• Latest

Битиќи од конференцијата за Зелениот климатски фонд во Јужна Кореја: Од зависност, кон меѓузависност, соработката и солидарноста е нашиот пат напред и успех во справување со климатските промени

September 13, 2022
Фотоколаж: Фб, страна на Христијан Мицкоски/ скриншот од Инстаграм

Додека Лондончани се радуваат на палењето на Божиќните светла, во Скопје се радуваат на ротационите светла на камионите за собирање ѓубре

November 8, 2025
Креирано со помош на ВИ

Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Технички пропусти и култура на некомпетентност (3 дел)

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Избирачкиот список – хроничен извор на недоверба (2 дел)

November 8, 2025
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

„Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

November 8, 2025
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Формален процес без суштински интегритет (1 дел)

November 8, 2025

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

Битиќи од конференцијата за Зелениот климатски фонд во Јужна Кореја: Од зависност, кон меѓузависност, соработката и солидарноста е нашиот пат напред и успех во справување со климатските промени

September 13, 2022 12:52
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ
Share on FacebookShare on Twitter

Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи утрово се обрати на отворањето на втората конференција за глобално програмирање на Зелениот климатски фонд, која ќе се одржува од 13 до 15 септември во Инчеон, Република Кореја, информираат од владината прес служба, објави Greencivil.mk.

Воведно обраќање на отворањето на конференцијата имаше и извршниот директор на Зелениот климатски фонд, Јаник Глемарец.

„Чест и задоволство е да зборувам на отворањето на оваа година Глобална конференција за програмирање на Зелениот климатски фонд. Конференцијата се случува во многу клучен момент за сите нас, на глобално ниво. Не е само енергетската криза што влијае на повеќето економии на земјите во Европа, туку се соочуваме со голема природна катастрофа како што е неодамнешната поплава што го погоди Пакистан или неодамнешниот тајфун што ја погоди Кореја непосредно пред да пристигнеме на конференцијата. Без разлика на обемот, природните катастрофи ќе имаат влијание врз сите наши земји, изјави Битиќи во своето обраќање.

Тој истакна дека наша одговорност како Влади, не е само да подготвуваме политики и стратегии, туку во исто време и да развиваме и усвојуваме одржливи системи кои ќе се справуваат со климатските промени и другите предизвици за заштита на животната средина.

Битиќи посочи дека во текот на изминатите години Green Climate Fund (Зелениот климатски фонд) беше наш поддржувач и сојузник во различни проекти, преку кои реализиравме неколку активности за следење и рационализирање на климатските финансии, кои беа пилотирани и предложени како среднорочно решение, се додека не се обезбедат средства за клима во националните буџети.

Веќе почнавме да работиме на создавање на поволна средина за вклучување на приватниот сектор во климатските инвестиции врз основа на приоритетните сектори во земјата. За да го поттикнеме токму ова, го започнавме процесот на акредитација на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР), да биде првиот национален ентитет акредитиран од ЗКФ, преку кој ќе создадеме поголеми можности за развој и имплементација на проекти поврзани со климата и во исто време и ЗКФ финансирани проекти, истакна министерот.

Тој се заблагодари за соработката со Зелениот климатски фонд како најголем фонд кој се занимава со климатски промени на глобално ниво.

Битиќи спомена неколку проекти на кои соработуваме со поддршката на GCF:

– Проект „Зелени градови“ со поддршка на ЕБОР;

– „Финансиски инструмент за опрема за ладење“ со поддршка на Светска банка, во рамките на кој ќе се формира Национален фонд за енергетска ефикасност; и

– „Глобален суб-национален климатски фонд“ за Техничка помош и капитал

Заедно со земјите од Западен Балкан, сме посветени да работиме кон целите за јаглеродно неутрален континент до 2050 година, преку инкорпорирање на строга климатска политика и реформирање на енергетскиот и транспортниот сектор, преку одредени активности. Ќе спомнам неколку:

– Да се стремиме кон намалување и постепено укинување на јагленот и промовирање на декарбонизацијата во регионот

– Зголемување на можностите за решенија за ублажување и прилагодување кон климатските промени

– Поддршка на шеми за реновирање на приватни и јавни згради, обезбедување соодветно финансирање и зголемување на уделот на обновливите извори на енергија

– Поддршка за развој на паметна инфраструктура, промовирање на поттикнување на иновативни технологии и зајакнување на меѓурегионалната соработка како што е прикажано со иницијативата Зелени патеки/Коридори

Министерот нагласи дека сите овие преземени и планирани акции носат со себе предизвици, секако, но во исто време и можност за зелен раст, можност за создавање зелени работни места и позелена планета.

Глобалните инвестиции за постигнување на целите на Парискиот договор за клима бараат итни дејствија – пред сè – за климатските политики. Политиките треба да бидат придружени со соодветни финансиски текови за да се затвори големиот финансиски јаз на глобално ниво, како и кај земјите во развој, рече Битиќи.

Според него, финансирањето на приватниот сектор за климатска акција е со повеќекратни ограничувања, за кои сме свесни, а во нив се вклучени факторите на страната на понудата и побарувачката, макро-финансиските и микроекономските пречки, високите инвестиции во фосилни горива и ограничувањата поврзани со научни податоци.

Битиќи посочи дека како резултат на овие и други ограничувања, предизвикот останува во привлекувањето финансирање во проекти за ублажување и адаптација. Овие типови проекти најверојатно ќе привлечат мал број на специјализирани инвеститори.

Нашата работа штотуку започна и нема да застане тука, додаде Битиќи. Продлабочување на соработката со Зелениот климатски фонд е нешто за што сме подготвени како и со нашите партнери од ЕУ, различни акредитирани субјекти и земји од регионот во постигнувањето на поставените цели, бидејќи овие цели не може да се постигнат поединечно од секоја земја.

Битиќи се заблагодари на Зелениот климатски фонд за целата досегашна соработка и поддршка.

Тој своето обраќање го заврши со новиот концепт што треба да се развие за заеднички да успееме –

Треба да го напуштиме воспоставениот концепт на зависности и да се префрлиме во нова ера каде меѓузависноста ќе биде нашиот пат напред, и тоа ќе ја катализира климата на иновации: со инвестирање во нови технологии, деловни модели и практики, нагласи Битиќи и додаде дека очекува плодни дискусии и соработки од оваа конференција.

М.Д.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ