Во Босна и Херцеговина односно во Федерацијата БиХ денеска се одбележува Денот на државноста, кога пред 26 години во земјата се одржа референдум, на кој нешто помалку од 64 проценти од граѓаните се изјаснија дека сакаат да живеат во „суверена и независна БиХ, држава на рамноправни граѓани, народитена БиХ – муслимани, Срби, Хрвати и други припадници на народите кои живеат во неа.
Република Српска не го празнува денешниот ден, бидејќи мнозинството верува дека тогаш почнала војната во БиХ и оти референдумот за независност бил нелегален.
Земјите-членки на Европска заедница ја признаа БиХ на 6 април 1992 година, а еден ден подоцна истото го направи и САД. БиХ на 22 мај 1992 година беше примена како полноправна членка на Обединети нации.
Парламентот на 28 февруари 1995 година одлучи 1 март да се прославува како Ден на независноста на БиХ.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.