• Latest
Фото: МИА

Брисел преку Охрид ќе се обиде да ги приближи Белград и Приштина

March 17, 2023
Фотографија: Скриншот од Фејсбук видео

„Марш на ангелите“ во Кочани: Правдата и вистината да излезат на виделина

October 25, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Независната кандидатка и левичарка Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска

October 25, 2025

Мицкоски очекува 59 градоначалници по завршување на вториот круг од локалните избори

October 25, 2025

Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

October 25, 2025

Најголемиот американски воен брод, авиони, беспилотни летала и маринци се распоредуваат околу Венецуела

October 25, 2025

Камала Харис: Можно е повторно да се кандидирам за претседателка на САД

October 25, 2025

Религијата како оружје

October 25, 2025

Урсула фон дер Лајен: ЕУ развива план за намалување на зависноста од критични суровини од Кина

October 25, 2025

Турција најверојатно ќе биде исклучена од планот за стабилизација на Газа по противењето на Израел

October 25, 2025
Фото: Х

Литванија ги затвори аеродромите и граничните премини со Белорусија поради временските балони

October 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Брисел преку Охрид ќе се обиде да ги приближи Белград и Приштина

March 17, 2023 10:52
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ и косовскиот премиер, Албин Курти утре треба да се сретнат во Охрид, за да ги продолжат разговорите за договорот за патот кон нормализација на односите. Состанокот во Охрид е продолжение на дискусијата што двајцата лидери ја имаа на 27 февруари во Брисел, на која го договорија текстот на првичниот план.

Европската унија очекува на средбата да се договорат за имплементацискиот анекс на договорот, што се смета за составен дел на документот. Жозеп Борел, високиот претставник за заедничка надворешна и безбедносна политика на ЕУ и Мирослав Лајчак, специјалниот пратеник на Унијата за дијалогот меѓу Белград и Приштина, ќе се обидат на Вучиќ и на Курти да им ги приближат решенијата што ги предлага Запад.

– Доколку тоа се случи… тогаш Западниот Балкан ќе слави голем чекор напред кон патот на Европската унија, рече Борел вчера во Тирана, каде што учествуваше на состанокот на Советот за стабилизација и асоцијација ЕУ – Албанија. – Договорот ќе ги постави нивните односи на нова поодржлива основа и ќе обезбеди дека дијалогот ќе продолжи на неговата траекторија кон целосна нормализација, рече Борел, повторувајќи ги неговите објавени блог-коментари.

Предлогот на ЕУ за нормализација на односите Белград – Приштина, претходно познат како француско-германски план, не ја обврзува Србија формално да ја признае независноста на Косово, но двете земји меѓусебно ќе ги признаат документите на другата страна, како што се пасошите, дипломите и регистарските таблички.

Според планот, Србија, исто така, нема да се спротивставува на членството на Косово во која било меѓународна организација.

Претходно вчера, специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар, изрази оптимизам дека оваа година може да се постигне договор за нормализација на односите меѓу Србија и Косово. – Мислам дека тоа е сосема можно, рече Ескобар, додавајќи дека предлогот на ЕУ е првенствено договор за нормализација, а не за признавање на независноста на Косово од страна на Србија.

– Американскиот став е дека Косово е независна држава со територијален интегритет и суверенитет. Ние, исто така, веруваме дека регионот ќе има корист од меѓусебното признавање, но не станува збор за тоа, додаде Ескобар.

Косово прогласи независност од Белград во 2008 година, што беше призната од повеќето земји на ЕУ, со исклучок на Грција, Шпанија, Романија, Словачка и Кипар.

Од 2011 година Србија и Косово се ангажирани во дијалогот инциран и предводен од Брисел. Во 2013 година тогашните премиери на двете земји, Ивица Дачиќ и Хашим Тачи, го постигнаа т.н. Бриселски договор, но многу елементи од него останаа неимплементирани до денес.

Главниот камен на сопнување во процесот е формирањето на Заедницата на општини со српско мнозинство во Косово, што Приштина одбива да го спроведе, стравувајќи дека тоа ќе создаде ентитет сличен на Република Српска во земјата, што потоа ќе ја загрози нејзината функционалност. Меѓународната заедница инсистира Косово да ја спроведе преземената обврска и да ја формира заедницата.

Српскиот претседател Вучиќ вчера изјави дека во Охрид не треба да се очекува судбоносен ден, дека од Брисел се уште не пристигнал нацрт за тоа што сака ЕУ, како и оти Србија ќе продолжи да работи со Европската унија без да се откаже од „црвените линии“.

Тој во обраќањето пред патувањето за Охрид истакна дека одредени медиуми објавиле наводен „таен план“ за имплементација на договорот, со нагласок дека тоа не е вистина, туку „список желби на албанската страна“.

Нормализирање за Вучиќ е „да имаме подобри основи со Албанците, дека решаваме безброј проблеми и се трудиме да живееме колку што можеме повеќе заедно, ако не тогаш еден до друг“.

Меѓу другото, Вучиќ синоќа изјави дека официјален Белград ќе инсистира Заедницата на српските општини да се формира во согласност со веќе потпишаните документи, особено осврнувајќи се на документот од 2015 година, кој гарантира дека Србија има надлежности во делот на здравството, образованието, руралниот и урбан развој, просторното планирање и економскиот развој.

Косовскиот премиер, Албин Курти, смета дека основниот договор меѓу Косово и Србија претставува напредок кон взаемно признавање меѓу двете држави. – Сметаме дека целосната нормализација на односите бара такво признавање како централна точка на договорот, вели тој.

– На трилатералниот состанок во Брисел на 27 февруари, понудив да го потпишам основниот договор во име на Република Косово. За жал, претседателот на Србија одби. Тој го објави одбивањето јавно по напуштањето на состанокот, рече Курти, додавајќи дека се надева оти тоа не значи дека Вучиќ не се согласува со содржината. – Овој основен договор кој го предложија 27-те земји на ЕУ, е основа за да се оди напред и се надеваме дека конечно ќе го постигнеме на 18 март, рече Курти.

Веќе е објавена и агендата на разговорите во Охрид. Прво се предвидени одвоени средби на високиот претставник за заедничка надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Борел, и специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Лајчак со двете делегации, а потоа е предвидена и заедничка средба. По завршувањето на средбите во вилите „Билјана“ и „Охрид“, најавено е обраќање на Борел пред медиумите.

Инаку, во Охрид се вршат последните подготовки за престојната средба. Покрај редовното обезбедување што е засилено при вакви гостувања на државници, полицијата веќе ги отстрани „лежечките полицајци“ од главната сообраќајница во градот, булеварот „Туристичка“ каде ќе минуваат делегациите, а се уредуваат и зелените површини во централното градско подрачје. 

Фото: МИА Архива

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ