• Latest

Бугарски интелектуалци и заблежуваат на БПЦ што не се заложила за МПЦ пред патријархот Кирил

March 8, 2018

Нов притисок врз семејните буџети: МЕПСО бара 98% поскапа тарифа за струја, парното пред нова корекција

October 21, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција – есенска технолошка офанзива

October 21, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Франција во фокусот на европскиот протестен бран: Владата најавува ангажирање војска

October 21, 2026
Фото: НАТО

НАТО го засилува надзорот над Црното Море по нападите врз трговски бродови

October 21, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија пред избори: Студентската листа во предност, Вучиќ најавува убедлива победа

October 21, 2026

Светските цени на храната во пораст: Ризик од нов бран поскапувања во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Дерала за тие што работат за Трамп: Пристоен човек никогаш не би прифатил да работи за овој претседател

October 21, 2026

Деца убиени во парк, дронови врз болници и електрани – нов ден на руски терор во Украина

October 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Нашето и бугарското мочуриште на пасивноста

October 20, 2026
Протести во Франција (скриншот / France 24)

РЕАКЦИИ: Граѓаните со поддршка за протестите на младите во Европа, но со осуда за насилството

October 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Бугарски интелектуалци и заблежуваат на БПЦ што не се заложила за МПЦ пред патријархот Кирил

March 8, 2018 12:09
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Дваесеттина истакнати бугарски интелектуалци  и академици упатија отворено писмо до архиереите на Бугарската православна црква зошто прашањето за статусот на Македонската православна црква не било покренато за време на неодамнешната посета на рускиот патријарх Кирил на Софија. 

– Длабоко сме огорчени што архиереите на нашата БПЦ не го поставија пред рускиот патријарх Кирил за време на неговата посета (2-4 март 2018 година) прашањето за статутот на Македонската православна црква со што не ги исполнија нивните ветувања дека ќе ја застапуваат пред помесните православни цркви за востановување на канонскиот статус на МПЦ, наведуваат интелектуалците во писмото што го пренесува бугарски „Фокус“.

Во писмото, како што се псосчува, се изразува огорченост што ова прашање не било покренато ниту пред вселенскиот патријарх Вартоломеј за време на посетата на бугарската црковна делегација на Истанбул на 6 и 7 јануари годинава. Воедно, се упатува на, како што се наведува, „вознемирувачката изјава“ на рускиот митрополит Иларион Волоколамски од 22 февруари годинава дека проблемот со МПЦ треба да се решава преку дијалог со СПЦ.

– Ние очекуваме Руската православна црква да ги прифати трајните долгорочни интереси на вселенското православие, на православните христијани во Република Македонија, Бугарија, Србија и сите соседни држави, така што ќе ги направи нужните мудри чекори за нормализирање на меѓународниот статут на возобновената Охридска архиеископија.

Сметаме дека вековните врски меѓу нашите цркви и народи и хармонијата на православието во светот се далеку поважни од сегашните политички искушенија, што во крајна линија доведува до продлабочување на расколот и други негативни последици по христијанството, стои во писмото.

Рускиот патријарх Кирил ја посети Софија од 2 до 4 март по повод одбележувањето 140 години од ослободувањето на Бугарија од османлиското ропство. Пред посетата, беше најавено дека патријарсите на  БПЦ и на РПЦ, Неофит и Кирил ќе разговараат и за статусот на МПЦ-ОА, но јавно не беше соопштено дали на средбите во Софија станало збор за тоа прашање.

Единствена реакција за темата МПЦ за време на посетата на патријархот Кирил на Софија, беше изјавата на Александар Волков, началник на прес-службата на РПЦ, кој рече дека желбата на Македонската православна црква да добие црква мајка во Бугарската православна црква е многу комплексна и многу важна тема за која Руската црква сега многу се радува дека има можност да се решава од двете страни.

– Ние не можеме да предвидиме какви ќе бидат решенијата, но во секој случај Руската црква со внимание и со длабок интерес го набљудува процесот на преговори, изјави Волков.

Светиот синод на МПЦ-ОА на 9 ноември лани со писмо побара од БПЦ да и биде црква мајка, да се воспостави евхаристиско единство и да се заложи за признавање на нејзината на афтокефалност. МПЦ побара и заедничко служење на светата литургија со БПЦ.

Светиот синод на Бугарската православна црква на 27 ноември одлучи да се ангажира и застапува пред помесните православни цркви за востановување на канонскиот статус на Македонската православна црква.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: БПЦМПЦписмо
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ