• Latest
Војо Маневски

Бричење на суво

April 8, 2022
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Бричење на суво

April 8, 2022 09:28
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Војо Маневски

Војо Маневски

Share on FacebookShare on Twitter

ВОЈО МАНЕВСКИ

Ако во последната колумна ја третирав операцијата на шишање на граѓаните во таковината ни, си најдов замерка што не ја спомнав поубавата половина на попишаните граѓани поточно граѓанки. Моите познавања од таа тема се на многу ниско ниво, а и ми недостасува храброст да пишувам за женската убавина. За оваа тема ќе се послужам со мислата на еден мој исписник кој вели „порано имаше и убави девојки и помалку убави, ама кога поминав одреден број на години на овој свет, сите жени ми се убави“. Затоа темата со фризирањето на женскиот свет ќе ја оставам на оние што имаат многу повеќе познавање од мене и по истенчен вкус.

Како се мери расположението на граѓаните околу некоја тема? Намерно велам дека се работи за расположение, зошто мислењето е долг процес и не може адекватно да се објасни во краткиот термин за време на анкетата. Анкетата и можеби не е толку важна, колку што се важни коментарите после неа. Посебно објавите на социјалните мрежи од партиските навивачи и консументи. Ме потсетуваат на една реченица на покојниот Витезовиќ кој велеше: „на Балканот сите се во потрага по некоја круна или престол „нека е како напрсток, ама нека е круна и троношчето може да биде престол, ако на него седи самонаречен крал“.

Анализите на анкетните податоци се за експертите кои тоа го следат а јас само малку ќе паламудам  околу тоа и околу бричењето. Бричењето е ритуал после кој не е само избричена брадата туку и лицето на бричениот светнува, размрдани се сите мускули на лицето и после тоа целиот негов  израз е некако поубав, ако не и по личен.

Редот до берберското столче некогаш може да се оддолжи и  кандидатот мора да се послужи со некој од весниците закачени на посебен држач за „новини“ за да остане во редот. Сакал не сакал се придружува на важните општествени разговори. Исто како кога влегува во основната организација на некоја партија. Добива некое столче во последниот ред, ама веднаш го трасира патот до раководната позиција или околу неа.

Кога дојде на ред, изразува желба за бричење а берберот  го седнува на столчето и рацете ги натопува со топла вода. (Некогаш тоа се правеше со посипување од чиракот со топлата вода што се загреваше на шпоретот во ќошето.) Следува операцијата масирање на лицето, небаре се испитува квалитетот на подраснатата брада и дебелината на влакното. Ако се работи за подолга брада, што од поодамна не е третирана, тогаш постапката има предигра со машинка или ножици. Мајсторот со ладна вода повторно поминува низ образите и подбрадокот за да се раздвижи крвта, како што стручно објаснува.

Исто како состаноците на партиските тела. Прво се чита дневниот  ред и се масираат присутните околу партиските задачи, кои се забораваат по состанокот и се памети само обврската да се биде присутен на следниот настан за да се остане на  кадровскиот список.

Е во процесот на бричење доаѓа круцијалниот момент и прашањето.

Да насапунам или на суво се бричите­?

Ако е мајсторот  некој од градските мајтапчии, веднаш ја  сервира приказна за храбрите личности што само на суво се бричеле. Не е лесно да се одолее на споредбата посебно ако амбициите се сонувани подолго време. Многу често одговорот е „се разбира дека ќе се бричам на суво“.

Следството во дејствието е многузначно иако навидум се работи за обично бричење. Добро наострениот „брич“ мајсторот прво го води во правец на растењето на брадата. Мал е отпорот и освен мало црвенило на кожата, други последици нема. Тоа е постапката кога се бричат образите. Ако тие се пополнети и кожата е затегната сѐ оди мазно но ако се работи за истрошено и западнато лице со виснати образи тогаш прстот на мајсторот е нужен за порамнувањето. Некогаш за таа улога мора да навлезе и во усната шушлина но тоа е данокот на бричењето и разубавувањето на лицето.

Кога дојде на ред подбрадокот, мајсторот започнува некоја страшно важна тема и започнува да бричи во „контра“ на правецот на влакната. Ако наиде некоја кривина на тој пат често знае и да се раскрвави бричот и да следува стискање на забите и долго извинување на мајсторот. Некогаш и солзи потекуваат ама машките солзи се такви, од зорт потекуваат. Ако муштеријата го издржи првиот зафат тогаш следува замивање со ладна вода ,колку да се соберат малите влакненца од бричењето на суво и да се освежи пациентот. Некако во тој стадиум бричениот сваќа дека баш и не е за носење на бремето од големите личности што се бричеле на суво и почнува да се колеба.

-Мајсторе, да ми се одмори малку лицето сува ми е нешто кожата па да не излезам црвен како рак во јавноста. Се бара начин да се размисли во паузата до следниот чекор во операцијата и последиците од бричењето на суво.

Споредбата со резултатите во анкетите, кога новите лидери сфаќаат дека поддршката од под десет отсто  се повеќе заличува на бричење на суво или купување на приказна која и на претходникот му е продадена кога седнувал на „берберското столче“

Во процесот на бричење настапува пресудниот момент кога бричениот тешко ја поднесува постапката и милозвучно му се обраќа на берберот

-Мајсторе, јас се уште не сум како таквите величини што се бричеле на суво ај ако може малку од пената да ме намачкаш.

Овде се прекршува  патеката на одлучноста и принципиелноста на бричениот муштерија. Следува малку пена на лицето па полека бричење и на контра и во право а лицето добива изглед на просечно бричен политички активист на нашата политичка сцена. Следува лосион од типот на „покосено сено“ па масажа на напатената кожа и на крајот „помада  Нивеа  крема“. Со крпата следува ладење на лицето и темелно огледување во огледалото за секој случај да не се заликува на посочениот пример на бричениот на суво.

Ете така ми изгледа состојбата  после анкетата за довербата во политичките партии и нивните лидери. Две третини од граѓаните немаат мислење  не сакаат да го кажат или не сакаат воопшто да размислуваат на таа тема .За љубителите на светските заговори слободен е просторот за замена на ликовите што ги третирав. Пр. амбасадорите на големите сили како бербери и сл.

Сепак и тие очигледности при бричењето на суво, нема да ги спречат партиските штабови да прогласуваат победа .Можеби тие поддржувачи и не се бричат ,носат бради што само ги фризираат и обликуваат ама бричот не го подведуваат до својот врат и лице. Бричењето е за некој друг.

А работата е и во бричењето. Оној што ќе издржи да се бричи на суво и покрај малку крвавото лице и црвенилото на кожата ќе го издржи целиот процес па со лузните ќе излезе пред граѓаните да ја покаже својата принципиелност и способност да го носи товарот на сите што таа постапка достоинствено ја издржале и крстот што сам треба да го носи,  може да очекува двоцифрен број на анкетите.

А како  се бричени граѓаните ? Е тоа е лесно за одговор. На суво братче на суво, зошто ништо мазно не сѐ виделе досега па не е добро да се заучуваат на леснотии. После бричењето нема лосион туку домашна комова ракија, колку да помине црвенилото од бричењето НА СУВО.

 

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ