• Latest
Петрит Сарачини

Четири години со неспособна власт

June 1, 2021
Од јавниот собир за Кочани во Скопје, 18 март 2025 (фото: ЦИВИЛ)

Утре протест во Скопје: Шест месеци од трагедијата во Кочани

September 15, 2025
Милош Биковиќ и Христијан Мицкоски (фото извор: Инстаграм профил на Мицкоски)

Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

September 15, 2025
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Проф. Андонов: Политикантските коментари на Мицкоски за наводни хибридни напади против неговата влада не се ништо освен пропаганда за негов спас на изборите

September 15, 2025
Фото: Скриншот од Инстаграм

НЕ Е КРЕИРАНО СО ВИ: Трамп тврди дека го решил конфликтот меѓу Азербејџан и Албанија

September 15, 2025
фото: ВИ

24 ЧАСА: ЦИВИЛ алармира – демократијата под удар; Русија гледа ‘српски Мајдан’, Украина враќа со кибер напад

September 15, 2025
Фото: Фејсбук Панче Тошковски

Тошковски: На Вардариште живеат над 200 луѓе кои треба да се дислоцираат, за трајно решавање на проблемот со депонијата потребен е системски пристап

September 15, 2025
Protesti Novi Sad, interventna edinica
Foto: Screenshot X Radio 021

Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

September 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на China Xinhua News/ Фејсбук

Военото разузнавање на Украинска во „кибер одмазда“ ги наруши руските изборни системи, особено во окупираните украински региони

September 15, 2025

Пукано во младо момче во Скопје – Тошкоски: Нелегалното оружје и дрогата немаат иднина во Македонија

September 15, 2025
RussianEmbassy/ London-Uk
Source-Wikipedia

Велика Британија го повика рускиот амбасадор поради нарушување на воздушниот простор на НАТО

September 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Четири години со неспособна власт

June 1, 2021 18:29
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Петрит Сарачини

Петрит Сарачини

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ПЕТРИТ САРАЧИНИ

Како успеаја неспособниве предводени од Зоран Заев за 4 години да ја претворат во темен вилает оваа златна библиска земја, која беше четврта економија во Европа, во која течеше мед и млеко, а младите ја напуштаа само поради невозвратена љубов?

Се обиде Мицкоски да ви каже математички прецизно, драги мои припадници на „критичката“ јавност. Но, еве, дозволете ми и мене да додадам некои аргументи во прилог на таа неспособност, што владее со земјава и сите нас еве веќе 4 години.

Замислете драги мои, неспособниве истераа уставни измени, и Македонија, додуша со придавка „Северна“ во името, е сега полноправна членка на НАТО. Толку беа неспособни, што го решија тридеценискиот спор со Грција, го сочуваа именувањето и идентитетот на македонскиот народ и македонскиот јазик, употребата на придавката македонски, кратенката/кодовите МК и МКД. Какви шутраци!

Ај што ја внесоа земјата во НАТО, туку истераа 3 избори и еден референдум без местенки, крадења гласови, пиштење вриштење, фаќање за уши, за врат! Ни да удрат, ни да викнат. Како после човек да ги рачуна за способна власт, без некој како Протуѓер, Ставрески, Јанакиески и компанијата?!

Туку, остај НАТО и избори. Фатија да зголемуваат плати! Зголемија просечна плата, минимална плата, плати во образование, во здравство, во индустрија, зголемија субвенции за земјоделци… Сè тоа, наместо да гушат штрајкови и протести и да спроведуваат политички прогони. Какви токмаци!

И, не само што зголемија плати, неспособниве ја зголемија и социјалната помош, и не ја даваат само на оние што гласаат за нив, туку на сите!

Па, зедоа го решија проблемот на стечајците, укинаа радиодифузна такса, па измислија некаква игра со мобилните да им враќаат ДДВ на граѓаните, еј! И не само тоа, дури и на време им враќаат ДДВ на фирмите, наместо да ги забораваат со месеци и да ги гонат со инспекции тие што бараат поврат на данокот! Па каде го има тоа?!

За тоа ли се боревме?! Излегувавме на улица за да се договорат со началникот Саше да лежи 20 години затвор?! Или за да ги гледаме Орце, Митко, Гоца и многу други од златното време на државата зад решетки?!

Ех… А се почна со тоа што тргнаа златен обвинител од тефтерче. Па донесоа закон за обвинителство со кој живеат предметите на СЈО! И наместо функционерите да се безгрешни како во времето на избеганиот во Будимпешта, сега, замислете, за злоупотреби одговараат и високи актуелни функционери, фрштат притвори, оставки! Зарем тоа би си го дозволила една способна власт?!

И, наместо да ги ослободуваат криминалците, замислете, неспособниве фатија да ја ослободуваат јавноста и медиумите! Наместо страв и молк, овие секој може слободно да си ги критикува. Наместо затворање медиуми и новинари, овие им одговараат на сите и им даваат документи?! И, наместо да им ја купуваат послушноста со пари за готови реклами и пропаганда, овие земале, па ги молат новинарите и медиумите да ѝ дозволат на државата да оформи фонд за продукција што нема да го контролира таа, туку медиумите и стручњаците од фелата!? Ајде мери им го умот!

Остај тоа, туку земале, се фатиле за таа транспарентност како пијан за плот. Наместо да кријат, тие ги објавуваат сите трансакции и исплати, документи и одлуки, одговараат на новинарски барања за слободен пристап до информации од јавен карактер, објавуваат резултати од конкурси и доделени средства?! Наместо златното време кога се јадеа муфлони, бизони и бифтеци, сега на министрите им бројат кафиња и води?! Па кај се видело тоа?! Ех, кога беше власта способна, за да дојдеш до јавен податок ти требаше или да си курир, или магионичар!

И не само тоа, функционерите, наместо да бидат недостапни како што ги личи, одговараат на сите новинарски прашања, немаат тематски пресови, сите медиуми имаат пристап до нив, најавуваат настани не само на „одбрани“ медиуми, па портпаролите им се постојано достапни на телефон и одговараат на сите прашања од медиумите? Каде бе вака?!

И, ајде што одговараат, туку, замислете, власта ја слуша критиката, признава грешки, знае да се извини, да ги поправи пропустите! Наместо да бидат безгрешни и достоинствени, како Груевски или Диме Спасов, на пример!

Посебна приказна е нивната неспособност во однос на граѓанскиот сектор. Наместо да продолжат со „десоросоизација“, да ги гонат со години невладините фолиранти со инспекции, да ги тепаат по улици, да ги спружуваат кај куририте… овие земале да ги третираат како партнери?! Па ги викаат да учествуваат со свои иницијативи, да бидат дел од работни групи за законски решенија, им ги прифаќаат забелешките, им одат на настани, наместо да ги игнорираат и шиканираат!

Типичен пример за неспособноста е и грижата за животната средина. Наместо да сечат дрва, овие зголемуваат паркови и садат. Наместо да ни увезуваат ѓубре, овие прават фотоволтаици, менуваат греење во јавни објекти, наместо да ги бркаат луѓето од парно, да се греат на дрва и сешто, овие дадоа илјадници инвертери, купуваат еко-автобуси, наместо повеќе за колите, овие шират велосипедски патеки, ги размрдаа инспекциите, собраа тони отпад… Аматери!

Би можел да ви реди Младиќот уште многу за неспособноста на сегашната власт. Еве, во културата на пример. Донесоа и го ставија во функција колективниот договор, наместо да ги третираат културните работници како „даватели на јавни услуги“ и да ги акаат на контрапротести за фалба на власта. Наместо да градат нов барок, они фатиле ќе го заштитуваат Курбиново и Аквадуктот. Наместо етно-националистичкиот криминален концепт на стиропор-култура, фатиле, ќе ги почитуваат културните вредности на сите заедници.

Да не одам понатаму, драги мои. Која и област да земеш, неспособност до неспособност, аматеризам до аматеризам. Ме чуди само зошто трпи толку многу оваа способна јавност и библиски народ, кои само пред неколку години уживаа во плодовите на една успешна и способна власт, со која ни течеше мед и млеко и бевме четврта економија во Европа, а младите се отселуваа само поради разочарување за невозвратена љубов?!

#SledeTene
#4GodiniNesposobni
#AluminiumOverMaximum

 


Сите права се задржани. ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Текстот е личен став на Авторот.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    156 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    141 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    133 shares
    Share 53 Tweet 33
  • Хаотично заебавање

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ