• Latest

Билали: Медиумите треба да се ослободат од политичкиот притисок

February 5, 2018

ДИК: Поднесени вкупно 312 листи на кандидати за градоначалници и 575 листи за советници, најмногу за Град Скопје

September 14, 2025
Фото: Фејсбук Орце Ѓорѓиевски

Скопје гори – Орце си тера предизборна кампања

September 14, 2025
Проф. Оливер Андонов (фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Хаотично заебавање

September 14, 2025

Вината за пожарите Мицкоски ја гледа кај некои центри на моќ во државата, но и надвор, коишто не сакаат оваа Влада да успее

September 14, 2025
Пожар во Трубарево, 13 септември 2025
Фото: Горан Наумовски

Жителка на Трубарево заврши во болница, директорот на ЦУК, полицаец и војник на домашно лекување

September 14, 2025

Наместо политички спинови, Филипче понуди конкретен кризен план по пожарот во Трубарево, мерките да ги прифатат институциите

September 14, 2025

Обвинителството го истражува пожарот во Трубарево

September 14, 2025

ВМРО-ДПМНЕ обвинува без докази и аргументи: СДС(М) и ДУИ палат депонии – Филипче:Ова е надвор од секој здрав разум, наместо решенија, се нудат политички оправдувања и спинови

September 14, 2025

ЗНМ со насоки за новинарите за безбедно известување од пожари

September 14, 2025

Ангелов: Цел сме на хибриден напад со пожарите – Тошковски: Господ не може да ме убеди дека четири пожари на депонии за три дена се случајност

September 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Билали: Медиумите треба да се ослободат од политичкиот притисок

February 5, 2018 16:47
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ Медиа разговараше со Абедин Билали, новинар од Гостивар, на тема слобода на изразување и медиумски слободи. 

ЦИВИЛ Медиа: Што за вас претставува слободата на медиумите и слободата на изразување?

Билали: Ќе почнам од слободата на изразување. Поголема слобода од ова што спроти мене стои колешка којашто ме интервјуира на македонски јазик, а јас и одговарам на албански, нема. Слободата на изразување сигурно дека претставува една од најважните и најдемократските вредности во светот и во нашата земја, таа демократија за којашто до вчера се боревме, секако до тоа ниво во кое нема закана или загрозување на безбедноста на другиот. Слобода во довербата, слобода во изразувањето, во пишувањето на тоа што сакаш да го кажеш, на објавите, бидејќи ние сме од таа професија во којашто секојдневно пласираме и споделуваме информации, секако без заземање страна или став, кога станува збор за нашата мултиетничка држава, и не заканувајќи се врз ничија безбедност или преземање дејствија врз етничка или верска припадност. Сето ова претставува слобода на изразување. Меѓутоа, ако до вчера мислевме дека слободата на изразување во нашата земја на некој начин била заканувана и цензурирана, денес се направени позитивни чекори во овој правец, но, се уште има работа, без активизам, без да се крене првенствено гласот на граѓаните и не само на новинарите, не само медиумите туку и од совеста на граѓаните за да протестираат за работите што не се одвиваат во права насока во општеството, верувам дека слободата на изразување ќе беше мала. Сепак денес имаме позитивна страна, се случуваат промени и гледаме дека и активизмот или цивилното општество се поактивни отколку во минатото. Но, слободата на изразување сепак не е на нивото коешто јас како професионалец го посакува, а и моите колеги го делат истото мислење, додека гледаме закани и напади врз новинари…не велам дека во Македонија нема храбри новинари, би кажал дека ситe сме храбри штом сме се втурнале во оваа професија, но се додека правниот систем во нашата земја не функционира, новинарите имаат обврска да пласираат информации во општеството, да споделуваат со граѓаните, затоа што за нив и постојат. Сакам да кажам дека ако се придржуваме до професионалната етика, новинарската професија ќе продолжи да живее. За мене, слобода на медиумите значи да работиш непречено и да ја споделиш информацијата правилно, и нормално е да има различни мислења, но мора да се влијае врз општеството, затоа што, ако ние не го кренеме гласот за неправдите, најмалку што можеме е да го превенираме злото.

ЦИВИЛ Медиа: Дали до сега како новинар сте имале притисоци од политичките и бизнис центрите на моќ, и како се справувате со тоа?

Билали: Не би рекол дека имало закани од типот на застрашување, но сигурно дека сме имале закани. Секогаш кога ќе им ја закачиш жичката на политичарите или власта, има закани. Се случило да известиме за ситуации што се случувале во Гостивар, но на некого не му се допаднало и сме добивале закани по телефон, или кога ќе се сртенеме на улица, Гостивар е мало место, се познаваме сите, и ќе ти кажат во форма на предупредување, не толку како закана: „ не правете го ова друг пат, не е добро“. На прашањето како сум се справувал со вакви ситуации, ќе ви одговорам дека секогаш се храбрам дека во светот нема новинар што не бил закануван, но кај насе се чини дека само новинарите се тие што им се „пуштаат“ на властите и политичарите и на тој начин сме повоочливи па дури и не нарекуваат предавници. Се храбрам себе, но и моите колеги, посебно младите професионалци коишто ќе се впуштат во новинарските води, да не потпаѓаат на сопките од властите, тие може да им се осветат еднаш, но нивната власт е ограничена, еве кај нас се четири години. Публиката е таа што останува за навек, ти си со публиката и си ја постигнал финалната цел кога публиката е задоволна од твоето информирање, кога не е разочарана од тебе, нема зошто да чувствуваш опасност од заканите, и ако крајната цел тие и тие што ќе останат задоволни, тоа треба да ти биде крајната сатисфакција.

ЦИВИЛ Медиа: Кои се вашите препораки во контекст на подобрување на состојбите во медиумите, но и на слободата на медиумите воопшто?

Билали: Можеби владее впечатокот дека во Македонија нема слобода во медиумите, но јас сепак мислам дека до некаде успеавме да направиме позитивни чекори што се однесува до слободата на медиумите. Меѓутоа, потребна е свесност од одговорните во медиумите, да не пласираат информации спротивни на реалноста, и да не се сокриваат реланите случувања само затоа што тоа го бара бизнисот и политиката. Мислам дека кај нас ќе има слободни медиуми тогаш кога нема да се финансираат од политиката. Ова можеби беше најтешкиот товар во минатиот период, и мојот апел е да се остават на мира новинарите, ако вие имате власт, знајте дека и ние новинарите имаме наша власт, и ако не нѐ оставите на мира, можеби мене или некои мои колеги, ние сме стотици, и нема да ве оставиме на мира.

Маја Ивановска

Камера: Атанас Петровски

Обработка на текст: Дијана Тахири

Фотографија: Вулнет Махмути


Овој проект е финансиран од Европската Унија преку програмата за мали грантови „Заштита на слободата на медиумите и слободата на изразување во Западен Балкан“ спроведена од Здружението на хрватските новинари, како дел од регионалниот проект „Регионална платформа на Западен Балкан за слобода на медиумите и безбедност на новинарите”, спроведена преку партнерство на шест регионални новинарски здруженија – Здружение на независни новинари на Србија, Здружение на новинари од Босна и Херцеговина, Здружение на новинари на Хрватска, Здружение на новинари на Косово, Здружение на новинари на Македонија и Синдикатот на медиуми на Црна Гора.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Абедин Билалислобода на изразувањеслобода на медиуми
Share170Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    155 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
  • (ВИДЕО) AA: Србија денес ја прогласи Северна Македонија за српска територија, Владата го одобри тоа со присуство на вицепремиерот Стоилковиќ

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • Хаотично заебавање

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ