• Latest

Бугарски интелектуалци контра меморандумот на Софија, Заев не очекува блокада од Бугарија

October 6, 2020

Судот во Бања Лука бара појаснување од ЦИК за статусот на Додик во неговата партија СНСД

November 4, 2025
Скриншот од Фејсбук видео на  Централната команда на САД

(ВИДЕО) Централна команда на САД: Оперативци на Хамас ограбуваат камион со помош – дел од хуманитарен конвој за Газа

November 4, 2025

Европската комисија во својот извештај посочи дека Северна Македонија изминатава година не презела „решителни чекори“ за напредок во преговорите за членство и се уште не ги усвоила уставните измени

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025
Скриншот од видео на ABC News (Australia)

Скандал го тресе Израел: Главната адвокатка на војската уапсена поради протекување на видео за малтретирање на палестински притвореник

November 4, 2025
Скриншот од видео на Воздушните напаѓачки сили на Украина/Фејсбук

Руските сили убиваат невооружени цивили кои одат со бело знаме во регионот Харкив

November 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на
CRUX

Резолуцијата на ОН за меѓународни стабилизациски сили за Газа би можела да биде готова за две недели, во меѓувреме, насилството во Газа продолжува

November 4, 2025
Ф-16. Фото: Скриншот

Романски и германски авиони реагираа на руски напади близу границата со Украина

November 4, 2025

Европа зборува, Северна Македонија стои

November 4, 2025
Фото: МИА архива

Извештај на ЕУ: Украина мора да ги забрза реформите за да ја исполни целта за пристапување во ЕУ

November 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Бугарски интелектуалци контра меморандумот на Софија, Заев не очекува блокада од Бугарија

October 6, 2020 09:57
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Софија демонстрира  застарени сфаќања и изнесува неодржливи и наивни тврдења против Северна Македонија. Потребна е фундаментална промена на парадигмата во историското размислување. Ова се вели во заедничкото писмо потпишано од триесетина бугарски историчари, научници, универзитетски професори и јавни личности, упатено вчера до јавноста, против меморандумот што Бугарија го испрати до земјите членки на Европската Унија во кој се изнесени сериозни тврдења и црвени линии на патот на Скопје кон ЕУ.

Во писмото „Европа не нè разбира“, што го пренесе „mediapool.bg“, потписниците сметаат дека меморандумот не ги рефлектира достигнувањата на голем број бугарски историчари во последните децении, а е неразбирлив и за Европа.

– Не гледаме како Европа може да ги разбере тезите на некои институционално влијателни бугарски научници кои не зборуваат на јазик ниту на модерна историографија ниту на современите хуманистички и општествени науки. Меморандумот не ги одразува принципите и вредностите врз кои е изградена Европската Унија, велат во писмото. Потсетуваат дека неодамна копретседавачот на Заедничката бугарско-македонска мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања Ангел Димитров изјави дека бугарскиот меморандум ги одразува достигнувањата на „бугарската историска наука“, а пред неколку дена, пак, членот на споменатата комисија Иван Илчев се пожали во бугарските медиуми дека „Европа не нè разбира“.

Поддржувачите на позицијата против меморандумот не се согласуваат Северна Македонија да се претставува како земја што не „се справува со сопственото минато“.

– Не сметаме дека единствениот историографски проблем е „идеолошкото наследство“ од „комунистичка Југославија“. Друг проблем е доминацијатата на наджиевеаното, романтично и митолошко историографско размислување во самата Бугарија. Не веруваме дека процесот на формирање на македонската нација, со сите нејзини специфики, фундаментално се разликува од начинот на формирање на другите нации, ниту пак сметаме дека може да се сведе на формулата во меморандумот за „етнички и јазичен инженеринг“. Се спротивставуваме и на претставувањето на македонската нација како плод на „југословенска пропаганда“, наведуваат потписниците на писмото.

Тие сметаат и дека наводите во меморандумот за идентитетот на „преовладувачкото мнозинство на словенското население во Македонија“ се историски наивни и не одговараат на достигнувањата на модерната историографија, социјалната и хуманитарна наука. Според нив, тие наводи се предмет на застарено разбирање на „националната историја“ што е несоодветно во однос на критичката историска наука денес.

– Свесни сме дека сите стандардизирани јазици се во извесна смисла вештачки колку што литературната норма секогаш интервенира во говорните дијалекти и одредува кои елементи од нив се „точни“ и кои „неточни“. За нас, тврдењата за датумот на раѓање на една нација и јазик се научно непоткрепени и се спротивни на достигнувањата на историската наука, како и на општествените и хуманистичките науки воопшто. Иако го прифаќаме концептот на „заедничка историја“, ние се спротивставуваме на неговите елементарни толкувања, како и на неговата употреба за наметнување единствен наратив – во овој случај, официјалната приказна за минатото во Бугарија, подвлекуваат потпишаните бугарски интелектуалци.

Истакнуваат дека тврдењето за заедничка историја до 1944 година, еднострано толкувана како бугарска, е неубедливо. Сметаат дека концептите како што се „споделена историја“ и „испреплетена историја“ би можеле да го збогатат меѓусебното разбирање за минатото.

„Во меморандумот особено е смешен бројот на жртвите од југословенската комунистички режим во Македонија. Ги надминува сите разумни параметри, и го компромитира основаното инсистирање од страна на Бугарија да се придржува на факти и документи. Ние веруваме дека е потребна фундаментална промена на парадигмата во историското размислување, а за да се постигне тоа крајно време е да се отворат и бугарските медиуми, заклучуваат трисетината бугарски историчари, научници, универзитетски професори и јавни личности во заедничкото писмо во кое го искажуваат своето противење на меморандум со кој Бугарија го условува стартот на пристапните преговори на С. Македонија со ЕУ.

Премиерот Зоран Заев, пак, вчера изјави дека не очекува Бугарија да го попречува стартот на пристапните преговори на земава со ЕУ и уште еднаш повтори дека идентитетските прашања, македонскиот јазик, македонскиот народ, се право на самоопределба, што не може да се оспорува.

– Уште еднаш напоменувам – идентитетските прашања, македонскиот јазик, македонскиот народ се право на самоопределба. Бугарија е европска земја и верувам дека во самите разговори, во самите документи е заради нивните напори, амбиции и оправдани желби да се најде заедничкото решение на заедничкото чествување на Гоце Делчев. Никако не очекувам да имаме пречки во тој дел заради тоа што дефинитивно од почетокот до ден денес Бугарија е еден од најголемите, ако не и најголем поддржувач на Република Северна Македонија во интеграциите во ЕУ. Бугарскиот народ сака да помогне на македонскиот народ, македонскиот народ сака пријателски да биде определен кон бугарскиот народ и така ќе се движат и самите политичари или институции соодветно на желбата за пријателство и за уште поголема соработка, рече Заев на новинарско прашање на одбележувањето на Светскиот ден на наставниците на плоштадот „Македонија“ во Скопје.

Бугарија до земјите – членки на ЕУ на средината од минатиот месец испрати Меморандум во кој на шест страници обвинува за „државна антибугарска идеологија“ во Северна Македонија како и за „етнички и јазичен инженеринг“. Објаснувачкиот меморандум е испратен до ЕУ во пресрет на одлуката за отпочнувањето на преговорите на нашата земја со Унијата.

Во меѓувреме, копретседавачот на Македонско-бугарската Мешовита комисија за историски и образовни прашања од македонска страна, Драги Ѓоргиев минатата недела потврди дека нова средба на Комисијата е закажана на 15 и 16, овој месец во Скопје. Средбата следи по пауза од една година, заради одржувањето на предвремените парламентарни избори во нашата земја првично закажани за 12 април, па пролонгирани на 15 јули, заради пандемијата со Ковид – 19. 

Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    175 shares
    Share 70 Tweet 44
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ