• Latest

Биди граѓанин на Македонија, биди љубов!

December 9, 2019
Фото: А. Мехмети/ЦивилМедиа

Проф. Андонов поднесе Претставка за противзаконскиот избор на Петар Богојевски за “насловен доцент” на Воената академија

July 4, 2025
Фото: Јован Андоновски/Фејсбук

Андоновски: Данок за неженети? Не за авторитарни реликти во демократско општество!

July 4, 2025
Мерц и Трамп. Фото: илустрација, генерирано со ВИ

Мерц разговарал со Трамп за купување „Патриот“ системи за Украина

July 4, 2025

Маск ја реафирмира идејата за трета политичка опција по спорот со Трамп за буџетскиот закон

July 4, 2025

Премиерски патрдии: Прво данок за бездетност, па може да тера и „Гилеад“, за спас на Македонија!

July 4, 2025

Додик формира резервен полициски состав, ЕУ и Велика Британија предупредуваат на можна ескалација

July 4, 2025

24 ЧАСА: Мицкоски со данок за ергени ќе ја реши демографската криза; Завршени вештачењата за Пулс и Онкологија; Судирите во Србија не стивнуваат

July 4, 2025

ЛАРИСА ДИР: И иднината на Украина и иднината на Северна Македонија е во Европската унија, две држави кои припаѓаат на европското семејство

July 4, 2025
фото: ВИ

Доста време ерген одев!

July 4, 2025
ОЈО/ Фото Б. Ј., ЦИВИЛ

Обвинение против поранешниот директорот на Геријатрија, Мухсин Арифи и неговиот човек од доверба за примање мито од 20.000 евра за болничко згрижување на лице

July 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Биди граѓанин на Македонија, биди љубов!

December 9, 2019 11:36
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: МОНИКА ТАЛЕСКА

 

-Северџаните никогаш не ги разбирале Македонците!
-Немој со нив тие се сдсмовци!
-Со вмровци, никако работа да не фаќаш!
– Абе ајде, шиптари се тие – терористи!
-Ѓупци се и ѓупци ќе останат!
-Пушти ги тие се каури, тие се Македонци…
-Муслиманите се над христијаните …

Овие и вакви слични коментари, и натаму се содржина на разговорите меѓу партиски другари, меѓу роднини на слава, меѓу членови на едно потесно семејство, на мајка и татко кои имаат привилегија и благослов да воспитуваат и градат личност од нивното прекрасно мало бебенце.

Овој е вокабуларот, за жал и на луѓето кои што немале можност низ образование да го шират својот светоглед, но и оние, кои ја имале привилегијата на општеството, па семејството како поимотно им овозможило подобро школување во животот.

Како Македонци имавме среќа во рамките на СФРЈ, прв пат да добиеме држава, прв пат да го градиме својот идентитет, а од 1991 година и како суверена Република Македонија. Патиштата на опстанокот и развојот, доведоа неминовно да се именуваме и како Република Северна Македонија, како услов, за да го продолжиме нашиот развој, нашиот опстој на картата на светот, во општествено-политичката констелација на светот денес.

И се разбира, ниту еден Македонец, не беше среќен, но ја прифати разумно реалноста, со свесност дека така ќе го стопираме можеби поскоро, иселувачкиот галоп, современиот егзодус, кој повеќе од една деценија ја ретчи демографската мапа на Македонија.

И наместо свесно и совесно, да се бориме сите заедно за градење на вистински вредности, за граѓанско општество, со заложби и без поговор, во битката против корупција, криминал, дискриминација, за владеење на законот, за слобода на говор, почитување на човечките и работнички права, висок степен на еколошки „зелени“ вредности на сите полиња, за родова еднаквост … Ние, граѓаните на оваа држава, ние кои чекориме во петтата, шестата и децениите подоцна, наместо да служиме како позитивни модели на новите генерации, останавме во дупките, во калта, пропаднати, со политичка катаратка, со рак во срцето, со кастрирани души, со зло во центарот за љубов, со лаги во стекнатите вештини за снаоѓање, со манипулативни вештини, на примитивно и инфантилно ниво, што проаѓа само еднаш во светот на возрасните, на културата, на цивилизациските придобивки.

Не можев! Не можам! И никогаш нема да можам да го сфатам умот на возрасниот, кој размислува спротивно.

Тој примитивизам, значи целосна алиенација на човекот од својата човечка природа!

А, сега ќе ја раскажам на кратко, мојата приказна како плус вредност во животот, со која што се надевам дека најлесно ќе ги пренесам моите чувства, ставови, интегритет и заложба да се остане првин Човек, а потоа да се биде сè друго!

Имав среќа, или подобро речено огромна привилегија, во еден период од својот живот да работам во невладината организација ЦИВИЛ во Скопје.

Секое утро со насмевка на лицето ме пречекуваше мојата драга колешка чие биро е веднаш во просторијата на влезот. Албанка, атеист, не знам дали е член на партија. На нејзиното биро, многу често и денес има цвеќе, таа е убава, насмеана, вредна, одговорна … свежо подготвените колачи со нејзини раце се превкусни и таа несибично ги прави и ги послужува на своите колеги… Не ретко, ми вареше кафе, па заедно си муабетевме за ќерките, за животот, за работните обврски да ги завршиме подобро. Многу често ми недостига нашето другарство.

Зад неа, беше малиот работен простор на мојот помлад колега Бошњак. Експерт за компјутери, со добро срце, емотивен и културен, внимателен кон своите колеги, да не ги навреди, да не им рече лош збор … секогаш спремен да притекне на помош, особено ако одеднаш компјутерот „ти откаже љубов“.

Потоа ја отвораш канцеларијата што се вика „Љубов“. И во неа работат двајцата други мои колеги. Прекрасни во секој поглед. Едниот, не знам дали е Албанец, Турчин, Хрват … тој беше убавецот на нашата група. Другиот Македонец. Еден на друг се обраќаат со почит и љубов. Никогаш не забележав, ни во најтешките моменти од нашата пренапорна работа, да си кажат неубав збор. Напротив, тие се пример за меѓусебна вечна поддршка, толеранција, разбирање.

Во канцеларијата десно од влезот, пак е сместена мојата колешка, со убавите долги коси. Македонка, праведна, одговорна кон работата, со еднаков третман на сите колеги!

Во големата канцеларија десно пак е секогаш весело. Таму е работниот простор на новинарот – Србин. Во мое време до него седеше новинарот- Албанец. До мене, новинарот и снимател – Ром, па моите помлади колешки, едната од Битола, другата од Куманово, третата од Скопје … И секој од оваа убава дружина е бисер на посебноста на ѓерданот – човечка убост на ЦИВИЛ. Секој со своите интелектуални капацитети, квалитети, почит за своите колеги, професионални вештини …

Дел од нас во ЦИВИЛ и постевме. Но, освен нашата професионална и вокациска посветеност на интернационалните денови на човековите права, на правата на жената, на детето… ги славевме во духот на традицијата, интимно, сите заедно Божик и Велигден, Рамазан и Курбан Бајрам, со ручеци, вечери, весело, со љубов еден за друг…

Сите си помагавме меѓу себе, се почитувавме, разменувавме ставови на сите теми, без табуа …

Со колачите и љубовта од Дијана, го пиевме утринското кафе!

Со вниманието на Деки (Дехран Муратов) полесно ги снимавме прилозите! Со разговорите за правописот со Синиша и Петрит ги пишувавме текстовите! Со Џабир ги дефиниравме темите!

Со Горан агендата за настаните!

Со Соња организацијата на деталите за патувањата!

Со Ермин секој дел од монтажата!

Со Маја англиските преводи!

Со Марија го фаќавме одот во брзината на вестите!

Со Бибе добивавме освен професионални, најубави фотографии во приватните албуми!

Со Маријана одговорноста на завршената работа и искреното пријателство!

…

Македонци, Албанци, Турци, Бошњаци, Срби, Роми …!!!

Ама, кој има време да размислува за тоа! Ние сме луѓе! Почитта и љубовта во нас, еден за друг, желба да направиме заедно подобри услови за живот во оваа земја, и да ги убедиме и другите, дека наместо да се делиме по национална, религиска, партиска основа, побитно е да имаме слобода на говор и мисла, бесплатно здравство, чист воздух, повисока социјална заштита, згрижени бездомници, работа за сите, млади едуцирани луѓе, фабрики што „татнат“, убави и безбедни патишта…

Зашто во секој од нас, срцето има иста градба, со две комори и две преткомори!

Зашто во секој од нас, има можност да тече крв само од четирите крвни групи!

Зашто секој од нас, сака мирен дом, здрави и живи членови на семејството, платени сметки, пари за одмор барем еднаш годишно, покомтен живот…

Зашто сите сме времени жители на планетата Земја! И нашето време е изброено! Нашиот од, секој ден е поблиску до патеката со опредена должина! Секој ден поблиску до последниот здив!

Сите свесни дека наместо во омраза, зло, недругарство, дискриминација …животот треба да го минеме во љубов, разбирање, толеранција, а разликите меѓу себе, само да ни го разубавуваат денот и животот!

Оти, јакнењето на моќта на содржината „нација“, „религија“ е само погубен концепт, кој што значи алиенација на човекот, од својата природа, ограничување на елементарните права и вредности, прифаќање на надмоќ и потчинетост, поле за манипулации, простор за корупција првин на духот,а потоа и на дело …

Оти, вистинските вредности се во човекот, не се надвор од човекот! И додека есенцијата на секој човек не стане љубовта за човекот, не ќе има оптимална почва и корен на ова парче земја, кое е дом на сите нас, кои овде сме се родиле, имаме корени, имаме минато, традиција, култура на раѓање и погребување, на славење слави, чествување …

И колку што ме радува што нашите млади генерации заминуваат во светот, за да се запознаат со наднационалниот и надрелигиски концепт, како единствена политичка перспектива за мултинационалната и мултирелигиска Македонија, толку сум тажна, зашто овие млади, нема да се вратат.

Оти се свесни, дека таму надвор од овие граници, од овие синџири каде се уште „царува“ примитивниот ум, и сеуште има политичари кои манипулираат со гласачите со националистички концепти, во духот на неолиберазлимот, таму надвор од Македонија, таму е животот што тие го сакаат и им треба.

Право на работа, право на плата, право на живот, еко-вредности, наднационален и надрелигиски концепт. Работат со Индијци, Талјандски,Тајванци, Мексиканци … работат со луѓе кои сакаат подобар живот!

Овие млади заминуваат само затоа што бараат современ концепт, можност да го запознаат светот, да уживаат во убавините и разнообразието на разни меридијани, каде се се плаќа со долари и евра, а дома и со пријателите се негува љубовта!

Овие луѓе, кои денес се во Прилеп, утре во Лондон, задутре во Монтевидео … не можете да ги држите веќе на примитивната партиска карта, ниту национална, ниту религиска бариера. Тие се граѓани на светот!

Да се обидеме ние, нивните родители, да бидеме барем достоинствени граѓани на Македонија, на оваа земја.

Да го исчистиме, ако можеме се разбира, злото и пелинот од себе, да ја излечиме катарактата од својот светоглед, да ја тргнеме мувлата од кутиите на животот, и наместо да сме заробени во лажните концепти, да си дозволиме во нас, да „израснат“ хуманите особини, вистинските вредности, та да ги здогледаме височините, широчините, убавините и сонцето што сите, се уште даровито не грее од далечиуните!

извор: Публикум

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • 24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Едногодишен помен

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ