• Latest

Бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ не ги отстрани спорните содржини во предвидениот рок, следува прекршочна постапка

November 29, 2022
Филипче - Мицкоски (фото извор: Wikimedia Commons)

Од Бриж до Егејот: Политиката се дави во препукувања, јавноста останува без информации

August 16, 2026
Колаж од фотографии од јавно достапни архиви за војната во Македонија, 2001 година

Ахмети, Бучковски и Тачи со спротивставени сведоштва за 2001: Имало ли план за поделба на Македонија?

August 16, 2026

Voxeurop ја објави анализата на Џабир Дерала за цената на заробеното правосудство во Северна Македонија

August 16, 2026

Слободата е нашата религија: Ивана Климпуш-Цинцадзе, украинска пратеничка

August 15, 2026

На Путин му се допаѓа неговата најлоша опција во Украина

August 15, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Народот не ја сака ЕУ, народот сака некој друг да му ја плати скарата

August 15, 2026
Џабир Дерала, 30 јули 2026 (фото: ЦИВИЛ)

Џабир Дерала: Северна Македонија ќе влезе во ЕУ, само ако со тоа се согласи Белград

August 15, 2026

Кој е оштетен во случајот „Мазут“ ако ЕСМ не пријавило штета, а ТЕЦ Неготино остварила профит?

August 15, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Руски, српски, разни други светови има, а македонски свет има ли?

August 15, 2026
Училишта и општински згради беа претворени во мачилишта за украинските цивили | Херсон, 2022 година.

(ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА) „Ова е тоа на кое би се предале“: Белешка за руските ѕверства во Херсон, Украина

August 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ не ги отстрани спорните содржини во предвидениот рок, следува прекршочна постапка

November 29, 2022 14:12
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Бугарскиот културен центар „Ванчо Михајлов“ во Битола не ги отстрани спорните содржини од социјалните мрежи иако рокот за тоа истече, а денеска истекува и рокот за промена на името, и доколку не постапи по нив, следува прекршочна постапка, порачаа од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) на денешната прес-конференција.

Членот на Комисијата и известител на предметот, Весна Бендевска потенцира дека иако имаат право да поведат прекршочна постапка, сепак решиле тоа да го препуштат на Основното јавно обвинителство, кое побарало од нив до достават информации и копии од спорните содржини објавени од страна на клубот на социјалните мрежи.

„Комисијата на 21 ноември до Основното јавно обвинителство достави информација и копија од спорни содржини пласирани на фејсбук-страницата што упатуваат не само на вознемирувачки говор во кој се велича ликот, делото и идеологијата на Иван Михајлов туку постојат и сериозни индиции дека се шират содржини што предизвикуваат расна, ксенофобична содржина, кои предизвикуваат нетрпеливост, омраза, дискриминација и ги повредуваат правото и слободата на поголем број луѓе, а тоа веќе упатува на одредби од членот 394 г од Кривичниот закон. Со тоа топката ја префрливме на Основното јавно обвинителство да постапува во согласност со своите надлежности според Кривичниот закон“, истакна Бендевска.

Таа додаде дека денеска истекува и рокот за препораките и во однос на спорното име и содржината на клубот, со што следен чекор е заседавање на Комисијата и утврдување на можна прекршочна постапка.

Бендевска појасни дека во однос на овие две препораки, Министерството за правда треба да достави писмо, бидејќи тие се задолжени да извршат вонреден надзор на примената на одредбите на Законот за здруженија и фондации, а културниот центар треба да докаже пред Централниот регистер дека одлучиле да го сменат името.

Од Комисијата на конференцијата беше истакнато дека до нив пристигнале голем број на претставки од граѓански здруженија кои се однесуваат на бугарската заедница во државава.

– Впрочем ние сме затрупани со такви претставки, кои во најголем дел доаѓаат од здруженија на граѓани со оправдан интерес. Тие постапки се во тек и ги работиме, рече Бендевска.

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) минатиот месец утврди дискриминација по основа на национална и етничка припадност во врска со формирањето на здружението Културен центар „Ванчо Михајлов” – Битола. Седиштето на Клубот беше отворено годинава во строгиот центар на Битола, чин што ја разбранува јавноста, но и институциите, поради спорното име и содржините објавени на социјалните мрежи.

На почетокот на месецот и Уставниот суд извести дека оформил предмет, во кој се оспорени статутот и програмата на бугарскиот културен центар „Ванчо Михајлов“ во Битола.

М. Д.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ