Британската вицепремиерката и министерка за домување, Анџела Рејнор денеска поднесе оставка откако призна дека платила помалку данок за нејзиниот нов дом.
– Длабоко жалам за мојата одлука да не барам понатамошни даночни совети. Преземам целосна одговорност за оваа грешка, напиша Рајнор во писмото упатено до премиерот Кир Стармер.
Рејнор основала фонд за еден од нејзините синови, кој е хендикепиран, а потоа го продала својот удел во семејната куќа на северот од Англија на фондот за да купи стан, верувајќи дека нема да мора да плати повисока даночна стапка при купување на друг имот.
Стармер одговори дека жали поради тоа што нејзиниот мандат завршил со оставка, додавајќи оти Рајнер донела исправна одлука.
Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Лами е назначен за заменик-премиер.
Лами ја напушта функцијата министер за надворешни работи, а негов наследник ќе биде министерката за внатрешни работи, Ивет Купер, објави политичката уредничка на весникот „Гардијан“, Пипа Крерар, на социјалната мрежа Х.
Доколку биде потврдено, назначувањето ќе стане најзначајната промена досега во владата на британскиот премиер Кир Стармер, јавија британските медиуми.
Според нив, Лами ќе биде заменик-премиер и министер за правда.
Се очекува актуелната министерка за правда Шабана Махмуд да ја наследи Купер на функцијата министер за внатрешни работи.
Рејнор е осмиот висок функционер, кој ја напушта Владата на Стармер.