• Latest

Бугарски интелектуалци: Меморандумот не ги рефлектира достигнувањата на голем број бугарски историчари во последните децении, а е неразбирлив и за Европа

October 5, 2020
Crime scene in Islamabad, Pakistan, suicide bomber killed 12 people
Source> screenshot video Reuters

Бомбаш самоубиец уби 12 лица пред суд во главниот град на Пакистан

November 11, 2025

Меѓунардониот кривичен суд му го одби барањето на Ратко Младиќ за ослободување

November 11, 2025

Репортери без граници и Европската радиодифузна унија со повик до ЕУ за зачувување на демократијата преку обезбедување пристап до сигурни информации

November 11, 2025
Фотомонтажа: D. Mi[ev/CIVIL Media. Фото од wikimedia commons

Бугарија се подготвува за преземање на рафинеријата Лукоил во Бургас, во Северна Македонија сé уште без реакции

November 11, 2025

DDGI им се придружи на светските лидери и мислители на инаугуративниот глобален форум во Лугано

November 11, 2025
Војо Маневски

Буџетот се планира, ама треба и да се полни

November 11, 2025
Knesset, Death penalty bill Israel
Source- screenshot
ILTV Israel News

Израел пред нови поделби: закони за смртна казна и контрола на медиумите

November 11, 2025

Две американски компании од автомобилската индустрија ги затвораат фабриките во Северна Македонија

November 11, 2025
Последиците од нападот со руски дрон врз Днипро, доцна на 16 април 2025 година. Фото: Борис Филатов/Телеграм

Милиони Украинци се соочуваат со темнина и студ по еден од најголемите руски напади врз енергетската инфраструктура

November 11, 2025

Европарламентот ја поддржа целта за намалување на штетните емисии за 90 отсто до 2040 година

November 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Бугарски интелектуалци: Меморандумот не ги рефлектира достигнувањата на голем број бугарски историчари во последните децении, а е неразбирлив и за Европа

October 5, 2020 11:37
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Триесетина бугарски историчари, научници, универзитетски професори и јавни личности со заедничко писмо до јавноста се изјаснија против меморандумот што Софија го испрати до земјите членки на Европската Унија во кој се изнесени сериозни тврдења и црвени линии на патот на Скопје кон ЕУ.

Во писмото „Европа не нè разбира”, што го пренесува „mediapool.bg”, тие инсистираат на „фундаментална промена на парадигмата во историското размислување” и пишуваат дека не се согласуваат „Северна Македонија да се претстави само како земја што нe се справува со сопственото минато”. Според нив, Софија демонстрира застарени сфаќања и изнесува неодржливи и наивни тврдења против Северна Македонија.

Потписниците на заедничкото писмо сметаат дека меморандумот не ги рефлектира достигнувањата на голем број бугарски историчари во последните децении, а е неразбирлив и за Европа.

– Не гледаме како Европа може да ги разбере тезите на некои институционално влијателни бугарски научници кои не зборуваат на јазик ниту на модерна историографија ниту на современите хуманистички и општествени науки. Меморандумот не ги одразува принципите и вредностите врз кои е изградена Европската Унија, велат во писмото. Потсетуваат дека неодамна копретседавачот на Заедничката бугарско-македонска мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања Ангел Димитров изјави дека бугарскиот меморандум ги одразува достигнувањата на „бугарската историска наука”, а пред неколку дена, пак, членот на споменатата комисија Иван Илчев се пожали во бугарските медиуми дека „Европа не нè разбира”.

Поддржувачите на позицијата против меморандумот не се согласуваат Северна Македонија да се претставува како земја што не „се справува со сопственото минато”.

– Не сметаме дека единствениот историографски проблем е „идеолошкото наследство” од „комунистичка Југославија”. Друг проблем е доминацијатата на наджиевеаното, романтично и митолошко историографско размислување во самата Бугарија. Не веруваме дека процесот на формирање на македонската нација, со сите нејзини специфики, фундаментално се разликува од начинот на формирање на другите нации, ниту пак сметаме дека може да се сведе на формулата во меморандумот за „етнички и јазичен инженеринг”. Се спротивставуваме и на претставувањето на македонската нација како плод на „југословенска пропаганда”, наведуваат потписниците на писмото.

Тие сметаат и дека наводите во меморандумот за идентитетот на „преовладувачкото мнозинство на словенското население во Македонија” се историски наивни и не одговараат на достигнувањата на модерната историографија, социјалната и хуманитарна наука. Според нив, тие наводи се предмет на застарено разбирање на „националната историја” што е несоодветно во однос на критичката историска наука денес.

– Свесни сме дека сите стандардизирани јазици се во извесна смисла вештачки колку што литературната норма секогаш интервенира во говорните дијалекти и одредува кои елементи од нив се „точни” и кои „неточни”. За нас, тврдењата за датумот на раѓање на една нација и јазик се научно непоткрепени и се спротивни на достигнувањата на историската наука, како и на општествените и хуманистичките науки воопшто. Иако го прифаќаме концептот на „заедничка историја”, ние се спротивставуваме на неговите елементарни толкувања, како и на неговата употреба за наметнување единствен наратив – во овој случај, официјалната приказна за минатото во Бугарија, подвелекуваат потпишаните бугарски интелектуалци.

Тие посочуваат дека тврдењето за заедничка историја до 1944 година, еднострано толкувана како бугарска, е неубедливо. Сметаат дека концептите како што се „споделена историја” и „испреплетена историја” би можеле да го збогатат меѓусебното разбирање за минатото.

„Во меморандумот особено е смешен бројот на жртвите од југословенската комунистички режим во Македонија. Ги надминува сите разумни параметри, и го компромитира основаното инсистирање од страна на Бугарија да се придржува на факти и документи. Ние веруваме дека е потребна фундаментална промена на парадигмата во историското размислување, а за да се постигне тоа крајно време е да се отворат и бугарските медиуми, заклучуваат трисетината бугарски историчари, научници, универзитетски професори и јавни личности во заедничкото писмо во кое го искажуваат своето противење на меморандум со кој Бугарија го условува стартот на пристапните преговори на С. Македонија со ЕУ.

Share34Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ