиот по ред конкурс за краток расказ Бибер за сите афирмирани, но и оние кои досега немаат објавувано, авторки и автори што кои пишуваат на албански, македонски, босански, црногорски, хрватски или српски јазик. Конкурсот е отворен до 1 декември 2020.
Авторите/ките на трите најдобри раскази ќе бидат наградени со парични награди. Најмалку дваесет избрани дела ќе бидат објавени во повеќејазичен зборник. Жирито го сочинуваат Татјана Громача, Антон Беришај и Селведин Авдиќ.
Конкурсот го организира тимот на Бибер со поддршка на Центарот за ненасилна акција Сараево-Белград.












