• Latest
Фото: МИА

Бислимоски: Најголемите пекарски компании се законски обврзани да обезбедуваат струја на слободниот пазар

June 19, 2024
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026

CIVIL TODAY – СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ: Кремљовските наративи ја освојуваат Европа преку балканските мрежи за трансмисија

June 23, 2026
Крим, Украина (фото извор: ФБ страница Slava Ukraini)

Крим гори: Украина ги засилува нападите врз окупираниот полуостров

June 23, 2026

Роџер Касале: Најголемиот тест за Енди Бурнам ќе биде војната во Украина и заканата од Русија

June 23, 2026

Второто, восхитувачко лице на Џорџа Мелони

June 23, 2026

Меѓу европските амбиции и „српскиот свет“: СДА бара итна акција додека извештајот на ЕП поминува без јавна и политичка дебата

June 23, 2026
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бислимоски: Најголемите пекарски компании се законски обврзани да обезбедуваат струја на слободниот пазар

June 19, 2024 13:42
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски, коментирајќи го ставот од претставници од пекарската индустрија дека тие во голем дел зависеле од домашното производство и оти со растот на цената на струјата ќе се зголеми и цената на лебот, порача дека големите пекарски компании се законски обврзани да обезбедуваат електрична енергија на слободниот пазар и оти не смеат да бидат снабдувани од ЕВН Хоум.

-Големите пекарски компании во државата, кои обезбедуваат најголем  дел, односно над 90 проценти од потребите за леб, мора да одат на слободен пазар на електрична енергија. Тие никогаш не биле снабдувани од универзалниот снабдувач, рече Бислимовски, на новинарско прашање на прес-конференцијата за 32. Генерално собрание на регулаторите за вода од Европската Унија – WAREG, што се одржува во Скопје.

-Големите пекарски компании во државата, кои обезбедуваат најголем  дел, односно над 90 проценти од потребите за леб, мора да одат на слободен пазар на електрична енергија. Тие никогаш не бил

Со  таквите лажни вести, као што рече, ќе се бори со факти и кажување на вистината.

-Тоа е тоа, мора постојано да се бориме со лажни вести, како и кога почна корона кризата и енергетската криза – дека ќе се зголемувале цените за 200, 300 проценти, дека ќе немаме струја, а ништо не испадна дека е точно. Повторно исти такви експерти почнуваат со лаги, но ние сме тука да се бориме. И тие имаат пристап до медиумите, треба да се покрие одреден прилог, на некој не му е срам да лаже, но тоа е тоа, со лажговци ќе се бориме со факти, рече Бислимовски.

Претседателот на РКЕ потврди дека е огромен трендот на преместување на компании од регулиран на отворен пазар. Ги охрабрува сите мали потрошувачи кои имаат можност  да се вратат назад на слободниот пазар.

-Ако потрошувачката на малите потрошувачи кои биле снабдувани од ЕВН Хоум во екот  на енергетската криза била околу 450 – 500 милиони киловат часови годинава таа ќе падне на околу 220-230 милиони киловат часови.

– Значи околу 250-270 милион киловат часови на мали потрошувачи се префрлена на слободниот пазар  и тоа е сосема логично затоа што таму има поевтини цени и трошоци. Ги охрабрувам сите мали потрошувачи кои имаат можност  да си се вратат назад на слободниот пазар. Ако се зголемат таму цените тоа што се обезбедува од државата, цена од некаде 180 -190 евра, во зависност од тоа какви се случувањата,  повтопрно да се вратат ако има експремни услови, но сега кога  е поевтино не гледа логика да седат на регулираниот пазар. Тоа од друга страна  ни прави притисок за цената на домаќинствата, но овие мали потрошувачи, кафетерии, дуќанчиња, нека си одат на слободниот пазар. Ако не си го искориат тоа право никој не и е крив, укажа Бислимовски.

Во однос на сугестите за намалување на мрежарината ако се зголеми цената на струјата, посочи дека таа се определува на крајот на годината освен ако нема драматични промени.

– Мрежарината ја определуваме кон крајот на годината и така ќе биде и понатаму. Цените на мрежарините ќе ги определиме кон крајот на декември, согласно Методологијата,  освен ако нема драматични промени. Ако увидиме овие неколку денови дека можеме тоа да го направиме ќе го направиме, рече Бислимовски.

За можноста за намалување на цената на мрежарината од 1 јануари вели треба да се види колку ќе бидат загубите, а посочи и дека ќе има нова влада и ново раководство во ЕСМ.

– За од 1 јануари ќе видиме, треба да видиме колку ќе бидат загубите, ако го има овој тренд на намалување на загуби, ќе биде во ред  за електридистрибуција, ЕСМ ги обезбедува загубите, ќе имаме нова влада, ново раководство во ЕСМ, ќе имаат нови визии како да го раководат ЕСМ, може и да ја намалат цената по која што ја нудат на тендерот за загуби, така што до тогаш се е можно, рече Бислимовски.

Укинувањето на овој надомест, потецираше,  ќе значи зголемување на евтината тарифа за 15 проценти, на првиот блок за девет проценти.  – Е сега, очигледно е дека имаме погодени експерти кои имаат по четири-пет стана, кои имаат фотововолтаици на своите куќи и не можам да им помогнам, но да се кажуваат невистини дека таков надомест немало никаде во свет е срамота, рече Бисломовски и посочи дека таков надомест користат држави како Германија, Австрија, Естонија, Малта, Хрватска, од соседството, Црна Гора, Србија, Косово.

Tags: Бислимоскилеб
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ