Количината на отпадот во светот може да се зголеми за 70 отсто до 2050та година заради урбанизацијата и растот на популација, а најмногу во Јужна Азија и Субсахарска Африка, објави Светска банка.
“Навистина мора да обрнеме внимание на Јужна Азија и Субсахарска Африка затоа што до 2050та година јужноазијскиот отпад ќе се дуплира, а отпадот од Субсахарска Африка ќе биде три пати поголем, изјави Силпа Каза, експерт на Светска банка за урбан развој и главна авторка на известувањето.
Богатите земји произведуваат една третина од отпадот иако имаат само 16 проценти од популацијата, а една четвртина припаѓа на Источна Азија и пацифичката регија.
Светска банка истотака спомнува дека некои сиромашни земји немаат ниту закони за собирање на отпад.
Големите количини на отпад допринесуваат за глобалното загревање.
Каза истакнува дека еден од големите проблеми претставува обезбедување финансии за собирање и складирање на отпад во градовите.
Во извештајот се наведува дека со зголемување на рециклирањето и смалување на потрошувачката на пластика и фрлање на храна би можело да се допринесе за намалување на вкупната количина на отпад.
Пластиката претставува 12 проценти од вкупниот отпад во светот, наведуваат во извештајот. (ИНДЕКС.ХР)