Бомбаш самоубиец уби најмалку 12 лица, а рани 27 пред судската зграда во главниот град на Пакистан, Исламабад, во вторник, изјави пакистанскиот министерот за внатрешни работи Мохсин Накви, објави Ројтерс.
Нападот се случи неколку часа откако бомбаш самоубиец уби три лица, а милитантите упаднаа во воено училиште на северозападот од земјата.
Според Ројтерс, сè уште нема информации кој е одговорен за двата напади.
„Судскиот“ бомбаш го погоди близу влезот на еден од пониските судови во Исламабад околу времето за ручек, кога областа е обично преполна.
Според фотогарии на локалните медиуми, прикажани се луѓе облеани во крв како лежат покрај полициско комбе. Едно возило беше видено во пламен, а друго возило беше тешко оштетено. Полицијата го опколи местото.
Накви рече дека бомбашот се обидел да влезе во судската зграда пеш, но го активирал уредот надвор, близу до полициско возило, откако чекал таму 10 до 15 минути.
Напаѓачот го нападна полициското возило, изјави тој за новинарите на местото на настанот.
„Го истражуваме овој инцидент од различни агли. Не е само уште еден бомбашки напад. Се случи токму во Исламабад“, рече министерот.
„Кој и да е вклучен, локалното население или од други земји, нема да биде поштеден.“, порача Накви.
Д. Т.












