Советникот во Општина Охрид, од редовите на ДУИ, Нефи Усеини, како и неговиот брат Ибро Усеини, ќе се бранат од слобода. Двајцата, на 26 август се предадоа на охридската полиција, која по нив трагаше една недела.
Неофицијално, охридскиот суд им дозволил на браќата Усеини да се бранат од слобода, акако гаранција е понуден недвижен имот во вредност од над 800 илјади евра.
Поради физички напад над нивниот сограѓанин Спиро Топаловски, тие се осомничени за кривичните дела насилство и неовластено поседување оружје, иако оштетениот Топаловски потоа го смени исказот.
Браќата Усеини претходно нудеа гаранција од 30 илјади евра за да се бранат од слобода, но не добија дозвола од Апелација.