• Latest

Блинков, ДИЖС: Еколошки криминал – клучниот проблем координацијата помеѓу институциите

October 28, 2022

24 ЧАСА: Четрстотини невработени ќе гасат пожари за 400 евра; Велев алармира – недозволиво е 5 лица да одлучуваат за терапијата на 40.000 дијабетичари; Трамп со закана за 10% царини кон поддржувачите на БРИКС

July 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на Real News

Рускиот министер за транспорт се самоубил откако Путин го разрешил 

July 7, 2025
Фото: Фејсбук на Азир Алиу

Алиу, еден месец министер за здравство: Граѓаните пријавиле мито, непружање здравствена услуга, игнорирање пациент

July 7, 2025
Украински дронови погодиле руска хемиска фабрика во близина на Москва. Фото: Астра/ Телеграм

Украински дронови погодиле руска хемиска фабрика во близина на Москва, нападната и големата рафинерија во рускиот Краснодарски крај

July 7, 2025
Фото: ЦУК

Прва човечка жртва во пожарот кај „Лепенец“ во Ѓорче Петров

July 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на CBS Morning News

ДеСантис брза да отвори центар за притвор на имигранти во мочуриште сред сезона на урагани

July 7, 2025
Босански бегалци од Сребреничката енклава во камиони на УН

30 години од геноцидот во Сребреница и ризикот од понатамошни злосторства сега

July 7, 2025
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ

Локалните избори ќе се распишат во првата половина на август, нема најава за измените во Изборниот законик

July 7, 2025
Фотографија: МИА

Четиристотини невработени лица ќе бидат ангажирани за превенција и справување со пожари

July 7, 2025
Фото: МИА

(ИЗБОР) Албански медиуми: Опозицијата во Косово не прифаќа ниту тајно гласање, ниту по 43-ти пат не успеа конституцијата на собранието; Ќе се изградат два моста на реката Ибар, Српска листа со петиција против, ЕУ бара инклузивност во процесот на изградбата

July 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

Блинков, ДИЖС: Еколошки криминал – клучниот проблем координацијата помеѓу институциите

October 28, 2022 16:00
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Што е еколошки криминал, колку е распространет, како се регулира, како да се превенира, кој е надлежен за негово санкционирање, кои се последиците и кој ја сноси одговорноста за еколошки криминал, но и предизвиците со кои се соочуваат надлежните органи се теми на кои на Панел дискусијата организирана од Зелен ЦИВИЛ (организациска единица на ЦИВИЛ) говореа  Никола Јовановски, проект менаџер од Центар за правно истражување и анализи и Дарко Блинков, Раководител за аналитика, меѓународна соработка и проекти во животната средина, Сектор за координација  на работата на ДИЖС.

-Веќе 15 години работиме со еколошкиот криминал или криминалот во животната средина. Мислам дека имаме одлични, искусни експерти во сите институции, само ни фали една добра организација. Имаме и водичи и сметам дека се е во рацете на МВР. Битна е и политичката волја, но и да сакаме и да не сакаме, согласно претпристапното членство во ЕУ, од март се отвора скринингот за поглавјето 27 (животна средина и климатски промени), што значи дека ние ќе влеземе во процедура и секој пат овие извештаи како и за директивата за еколошки извештаи ќе не прашуваат до каде сме. Така што сите тие препораки на некој начин значат облигација и по моја оцена мислам дека за не повеќе од шест месеци можеме да се преструктуираме доколку се формира еден таков оддел во МВР и сите овие институции преку овие водичи и стандарно и оперативни процедури бидат вмрежени. Регулаторниот циклус вели дека треба да имаме многу добра организација, добри делови на законодавството, примена и спроведување на законите. Потоа треба да се направат анализи за во иднина што треба да се менува, потенцира Блинков.

-Со измените на Кривичниот Закон кои што беа барани од Извештајот на ЕК од 2020 година се во постапка и ќе дојдеме во ситуација сите овие работи кои ги разговараме денеска ќе мора многу брзо да ги имплементираме. Сепак клучниот проблем сметам дека е координацијата помеѓу клучните институции и потребно е посебно одделение во МВР, бидејќи од тука почнува целата истрага, со тоа што во иднина ќе мора да направиме напор тоа одделение да се искоординира и секако во делот на судството потребна е реорганизација на обвинителите и судиите во делот на специјализирање за еколошкиот криминал, вели Јовановски, проект менаџер од Центар за правно истражување и анализи.

Б. Јордановска

подготви: Д. Варошлија
камера: Дехран Муратов
монтажа: Ариан Мехмети

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ВИ

    24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Канта за смет

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ