• Latest
Фото: МИА

Болничарката со конго-кримска хеморагична треска прими прва доза „рибавирин“

August 10, 2023
Руте: НАТО работи на одржување на стабилноста на Западен Балкан

Руте: Лудата агресија на Путин не успева, поддршката за Украина дава резултати

October 24, 2025
Фото: Скриншот

Макрон: Мора да продолжиме да ја зајакнуваме нашата воена поддршка за Украина

October 24, 2025
Општина Аеродром (фото извор: ФБ профил на Н. С.)

Министерството за здравство со препораки и мерки за состојбата со сметот во Скопје: Да се избегнува физички незаштитен контакт со отпадот

October 24, 2025

(ВИДЕО)🎙САМО НЕШТО ДА ПРАШАМ за расистичката изјава на советникот Темелков за Ромите во Неготино

October 24, 2025
Фото: украинска авбасадорка Лариса Дир / Х

Амбасадорката Дир: Нападите врз Херсон го одзедоа животот на 3 луѓе, уште 22 се повредени – меѓу нив и деца

October 24, 2025
People seeking aid in Gaza
Photo source: screenshot AP

Врховниот суд на ОН го осуди Израел за ограничувањата на помошта за Газа за време на војната

October 24, 2025
Фотомонтажа: D. Mi[ev/CIVIL Media. Фото од wikimedia commons

Лукоил – новите санкции на Трамп и неодговорените прашања на ЦИВИЛ

October 24, 2025

ЕК: Фејсбук, Инстраграм и ТикТок го прекршиле Законот за дигитални услуги на ЕУ

October 24, 2025

Анализа на содржина: Пропагандно амплифицирање на Орбановите пораки во „Канал 5“

October 24, 2025
Фото: Meanwhile in Ukraine

Роберт „Маѓар“ Бровди: Пред 69 години Унгарија смело рече „не“ на црвената диктатура…денес Орбан живее со искривена интерпретација на тие настани

October 24, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО

Болничарката со конго-кримска хеморагична треска прими прва доза „рибавирин“

August 10, 2023 15:12
in ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

– Болничарката со конго-кримска хеморагична треска прими прва доза „рибавирин“, информираа денеска во изјава за медиуми од Инфективната клиника.

Започната е терапијата, ќе се дава и наредните четири дена.

– За жал, првата пациентка од штипското село беше дијагностицирана и почината во неколку часа. Значи, не можела да биде спасена дури и да имаше лек до нас. Второто прашање, многу значајно за сите, многу често го слушам, е зошто нашата држава го немала овој лек и зошто купуваме лекови или наоѓаме лекови откога ќе се случат работите. Ова можете да го потврдите и како информација во секоја една од поголемите здравствени организации. Ниту една држава нема ваков тип на лек во залиха. Ниту една. Лекарите, организациите кои работат во решавањето на овие големи или помали епидемии на конго-кримска и други хеморагични трески во ендемските подрачја ги имаат и на ваков начин помагаат кога ќе се јават спорадични случаи како што е нашиот, појасни директорката Милена Стевановиќ.

Во комуникација со колеги инфектолози во целиот регион веднаш по првата информација дека имаме инфекција на конго-кримска хеморагична треска, барале консултации, барале искуства и барале лек.

– Што се однесува на нашата колешка вработена на Клиниката за инфективни болести, таа е стабилна. Влегува во фазата во која се очекува појава на крварење, таканаречена хеморагична фаза. Ноќеска за првпат е забележано лесно, но, е забележано крварење кое се гледа само на избришок од хартија, не е тоа нешто масовна. Меѓутоа, тоа е веќе еден знак за кој треба да видиме под сериозен алерт. Ние пациентката ја гледаме под лупа како со анализите, така и со клиничкото следење. Денешниот конзилиум на колегите на Инфективната клиника е одлучено и проценето дека веќе денеска треба да почнеме со лекот „рибавирин“ кој е донесен во нашата држава. Како ќе се развиваат работите, дали требало порано – не ни требало порано. Се држиме до искуството на оние кои имале највеќе прегледани и лекувани пациенти во светот, не само во регионот, не само на локално ниво – во светот. И сметаме дека сме на добар пат и правиме исправно со секој преземен чекор во смисла на лекувањето на пациентката, појасни Стевановиќ.

Таа беше прашана дали и покрај овој лек, може да дојде до смртен случај.

– За жал, ниту искуствено, ниту напишано во медицинската литература и научни трудови преку кои ние ги искажуваме нашите клинички искуства не е никаде срочено, ниту преку проценти е некако изразено колкав е бенефитот, односно со колкав процент е преживувањето на третманот на овие пациенти се зголемува со давањето на лекот. Ниту еден колега, ниту напишан труд не го цитира и не го кажува. Целта е да се помогне, да се пренапрегне пред кризните моменти во развојот на болеста и со се она што е на располагање како искуство да го спроведеме, а дали тоа ќе биде со висок ефект ние тоа не можеме да го кажеме. „Рибавиринот“ е антивирусен лек и целта е да се спречи размножувањето на вирусот, да се намали неговата моќ, наједноставно кажано. Овој лек ние порано сме го имале, и сме лекувале хроничен хепатит ц како составен дел на терапијата со интеферони. Го немаме повеќе затоа што третманот на хепатит ц веќе одамна е комплетно променет и таквиот третман е исклучен од употреба, одговори Стевановиќ.

Прашана дали може да настанат компликации од овој лек, таа одговори дека станува збор за несакани ефекти. Вели дека би можело да има и несакани ефекти и заради тоа во конзилијарното делување во лекувањето на пациентката во континуитет е вклучен и трансфузиолог и хематолог.

Претседателот на Комисијата за заразни болести Злате Мехмедовиќ рече за МИА дека Комисијата апсолутно стои зад сето тоа што е направено од страна на Институтот за јавно здравје, мерките што се преземаат и препораките што се даваат, нагласи тој.

Не треба да се крева паника во однос на новата состојба со конго-кримска хеморагична треска, подвлече тој и додаде дека не очекуваат да има повеќе случаи во блиска иднина.

Oд она што го виделе, како што додаде тој, првиот случај е случај на директно заразување, а вториот е веројатно на пренесување преку контаминирана крв.

Во првиот случај со директно заразување, почина 27-годишна пациентка, по инфекција со каснување од крлеж.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: конго-кримска треска
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    125 shares
    Share 50 Tweet 31
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ