• Latest
Сензорна соба во ООУ „Страшо Пинџур“, Неготино/ Фотографија: Фејзбук страница на Фондацијата „Чекор по чекор“

Чекор по чекор: Наша цел е да ги поттикнеме локалните актери да преземат иницијативи за подобрување на инклузивноста и поддршка на семејствата на лицата со попреченост

March 23, 2023
Фото: Скриншот од видео на Partizán

Полска и Литванија го отфрлаат тврдењето на Меркел дека ја поткопале политиката на ЕУ кон Русија, го критикуваат нејзиното доближување до Путин

October 7, 2025
Фото: ССМ

ССМ: Нема достоинствена работа без достоинствени плати

October 7, 2025

Скопје домаќин на меѓународна конференција за одбрана на демократијата, зајакнување на отпорноста, заштита на демократските институции и изборните процеси (целосна програма)

October 7, 2025
Фото: Топ чанел

Убиство во судница во Тирана: Судија Калаја застрелан, три лица уапсени

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNN

Во тек се преговори за прекин на огнот во Газа, додека Израел одбележува годишнина од терористичкиот напад на Хамас на 7 октомври

October 7, 2025

„Една песна, една Европа“: Кога музиката ги брише границите меѓу ЕУ и Западен Балкан

October 7, 2025
Ерол Ризаов

Простаклукот на предизборната кампања

October 7, 2025
фото: МВР

Пукање и судир со полициско возило во потера по осуденици на отпуст од Идризово

October 7, 2025
Фото: Фејсбук на Орхан Муртезани

Муртезани: Нема да има предвремени избори – ВМРО и ВЛЕН владеат, ДУИ само се заканува

October 7, 2025

Од јануари целосно автоматизирано пријавување на новороденчиња со проектот „е-бебе“

October 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

Чекор по чекор: Наша цел е да ги поттикнеме локалните актери да преземат иницијативи за подобрување на инклузивноста и поддршка на семејствата на лицата со попреченост

March 23, 2023 10:49
in ВЕСТИ, МУЛТИКУЛТУРА, ОБРАЗОВАНИЕ, ОПШТЕСТВО
Сензорна соба во ООУ „Страшо Пинџур“, Неготино/ Фотографија: Фејзбук страница на Фондацијата „Чекор по чекор“

Сензорна соба во ООУ „Страшо Пинџур“, Неготино/ Фотографија: Фејзбук страница на Фондацијата „Чекор по чекор“

Share on FacebookShare on Twitter

Фондацијата „Чекор по Чекор“ во партнерство со здруженијата „Инклузива“ и „Хандимак“, во соработка со Министерството за образование и наука ја започнаа трета кампања од проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биде ИНклаудиран“. Кампањите имаат цел подигање на свеста и активности за промовирање на важноста на инклузивното образование.

Самиот проект има цел да придонесе кон еднаков пристап и суштинска вклученост на децата со попреченост до редовните училишта.

За важноста на проектот и самите кампањи, што тие вклучуваат и кои се предизвиците и придобивките, одговор побаравме од Фондацијата „Чекор по чекор“.

Колку сте задоволни со претходните две кампањи, кои беа предизвиците, а кои придобивките?

Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ во соработка со Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ и Здружението за давање услуги на лицата со попреченост „Хандимак“ веќе 30 месеци го реализираат „Проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ кој е финансиран од Европската Унија. Како дел од проектот досега се реализираа две кампањи, а во моментот започнува и реализирањето на третата проектна кампања. Кампањите имаат за цел да ја подигнат јавната свеста за важноста од инклузивното образование и вклученоста на децата со попреченост во редовната настава.

Во рамки на првата кампањата „Биди ИНклузивен“ се изработија три видеа, каде познати личности од сферата на спортот, филмот и музиката упатуваа пораки за поголема инклузија и за прифаќање и почитување на различностите. Меѓу познатите личности кои учествуваа во оваа кампања беа: Кире Лазаров, Јелена Јованова, Влатко Лозановски – Лозано, Стојанче Стоилов, Амернис Нокшиќи, Кирил Џајковски, Фисник Зеќири, Џамбо Агушев и многу други.

Овој вид на кампања се покажа како многу ефикасен пристап и веднаш на самиот почеток на Проектот го привлече вниманието на јавноста и почна да ги руши бариерите поврзани со вклучување на учениците со попреченост во редовните училишта. Резултатот беше: повеќе од 100.000 прегледи на социјалните медиуми на Фондацијата „Чекор по чекор“ и на Проектот. Тоа што би сакале да го истакнеме е дека кампањата беше поддржана од 3 национални телевизии и неколку локални телевизии каде видеата на кампањата беа бесплатно емитувани, а со тоа се зголеми и видливоста на проектот и се влијаеше на јавната свест за важноста од обезбедување еднакви права на секое дете.

Втората кампања исто така се фокусираше на образованието и испраќање на пораки за прифаќање и инклузија, но овој пат пораките доаѓаа од клучните алки во процесот на образование т.е. од учениците, наставниците и родителите. Тие, преку испратените пораки, повикуваа на прифаќање, почитување на различностите и еднакви права за сите деца. Училиштата претставуваат место каде децата можат да се дружат, растат и развиваат, да практикуваат емпатија и соработка и да ги поставуваат основите за идното инклузивно општество. Инклузивната клима во училиштата овозможува секое дете да добие можност да го постигне својот потенцијал и да ги оствари своите цели и соништа и токму ова беше главната порака од оваа втора проектна кампања.

Како и претходната, оваа кампања беше бесплатно емитувана на 4 национални телевизии и неколку локални телевизии. Кампањата се одвиваше и на социјалните медиуми, каде и овој пат имаше огромен број на прегледи т.е. повеќе од 200.000 прегледи.

Кампањата играше огромна улога во доближување на јавноста за важноста од инклузивно образование, особено во контекст на новиот закон за основно образование од 2019г. година кој налага специјалните училишта да се трансформираат во ресурсни центри и од 2023г. година веќе да не запишуваат ученици. Проектот со овие две кампањи придонесе полесно да се видат придобивките од овие промени и да се видат бенефитите од инклузивното образование не само за учениците со попреченост туку на сите ученици во образовниот систем.

Во што се состои и по што се разликува третата кампања, кои се очекувањата?

По две успешни видео кампањи, решивме третата кампања да ја посветиме на поттикнување на општините и други локални актери да преземат свои локални иницијативи за подобрување на инклузивноста на општеството и да ги испитаат сите начини за поддршка на семејствата на лицата со попреченост во насока на одржливост на оваа проектна иницијатива. Во текот на месец ноември 2022г. година проектот испрати барање до сите 62 општини од каде имавме ученици стипендисти на проектот со информација за бројот на стипендисти од нивната општина и со молба по завршување на проектот (т.е. од следната учебна година) општините да ги преземат месечните стипендии или да ги поттикнеме да направат своја локална иницијатива за слична поддршка за учениците со попреченост. За жал позитивен одговор добивме од само од две Општини (Општина Теарце и Општина Штип) и поради тоа сметавме дека е важно да направиме една теренска кампања каде уште еднаш ќе апелираме до општините да пружат поддршка на семејствата со ученици со попреченост.

Идејата ни е да направиме настани со панел дискусија во секој од 8те плански региони каде ќе имаме можност да продискутираме со претставниците од општините, училиштата, граѓански организации, општествено одговорни компании и поединци кои се успешните практики на поле на инклузија, но и кои се предизвиците во создавање на едно инклузивно образование и инклузивно општество.

Колку институциите, на локално и на централно ниво, се инволвирани во самиот проект?

Проектот има блиска соработка со сите институции кои работат на полето на образование. Така во советодавното тело на проектот учествуваат претставници од Министерството за образование и наука, Министерството за труд и социјална политика, Бирото за развој на образованието, ЗЕЛС и сл. и со нив редовно се споделуваат сите активности и постигнувања како и предизвиците со кои се соочуваме во реализирање на проектните цели. Дополнително во соработка со Министерството за образование и наука преку ресурсните центри Маца Овчарова- Велес и Иднина- Чаир се реализираше соработка во обезбедување на дополнителна образовна и туторска поддршка за учениците со попреченост кои се стипендисти на проектот и обука за образовните асистенти од овие два ресурсни центри.

Исто така во активностите наменети за подобрување на инклузивната клима во училиштата, на многу места имавме вклученост на општините и заеднички работевме на дефинирање на приоритетите и на реализирање на планираните активности.

Дали проектот е наменет исклучиво за лица со попреченост или опфаќа и други категории на различности?

Овој проект е наменет за учениците со попреченост од почетните одделенија. Специфично е одбрана оваа возраст заради тоа што искуството покажува дека учениците со попреченост некогаш воопшто не се запишуваат во училиште. За да се охрабри  нивниот влез во училиште како и нивното редовно присуство проектот обезбеди месечни стипендии за повеќе од 470 ученици со попреченост.

Дополнително проектот обезбеди и туторска и образовна поддршка за учениците со попреченост, а ги поддржа и училиштата со обуки за инклузивните тимови и активности за подобрување на пристапноста и инклузивноста на училиштата (така опремивме 22 сензорни соби, 10 инклузивни игралишта, се обезбедија пакети асистивна технологија, се опреми сензорна градина, се набави електромоторен транспортер и сл. се со цел училиштата да бидат попристапни и да обезбедат поддршка и услови за квалитетна настава за секој ученик).

Во проектот до сега беа опфатени 470 ученици, повеќе од 430 вработени во училиштата, а обезбедени се грантови за 43 редовни основни училишта во кои се обезбедени 22 сензорни соби, 3 сензорни катчиња , 1 сензорна градина, 1 уред за мобилност низ училишната зграда , 1 пристапен тоалет, 10 инклузивни игралишта, 5 пакети дидактички, сензорни и асистивни средства и помагала.

Б. Јордановска

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    153 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    146 shares
    Share 58 Tweet 37
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ