• Latest

Близнаците „Мазохизам“ и „Шовинизам“ Vs. сите нас

September 24, 2018
Фросина Кулакова

Васил Јованов призна вина за прегазувањето на Фросина Кулакова

May 9, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Косово се соочува со политичка криза и санкции од ЕУ; Албанија два дена пред парламентарни избори; Рама најави отворање на третото поглавје

May 9, 2025
Фото: Укринформ

Фон дер Лајен: Европа останува сидро на стабилноста во еден свет што се менува

May 9, 2025

Кина потроши милијарди долари за развој на воена технологија; Конфликтот меѓу Индија и Пакистан би можел да биде нејзиниот прв голем тест

May 9, 2025
Фото: МИА архива

Службата за безбедност на Украина разоткрила шпионска мрежа на унгарската разузнавачка служба во Закарпатската област

May 9, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Пакистан отстапува простор за дипломатија пред да одговори на нападот на Индија

May 9, 2025
ПИНКИ ГО ВИДЕ ТИТО По враќањето од Москва Додик сите говори ги завршува со воскликот „да живее Русија“!

Додик: Путин навистина ја разбира позицијата на нашиот народ, Србија и Кина се пријатели кои градат мостови кон иднината

May 9, 2025

Мицкоски: Среќен 9 Мај – Денот на Европа! Македонија припаѓа во Европа, со својот идентитет, култура и визија за иднината!

May 9, 2025
Фото/ Wikipedia commons

Вучиќ на воената парада во Москва и покрај предупредувањата од ЕУ

May 9, 2025
Фото: скриншот МИА

Почнува тридневна национална акција за чистење отпад – „Генералка викенд“

May 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Близнаците „Мазохизам“ и „Шовинизам“ Vs. сите нас

September 24, 2018 15:26
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Не смеете да ја заложите иднината на државата за постигнување на ситни политички поени. Искористете ја приликата да бидете дел од успехот, да докажете дека сте се издигнале над личните и партиски интереси во полза на граѓаните и државата

Лиса Баута – Шаќири

 Нагонот за самоуништување во комбинација со удобноста која ни ја нуди позицијата на „пасивен играч”, или попрецизно – „беспомошна жртва”, нѐ доведува до запечатување на нашата изолација, против која глумиме дека се бориме.

Oткако ни се даде можност, како обични граѓани, со користење на најдемократската алатка – референдумот, да гласаме за отварање на земјата кон светот, и интегрирање во НАТО и ЕУ, ние наоѓаме и создаваме причини да тапкаме во место кое не постои. Не постои, затоа што само привремено, т.е. до 30 септември, можеме да одлучиме дали ќе одиме напред или ќе гниеме доживотно во тоа што трае премногу долго за да се вика транзиција.

Теоријата на „ни прават што сакаат, никој не нѐ прашува” доведе до еден образец на пасивност до степен на атрофија. Тоа јасно се гледаше за време на владеењето на минатата власт, кога дозволувавме да нѐ водат во провалија и изолација. Истиот тој образец нѐ натера да дозволиме од сите пет соседи да направиме непријатели и да се затвориме како во конзерва.

Сега тоа е минато, а правото да одлучуваме за себе е наше. Проблемот во кој бевме заглавени 27 години е на чекор да се реши, непријателството да се претвори во сојузништво, а државата конечно да се отвори кон светот.

Конечно, народот ја доби долго посакуваната државотворна и лидерска позиција. За жал, иако беше ветено од сите изминати влади, понудено во политичките платформи на сите партии – на сите изминати избори, никој не собра храброст да го реши спорот за името. Не верувам дека тоа се должи на некомпетентноста или на непрофесионалноста на нашите експреговарачи и одлучувачи, туку беше алатка за држење на народот да живее во егзистенцијален страв и измислување на проблем, за да се забошотат клучните проблеми во државата. За среќа, сега веке конечно, нашите претставници најдоа доблест и храброст да направат исчекор и да се издигнат над омразата која тлееше речиси 3 децении.

Убедена сум дека теориите против референдумот се користат од група „интелектуалци“ за дискредитирање на политичкиот опонент, или во најмала рака, како реклама за самите себе.

Иако мал дел од граѓаните се против или бојкотираат, сметам дека токму ним треба да им се помогне да разберат неколку работи.

Нема да набројам причини зошто треба да гласаме „за“ на референдумот, затоа што сметам дека на сите ни се јасни придобивките од таквото гласање.

Би сакала да се осврнам на причините кои им се наметнаа на дел од граѓаните за бојкотирање или гласање „против“ на референдумот.

Една од нив е промената на името на државата. Имено, живеевме во држава на која името и почнува со зборот бивша. Како да е тоа некоја древна земја која веќе ја нема, или во најмала рака заглавени некаде во минатото, додека сите земји од тогашна Југославија одат напред!

Ја прифативме таа времена одредница со надеж дека еден ден ќе се најде подобро решение.

Не верувам дека постои разумен човек кој смета дека туку-така ќе можевме да го задржиме името Македонија без придавки и додавки. Тоа јасно се виде уште при започнувањето на првите преговори во спорот со името, за кои се знаеше дека ке завршат со компромис. Впрочем, дел од нас благодарение на токму тој спор, сфати што е „разумен компромис”, и дека уште тогасш претседателот Ѓорге Иванов, за да одбегне новинарско прашање „дали разумен компромис значи промена на името”, кажа дека не може да објасни што е „разумен компромис”. Верувам дека конечно сфатил што е, и видел на дело како се постигнува разумен компромис.

Од друга страна, во „бомбите” јасно слушнавме став на ексминистерот за надворешни работи Антонио Милошовски дека би прифатил придавка или додавка, или во заграда или без заграда…

Тоа е истата политичка гарнитура која до пред некоја недела не можеше да се реши дали ќе гласа против или ќе го бојкотира референдумот.

Второ, исто толку важно, а можеби и поважно, е македонскиот идентитет и македонскиот јазик. Конечно, со Преспанскиот договор се става крај на стравот дека може да се оспори јазикот и идентитетот.

Ова за мене, иако сум Албанка, е многу значајно. Моите сограѓани Македонци нема да се викаат Славомакедонци, Бугари, јужнословени или било какви други (според мене) понижувачки изрази. Ќе се викаат токму како што тие и самите се чувствуваат – Македонци. Оттука, со снемување на стравот за егзистенција, како народ со неспорен идентитет, ќе ја снема и потребата за докажување и чувството на несигурност. И со тоа ќе го снема и дефанзивниот став кој денес веќе прерасна во начин на живот.

Трето, во изминатиот период повторно се отворија стари рани и се продлабочи стравот од Тиранската платформа („Албанците се непријатели”), од поделба на Македонија, и што уште не слушнавме од неколку изопачени умови. Иако веројатноста да бидеме нападнати од било која држава е речиси непостоечка, со членство во НАТО, во најмала рака ќе престане да се продлабочува јазот меѓу двете најголеми етнички групи во Македонија. Конечно, граѓаните ќе спијат мирно, и никогаш повеќе нема да се плашат од потенцијални воени конфликти.

Не постои аргумент кој може да се користи во полза на бојкотирањето, кој истовремено, нема да претставува причина плус за гласање „за“ на референдумот!

Причините од видот – награда или казна за одредена партија или лидер, се крајно небулозни.

Не смеете да ја заложите иднината на државата за постигнување на ситни политички поени. Искористете ја приликата да бидете дел од успехот, да докажете дека сте се издигнале над личните и партиски интереси во полза на граѓаните и државата.

Уште поскандалозен е ставот на одредени албански интелектуалци кои како „одмазда” поради неизедначување на правата на Албанците со Македонците, поради неунапредување на албанскиот како официјален јазик на државно ниво, се желни да бојкотираат референдум кој ни е единствена шанса за ЕУ и НАТО! Каков патриотизам е тоа?! Со кој образ се претставувате како Албанци, кога постојано зборувате дека ние поседуваме европски манири, европски вредности и токму таму е нашата иднина?! Кој е тој Албанец што ќе повика, кога двете албански земји тежнеат кон НАТО и ЕУ, да бојкотираме референдум и да одиме… каде?! Во Кина и Русија? Или, имате некоја друга замисла? Ќе ги земеме на душа и Македонците, Турците, Бошњаците, Србите, Власите, Ромите…, затоа што албанскиот јазик не е официјален?! Ајде де! Ние толку години бевме поддршка за нашите сограѓани Македонци, на кои им беше тешко да го решат спорот со Грците, па заради тоа не успеавме да се интегрираме порано! Сега, ние ли ќе излеземе најголеми патриоти и ќе ја уништиме дрзавата?! Не нѐ личи драги мои, не нѐ личи!

Ќе има парламентарни избори, па тогаш ќе се буниме ако има потреба, пред оние кои се виновни, а не пред ЕУ, НАТО, САД!

Собирањето политички поени и симпатии преку национал-шовинизам е минато. Не пали веќе тоа!

Не сакам да помислам дека е можно бојкотот да биде заради избегнување на обврските кои ќе ни се наметнат со интеграцијата, попрецизно, тие што се однесуваат на конечно справување со корумпираните политичари од високиот ешалон и завладување на правната држава и еднаквост во кривичната одговорност, како во секоја нормална земја-членка на НАТО и ЕУ.

Сигурна сум дека моќта на луѓето со извалкани раце денес е минорна за да може да се направи притисок врз поширокото членство на било која партија. Народот е свесен дека сега е време сите заедно да докажеме дека заслужуваме иднина како секоја нормална земја на нашиот континент. Да докажеме дека не сме „душмани на сите” и дека не се сите наши непријатели.

Да доказеме дека знаеме да се сакаме меѓу себе, дека исто толку ја сакаме и државата. Дека имаме доблест да ги оставиме настрана ниските страсти за повисока цел.

Само тогаш ќе му покажеме на светот колку голема душа има оваа мала земја, а на нашите деца дека и тука можат да изградат дом!


Оваа колумна е дел од граѓанската иницијатива „Зачекори напред!“, финансирана од Фондацијата Отворено општество – Македонија. Содржината е единствена одговорност на авторите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги изразува гледиштата и ставовите на граѓанската иницијатива „Зачекори напред!“

Print Friendly, PDF & Email
Share125Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    124 shares
    Share 50 Tweet 31
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ