• Latest

Човекот кој е сигурен дека Харис ќе победи

October 18, 2024
Фото: МВР

Приведени двајца полицајци за грабежот на златарницата во Гостивар

October 27, 2025
Креирано со помош на ВИ

Новата нуклеарна ракета на Путин – демонстрација на сила или страв од пораз?

October 27, 2025

ЕУ ја потпиша Конвенцијата на ОН за борба против сајбер криминалот

October 27, 2025
фото: Џ.Д. / ЦИВИЛ

Приведени две лица од раководството на „Комунална хигиена“ – меѓу нив и директорот Сабахудин Рустеми

October 27, 2025

ЕК распиша конкурс за проекти за прекугранични новинарски партнерства и медиумски плурализам

October 27, 2025
Поранешниот секретар на НАТО, Лорд Џорџ Робертсон. Фото: Скриншот од видео на
UK in Austria

Поранешниот шеф на НАТО: Српската православна црква е главен дистрибутер на руските политички интереси на Балканот

October 27, 2025
Војо Маневски

На премиерот (ќе) нема кој да му пишува

October 27, 2025

Инспектор од Струмица пукнал во полициска станица откако добил отказ!

October 27, 2025

Пет дена до изборниот финиш! Мицкоски со критики до Рамадани, Филипче најави „чистка“ во СДСМ

October 27, 2025
Скриншот од видео на WION

Украински дронови ја нападнаа Москва во текот на ноќта, пријавени експлозии во повеќе делови од градот и околниот регион

October 27, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ ИЗБОРИ ВО САД

Човекот кој е сигурен дека Харис ќе победи

October 18, 2024 18:00
in АНАЛИЗИ, ВЕСТИ, ИЗБОРИ ВО САД, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Ако следите политика, едвај можете да избегнете од Алан Лихтман, американскиот универзитетски професор по историја познат по точното предвидување  на победникот на сите претседателски трки од 1984 година освен на една. Во чудесното видео на „New York Times“ објавено во текот на летото, 77-годишниот се натпреварува во квалификациска трка за Олимпијадата за сениори- и самоуверено изјавува дека Камала Харис ќе победи во трката (сфаќате?) за Белата куќа. Можеби неодамна сте го виделе Лихтман на кабелските вести, сте го слушнале на радио, или сте прочитале интервју со него.

Во ера на статистички комплексни, веројатни изборни модели, Лихтман е троубек. Тој ги заснова неговите предвидувања не врз основа на анкети, туку на одговори на сет од 13 точно или неточно прашања, кои тој ги нарекува „клучеви“ и кои во 2016 година сигнализираа победа на Трамп кога анкетите кажуваа поинаку. Тој има малку трпение за обработувачите на податоци на кои им недостасуваат неговите академски акредитиви.

Жалбата на Лихтман не се однесува само на анкетите и бубалиците кои ги сакаат истите. Според него, речиси сé на што обрнуваат внимание медиумите и политичкиот естаблишмент – како што се кампањите, квалитетот на кандидатите, дебатите и идеолошките позиции – е ирелевантно за исходот. Изборите се референдум за постигнатите резултати на актуелната партија.

„Изучувањето на историјата“, тој пишува во неговата книга  Предвидување на следниот претседател, „покажува дека прагматичнит американски електорат избира претседател според перформансите на партијата што ја држи Белата куќа, мерено со последователните настани и епизоди на мандатот“.

Според Лихтман, стандарниот приказ за тоа како функионираат претседателските кампањи претставува штетна фикција.

„Медиумите, кандидатите, анкетарите и консултантите“, пишува Лихтман, „се соучесници во идејата дека изборите се вежби во манипулираето со гласачите“ што ги спречува политичките реформи и значајната политичка дебата. Тој аргумент содржи малку од конспиративното, но постои голема разлика меѓу светогледот на Лихтман и теоријата на заговор. Неговите предвидувања всушност се остваруваат. Ако Лихтман греши за тоа како функционираат изборите, како може да е толку добар во предвидувањето на нивните исходи?

Еден можен одговор е дека, всушност, тој не греши.

Секој од 13 клучеви може да се дефинира како вистината или лажна изјава. Ако осум или повеќе од нив се вистинити, кандидатот на актуелната партија ќе победи; седум или помалку, тие ѓе изгубат. Еве ги, како што е наведено во Предвидување на следниот претседател:

  1. Мандат на актуелната партија:По среднорочните избори, актуелната партија има повеќе места во Претставничкиот дом на САД отколку по претходните среднорочни избори.
  2. Натпревар за номинација:Нема сериозен натпревар за номинација на актуелната партија.
  3. Актуелна функција:Кандидатот на актуелната партија е актуелниот претседател.
  4. Трета страна:Нема значајна трета или независна кампања.
  5. Краткорочна економија:Економијата не е во рецесија за време на изборната кампања.
  6. Долгорочна економија:Реалниот годишен економски раст по глава на жител за време на мандатот е еднаков или го надминува просечниот раст за време на двата претходни мандати.
  7. Промена на политиката:Актуелната администрација предизвикува големи промени на националната политика.
  8. Социјални немири:Нема постојани социјални немири за време на мандатот.
  9. Скандал:Актуелната администрација нема дамка од голем скандал.
  10. Надворешен или воен неуспех:Актуелната администрација не претрпува голем неуспех во надворешните или воените работи.
  11. Надворешен или воен успех:Актуелната администрација постигнува голем успех во надворешните или воените работи.
  12. Харизма на кандидатот на актуелната партија:Кандидатот на актуелната партија е харизматичен или национален херој.
  13. Харизма на кандидатот на предизвикувачката партија:Кандидатот на предизвикувачката партија не е харизматичен или национален херој.

Лихтман вели дека клучевите 2, 4, 5, 6, 7, 8, 9 и 13 се вистинити оваа година: доволно за да се осигура победа на Харис.

Лихтман инсистира гласачите да не го менуваат своето мислење како одговор на она што кандидатите го кажуваат или прават во текот на кампањата. Ова го наведува да направи некои длабоко контраинтуитивни тврдења. Тој напиша дека нападите на Џорџ Х. В. Буш врз Мајкл Дукакис во 1988 година – во кои беше вклучена и озлогласената реклама за Вили Хортон – не постигнаа ништо, а всушност ја повредија последователната способност на Буш да владее, бидејќи тој веќе имаше доволно клучеви за победа и требаше да се фокусира на неговата политичка агенда. Тој имплицира дека ЏФК, кој го надмина Ричард Никсон за помалку од две десетини од процентниот поен во 1960 година, би победил дури и да ја имал личноста на, да речеме, неговиот внук Роберт, бидејќи имал осум клучеви во негова корист. додаток на харизмата.

И изминатото лето, Лихтман му кажа на секој што ќе слуша дека Џо Бајден треба да остане во трката, бидејќи неговото заменување на билетот би значело губење на клучот за функцијата. Ако демократите го убедија Бајден да се откаже, напиша тој во авторски текст од 3 јули, „речиси сигурно ќе ја осудат својата партија да го порази и реизбрат Доналд Трамп“. (Тој се предомисли откако стана јасно дека никој нема да ја предизвика Харис за номинацијата, и на тој начин ѝ го предаде клучот 2.)

Иако некои од клучевите звучат исклучително субјективно, Лихтман инсистира дека тие не се вопшто субјективни –нивното проценување едноставно бара такви судови за кои историчарите се обучени да прават. Клучот за харизма, на пример, не зависи на вашето претчувство за кандидатот.

Повеќе на The Atlantic од авторот Гилад Еделман

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ