Руските сили се подготвени само да преземаат ограничени локални напади, но во наредните месеци иницијативата на фронтот ќе оди на страната која ќе успее да генерира кредибилна сила за офанзивни операции, соопшти на Твитер Министерството за одбрана на Обединетото Кралство во последното ажурирање на разузнавачките информации, пренесува Укринформ
„Малку е веројатно дека ситуацијата значително ќе се промени во следната недела. Руските сили, засега, веројатно се подготвени само да преземат ограничени локални напади, кои ретко вклучуваат повеќе од чета на војници. Сепак, во текот на следните месеци иницијативата ќе оди кај онаа страна која ќе успее да генерира кредибилна, посветена сила за офанзивни операции“, се вели во извештајот.
Во извештајот понатаму се вели дека минатата недела се забележани само минимални промени во територијалната контрола долж линијата на фронтот. Во регионите Луганск и Доњецк, по малите напредувања од почетокот на август, руските сили се приближија до периферијата на градот Бахмут, но сè уште не упаднале во населената област.
„Русија не направи големи напори да напредува во секторите Запорожје или Харков. На југозапад, ниту украинските ниту руските сили не напредуваа на линијата на фронтот во Керсон“, се вели во извештајот.
Сепак, британското министерство рече дека се почестите експлозии зад руските линии веројатно ја погодуваат руската логистика и воздухопловните воени бази на југот.
Latest Defence Intelligence update on the situation in Ukraine – 20 August 2022
Find out more about the UK government’s response: https://t.co/9EDrOaMxXc
?? #StandWithUkraine ?? pic.twitter.com/4xXGVhHrl2
— Ministry of Defence ?? (@DefenceHQ) August 20, 2022
На 19 август руските трупи гранатираа шест региони на Украина. Во регионот Керсон, непријателот се обидува да ја повлече гривната од оптек и ги запленува терминалите за плаќање.
Подготви: Д.Мишев