Неколку граѓанки и граѓани од Дебар пријавија блокада на патот Маврово-Дебар, доведувајќи го тоа во врска со денешното прегласување во вториот круг на локалните избори во таа општина. Еден граѓанин го извести ЦИВИЛ дека полицијата го блокира патот за да ги спречи жителите на Дебар да дојдат на гласање.
По проверката на овие пријави, мониторингот на ЦИВИЛ дојде до заклучок дека пријавата не е основана и дека патот го блокира приватна фирма заради изведување градежни работи на патот, секој ден од 10 до 16 часот, веќе цел месец.
ЦИВИЛ апелира до граѓанките и граѓаните, а секако и до политичките партии да се служат со факти во известувањето од теренот. Со лажни пријави се урива довербата и се нанесува штета на ресурсите на организацијата која спроведува изборен мониторинг, токму во заштита на правото на глас.