• Latest

Битиќи: Охридскиот договор, рамка за меѓуетнички соживот, за рамноправност, заедништво и мултикултурализам

August 13, 2021

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Битиќи: Охридскиот договор, рамка за меѓуетнички соживот, за рамноправност, заедништво и мултикултурализам

August 13, 2021 11:41
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Добри меѓуетнички односи, социјална кохезија, недискриминација и толеранција, нивно имплементирање и континуирано практикување се основните постулати на Охридскиот рамковен договор кој денес одбележува јубилејни 20 години од неговото потпишување, се вели во писмената изјава на вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. по повод 20 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор.

– Сите луѓе во оваа земја заслужуваат да живеат достоинствено, да имаат еднакви права и слободи. Токму затоа е важен Охридскиот договор, бидејќи тој донесе нови можности за сите заедници, за сите луѓе еднакво да се вклучат во развојот на нашата земја. На него треба да гледаме како документ кој претставува основа за остварување на граѓанските права на сите граѓани, независно од нивната националност, и токму затоа сметам дека и понатаму треба напорно да работиме на неговото имплементирање. Затоа што тоа е правилно, и бидејќи е во согласност со современите европски вредности, кон кои тежнееме како општество. Една татковина, едно општество, за сите!, се наведува во соопштението.

Придобивките од Рамковниот договор, се посочува, се видливи.

– Донесени се голем број на закони, законски измени и дополнувања, од кои најголем дел се закони за недискриминација и правична застапеност, потоа во сферата на идентитет, култура, образование и децентрализација на власта, како начин за рамномерен економски развој. На овој начин се осигуруваме дека секој граѓанин ќе добие достоинствен живот бидејќи секој заслужува еднакви шанси, наведува Битиќи.

Охридскиот рамковен договор, додава, е рамка за меѓуетнички соживот, за рамноправност, заедништво и мултикултурализам.

– Иако не потсетува на воениот конфликт, истовремено испраќа порака истиот да не се повтори, и секогаш проблемите да се решаваат на мирен и достоинствен начин. На крајот, Охридскиот рамковен договор ги отвори вратите сите да се чувствуваат рамноправни и сите поддеднакво да се вклучат во развојот на оваа држава, се вели во писмената изјава на Битиќи.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Охридски рамковен договор
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result