Во сегашниот состав на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), ниту еден нејзин член немаше дипломатски статус, но сите нејзини сегашни членови бараат таков документ. Веројатно е подобро да се бориме против корупцијата, пренесе Независен.
Засега, само претседателката Татјана Димитровска добила дипломатски пасош од Министерството за надворешни работи. Останатите шест членови доставиле барање и чекаат да видат каков одговор ќе добијат од МНР.
Димитровска во објаснувањето дадено во интервјуто на ТВ 24 рече дека тоа било нивно легитимно право затоа што биле избрани од Собранието.
Димитровска нема дилема дека на членовите на Антикорупциска им следува дипломатски пасош.
„Да, ни следува, по основа на функционер избран од парламентот. Пасошот не сме го побарале за злоупотреба за приватни цели, туку затоа што сме често поканети и на настани во други држави“, рече Димитровска.