• Latest

ChatGPT манија: Како вештачката интелигенција гo освои светот и што ќе се случува понатаму?

March 19, 2023

Денот на Европа – сидро на стабилноста наспроти Путиновата пропаганда

May 9, 2025

Одбрана на демократијата: Обнова на довербата во демократските институции и процеси

May 9, 2025
Никица Корубин

(Де)исламизирана албанофобија

May 9, 2025
Фото: На 7 мај, Јодл потпиша безусловен „Акт за воено предавање“, Wikipedia

Историски факти: Кога е Денот на победата над фашизмот

May 9, 2025

Ден на Европа: Зачетоци, формирање, значење и одбележување

May 9, 2025

Велика Британија објави нов пакет санкции против Русија кои вклучуваат директори на нафтена компанија

May 9, 2025
Фросина Кулакова

Васил Јованов призна вина за прегазувањето на Фросина Кулакова

May 9, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Косово се соочува со политичка криза и санкции од ЕУ; Албанија два дена пред парламентарни избори; Рама најави отворање на третото поглавје

May 9, 2025
Фото: Укринформ

Фон дер Лајен: Европа останува сидро на стабилноста во еден свет што се менува

May 9, 2025

Кина потроши милијарди долари за развој на воена технологија; Конфликтот меѓу Индија и Пакистан би можел да биде нејзиниот прв голем тест

May 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

ChatGPT манија: Како вештачката интелигенција гo освои светот и што ќе се случува понатаму?

March 19, 2023 19:36
in АНАЛИЗИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Приреди: Мирјана ВАСИЛЕВА

Слушнавте за ChatGPT?

Бездруго – да, бидејќи овие денови овој термин е толку присутен што некои веќе велат дека владее вистинска „ChatGPT манија“.

Ако сте слушнале, секако вие и вашите пријатели надолго и нашироко дебатирате како всушност функционира, какви нови прашања отвора во врска со нашата колективна иднина, кои ќе бидат последиците или придобивките и дали ова е почеток на ера во која ќе доминира вештачката интелигенција.

ChatGPT, со полно име: „Chat Generative Pre-trained Transformer“, во суштина е „chatbot“, поточно компјутерска програма со која можете да разговарате. Концептот за четбот во никој случај не е нов.

Од денешен аспект со рудиментирани чат-ботови имавме работа уште во 90-тите. Се сеќавате на Клипи? Малку досадна штипка, односно асистент кој помагаше на „интелигентен“ начин да го направите она што ви треба во една од алатките на MS Office како што е Word.

Клипи и ЕЛИЗА

Клипи ве поздравуваше како што треба и ве прашуваше што ви треба? Ако ви требаше помош, на пример, за пишување текст, Клипи беше подготвен да помогне во одредувањето на маргините, фонтот, димензиите… Но, ако го прашавте Клипи да ви каже каква е температурата денес во Скопје, колку години има Доналд Трамп или која е смислата на животот, овој мал дигитален асистент би останал прилично збунет. Така би ни изгледал, едноставно зашто немаше што да каже бидејќи не е програмиран за толку сложени операции и за толку сложени прашања.

Многу луѓе се сеќаваат на Клипи, за некого сладок, за други заморен, но концептот на „разговор“ со компјутер е уште многу постар. Раните „чат-ботови“ беа развиени уште во 60-тите. На пример: ELIZA (1966).

ЕЛИЗА беше развиена на познатиот Универзитет МИТ, а нејзин творец беше Џозеф Вајзенбаум – човек кој се смета за татко на модерната вештачка интелигенција. Роден е во 1923 година во Берлин, во еврејско семејство, а од Германија побегнале во јануари 1936 година.

Во 50-тите, Вајзенбаум работеше на аналогни компјутери и беше еден од важните луѓе во транзицијата кон дигиталната ера. Сепак, проектот ЕЛИЗА е секако една од неговите компјутерски креации по која ќе остане најпознат. Тој го развил системот врз основа на стилот на разговор на американскиот психолог Карл Роџерс. Тоа е стил каде што пациентот се поттикнува да комуницира што повеќе со терапевтот, односно да ја „отвори душата“ со отворени прашања.

Еве еден фрагмент за да видите како изгледал „разговорот“ на еден корисник со ЕЛИЗА:

Не е лошо како за еден чатбот од шеесеттите, нели?

Како ЕЛИЗА успева(ше) да „разговара“ со корисниците? На тој начин што програмата прво го разгледува текстот во потрага по клучни зборови. Потоа им доделува одредена вредност или „важност“ на тие клучни зборови и ги трансформира во одговор. Во суштина, тоа е малку посложена база на податоци што се користи на таков начин што изгледа како машината активно да разговара со човечко суштество.

Интересно е да се забележи дека Вајзенбаум ја „создаде“ ЕЛИЗА повеќе како пародија на модерната психотерапија, наместо како некакво големо достигнување. Можеме само да замислиме колку беше шокиран кога виде дека луѓето што ги пушти да разговараат со ЕЛИЗА многу брзо почнаа да ја доживуваат неговата програма како вистински соговорник, а притоа и многу квалитетен!

Тој се присетил на една ситуација кога неговата секретарка, која знаела дека тоа е компјутерска симулација, го прашала дали Вајзенбаум може да ја напушти собата додека таа разговара со ЕЛИЗА!

Сега да застанеме за момент… Зборуваме за луѓе кои беа подготвени да ги споделат своите мисли со рудиментиран алгоритам како ELIZA. Годината беше 1966 – денес е 2023. ЕЛИЗА денес има 57 години. Колку технологијата напреднала од времето на нејзиното создавање до денес?

Речиси неописливо.

Не е научна фантастика, имаме работа со машина којашто знае да учи сама

Имајќи го тоа на ум, можеме да замислиме што всушност е ChatGPT, за што многу луѓе зборуваат деновиве. Концептот е ист, да се создаде компјутеризирана верзија на човечки соговорник, но денешната верзија на ChatGPT, или било која друга кои сега се појавуваат како печурки после дожд, е далеку, многу понапредна од нејзините рудиментирани почетоци.

Дали ова значи дека сега сме стигнале до точка каде што навистина „разговараме“ со компјутерот и дека можеме да заборавиме на елементот на симулација? Не. Под комплексната „хауба“, ChatGPT сè уште има компјутерска програма којашто се напојува со напредна форма на вештачка интелигенција способна брзо да се развива поради самиот факт што може да „цица“ податоци од Интернет дење и ноќе!

Кој сепак стои зад проектот ChatGPT? Зад проектот стои OpenAI – американска истражувачка лабораторија за вештачка интелигенција која се состои од непрофитна OpenAI Incorporated (OpenAI Inc.) и нејзината профитна подружница OpenAI Limited Partnership (OpenAI LP). OpenAI спроведува истражувања за вештачка интелигенција за да ја промовира и развие она што тие го нарекуваат „пријателска вештачка интелигенција“ на начин што „ќе има корист за целото човештво“.

Звучи како вовед во некој научно-фантастичен дистописки филм од 80-тите, нели?

Организацијата е основана во Сан Франциско во 2015 година од Сем Алтман, Рид Хофман, Џесика Ливингстон, Илон Маск, Илја Сутскевер, Питер Тиел и други кои заеднички донираа една милијарда американски долари. Маск подоцна поднесе оставка од одборот во 2018 година, но остана донатор. Мајкрософт го обезбеди OpenAI LP (комерцијалниот дел на организацијата) со инвестиција од 1 милијарда долари во 2019 година и нова, втора повеќегодишна инвестиција во јануари 2023 година, од наводно дури 10 милијарди долари.

ChatGPT создава креитивни приказни и алтернативна стварност

Како што рековме, ChatGPT „манијата“ започна, што значи дека ќе се слеат многу пари во проектот. Првата стабилна верзија на ChatGPT е стара само два месеци. Беше објавена на 30 јануари 2023 година – и веќе, според проценките, вреди околу 30 милијарди американски долари. Доколку веќе не сте го пробале сами ChatGPT, можете да го пробате на официјалната веб-страница, но поради голем интерес, немојте да се изненадите ако ја добиете пораката дека сте ставени на листа на чекање заради енормниот интерес на луѓето од цел свет да „разговараат“ со машината и тоа секој на својот јазик.

Што го прави ChatGPT различен? Различен е, меѓу другото, и по тоа што не само што може многу добро да „муабети“, туку може да проверува и поправа компјутерски програми, да компонира музика, филмски сценарија,

И тоа е сѐ, ќе рече некој цинично? Па, денес сме изложени на доста технолошки иновации, а некои стануваат сè потешко да не фасцинираат. Но, ChatGPT го има и тој фактор.

На пример, ако на некој претходен „напреден“ четбот му поставите прашање како ова: „Што се случи кога Кристофер Колумбо дојде во Америка во 2020 година?“, системот едноставно би почнал да исфрла информации за Колумбо и неговите патувања, веројатно целосно игнорирајќи ги неточните информации што ги внесовте во врска со годината на неговото пристигнување во Америка.

Но, ChatGPT не само што ќе ве исправи, туку, кога ќе инсистирате, ќе ви ја каже целата приказна за тоа како би изгледало доаѓањето на Колумбо кога би била 2020 година. Со други зборови, ChatGPT веднаш може да ви сервира креативна приказна за алтернативна историја и тоа на навидум безброј начини. И ова е во суштина клучниот елемент што го одделува ChatGPT од бројни претходни слични проекти.

Овој четбот може да биде „креативен“, а бидејќи се храни и со кориснички прашања, постои уште еден одличен извор на дополнителна креативност што ќе го помине низ своите алгоритми за активно да се надградува и да станува се по „попаметен“.

Ако ова не ви е доволно, ChatGPT се сеќава на вашите претходни разговори со „него“/„неа“ и обликува понатамошен разговор врз основа на вашата претходна конверзација. Тоа значи дека тој/таа/тоа има потенцијал да стане одличен персонализиран психотерапевт! Секако, не е паметно да ѝ дозволите на една машина да лекува ментални нарушувања и веројатно „биолошките“ психотерапевти ќе имаат што да кажат за оваа работа.

Но, не само тие.

Заради ChatGPT многу професии се во опасност, но останува вербата во „човечкиот потпис“

Очекувано, претставници на бројни професии беа исплашени од капацитетите со кои располага ChatGPT и некои веќе гледаат егзистенцијални закани.

Еве, да замислиме програмер кој работи на не многу сложени системи, да речеме за развој на основни веб-страници. Што ако утре ChatGPT можеше да го прави истото во дел од секунда и без дополнителни трошоци?

Цели армии на програмери може брзо да останат без работа! А наставниците? Писателите и новинарите?

Многу професии денес се тешат со фактот дека „човечкиот потпис“ ќе биде доволно ценет за да ги спаси нивните работни места на многу долго време, но тоа ќе го покаже иднината.

Минатото ни кажува дека големите технолошки достигнувања секогаш принудувале многумина на неизбежна преквалификација.

ChatGPT сè уште не е совршен, далеку од тоа.

Некои од неговите способности се навистина фасцинантни, но за некои работи сепак е јасно дека е „само машина“.

На пример, познатиот Ник Кејв отворено го исмејуваше ChatGPT и обидот на програмата да напише „песна во стилот на Ник Кејв“.

Сепак, мора да имаме на ум дека во оваа трка меѓу човекот и машината – ако зборуваме за трка – ние сме тие кои стагнираме и навистина немаме толку брза еволуција, додека машината напредува со молскавична брзина и можеби за една година ChatGPT (или барем оваа прва верзија објавена пред неколку дена) ќе изгледа порудиментирана отколку што ни изгледа ЕЛИЗА денес!

Како и да е, дефинитивно сме на почеток на нешто големо.

Извор: Рацин.мк

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ChatGPTвештачка интелигенција
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    125 shares
    Share 50 Tweet 31
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ