• Latest

Битиќи – Лорковски: Северна Македонија останува посветена на европскиот план за диверзификација и праведна транзиција од фосилни кон обновливи извори на енергија

June 1, 2022

24 ЧАСА: Оган ја гори Македонија; 6.600 граѓани тргнаа пешки до Сребреница; Нетанјаху го номинираше Трамп за Нобелова награда за мир

July 8, 2025
Фото: ВИ

На збор ЕУ, на дело изолација – Мицкоски ја води Македонија по сопствените црвени линии

July 8, 2025

ЦВАЈ ТАГ, ДРАЈ ПАРАД ПРЕД НАШИТЕ ОЧИ: Огин го гори Чучер-Сандево

July 8, 2025
Фото: ЦУК/ Фејсбук

ЦУК: Во земјава беснеат 9 активни пожари, еден локализиран 

July 8, 2025
Исечок од видео на Радио слободна Европа / Деца од воено силување

Тој повеќе не е невидлив: Приказната за дете родено по силување во војната во Босна

July 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на wocomoMOTORS

Ротердам, најголемото европско пристаниште се подготвува за потенцијална војна со Русија

July 8, 2025
Фото: МИА архива

Советот на ЕУ го одобри пристапувањето на Бугарија во Еврозоната

July 8, 2025
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

Над 6.600 учесници тргнаа кон Поточари во Маршот на мирот по повод 30 години од геноцидот во Сребреница

July 8, 2025
Фото: Оксана Маркарова / Х

Амбасадорката на Украина во САД ќе биде разрешена, потврди извор од Кабинетот на Зеленски

July 8, 2025
Фото: Креирано со ппомошна ВИ

Има ли крај сагата со „раскинувањето“ помеѓу Трамп и Маск

July 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

Битиќи – Лорковски: Северна Македонија останува посветена на европскиот план за диверзификација и праведна транзиција од фосилни кон обновливи извори на енергија

June 1, 2022 10:34
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ
Share on FacebookShare on Twitter

Заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи оствари средба со директорот на Секретаријатот на Енергетската заедница, Артур Лорковски, информираат од владината прес служба.
На состанокот со директорот на Енергетската заедница, Артур Лорковски, кој на оваа позиција е поставен пред околу шест месеци, беа разговарани неколку теми поврзани како со актуелната енергетска криза, така и со реформите кои ние како држава ги преземаме.

Од страна на Вицепремиерот беше потенцирано дека нашата Владата на седница го усвои Планот за енергија и клима на Република Северна Македонија, и дополнително Министерството за економија за околу две недели ќе ги достави измените на Законот за енергетика на усвојување на седница на Влада, за потоа истите да бидат ставени во собраниска процедура.

Директорот на Енергетската заедница сподели информација дека Европската Комисија тековно работи на поставување на цели за обновливи извори, енергетска ефикасност и намалување на стакленичките гасови за 2030 година за земјите членки на Енергетската заедница, во согласност со Планот за декарбонизација усвоен од Министерскиот совет на Енергетска заедница во 2021 година.

Од страна на Вицепремиерот беше истакнато дека како што одминува времето и земајќи ги предвид случувањата во последните две години, станува се појасно дека постигнувањето на таргетите зададени со Парискиот договор, за транзиција од употреба на фосилни горива кон обновливи извори е предизвик за сите земји, и дека секако дел од нив ќе мора да претрпат одредени временски поместувања, но дека Северна Македонија останува посветена на оваа агенда.

Вицепремиерот се осврна и на големите енергетски проекти информирајќи го директорот на Енергетската заедница за статусот на проектите: Хидроелектрана Чебрен, АКУО енерџи како агриволтаична централа и ветерниот парк на германската ВПД. Директорот на ЕЕЗ го поздрави спроведувањето на овие проекти и оцени дека ова се охрабрувачки сигнали за Северна Македонија каде после подолго време се случува изградба на поголеми производствени енергетски капацитети кои истовремено ќе може да се користат и за балансирање на системот.

Вицепремиерот исто така го информираше директорот на Секретаријатот и за досега преземените активности на Северна Македонија во нејзино учество во изградбата на гасниот терминал Александропули, закупувањето капацитет, изградбата на гасната централа, како и интерконекторот со Грција кој на среден рок ќе гарантира диверзификација на изворите за снабдување со гас. Дополнително Вицепремиерот потенцира дека интерконекторот ќе биде изграден со најнапредна технологија со која ќе може да биде пренаменет за транспорт на хидроген кој е енергенсот на иднината.

На крајот на состанокот директорот на Секретаријатот резимираше дека главен приоритет на Енергетската заедница во моментов е основање и ставање во функција на регионален пазар на електрична енергија кој е едно од клучните решенија кои ќе обезбедат стабилно снабдување со електрична енергија на целиот балкански регион, и кое во исто време ќе допринесе кон постабилни цени на електричната енергија и подобро планирање на искористеноста на енергетските капацитети и интерконектори.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ВИ

    24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Канта за смет

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ