• Latest
Војо Маневски

На премиерот (ќе) нема кој да му пишува

October 27, 2025

Срамен пакт со диктаторот: Трамп ја предаде Украина за крвав руски дизел

October 10, 2026
ЕУ - Северна Македонија - Бугарија

(АКЦЕНТ) Северна Македонија во сопствениот лавиринт: Геополитички можности, политички блокади и изгубено време

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Гласот на луѓето со лично искуство мора да влијае врз одлуките за грижа и превенција

October 10, 2026
Запорижиа, 10 октомври 2026 (ДСНС)

Нов бран на руски терор: 12 загинати, меѓу нив три деца во Запорижја

October 10, 2026

Пропаганда под маската на новинарство: OpenAI откри како руски и ирански мрежи манипулирале со медиумите

October 10, 2026

(ИНФОГРАФИК) Банките доминираат на Македонската берза: Пет банкарски акции со над 71 отсто од редовниот промет

October 10, 2026

Шефот на Microsoft AI предупредува: Машините што веруваат дека имаат свест и права може да станат закана за човештвото

October 10, 2026
Тимоти Снајдер (фото извор: Википедија)

Тимоти Снајдер за желбата за терор и сценариото за уривање на американската демократија

October 10, 2026
Меморијал во близина на домот на Ана Политовскаја, Москва, 2006 (фото извор: Wikimedia)

„Путин не разбира дека луѓето имаат права“: 20 години од убиството на Ана Политковскаја, нарачателите сè уште непознати

October 9, 2026
Патување низ лавиринтот на европскиот сон (илустрација: ChatGPT / ЦИВИЛ МЕДИА)

Случај Северна Македонија: Земја изгубена во лавиринтот на сопствените блокади

October 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

На премиерот (ќе) нема кој да му пишува

October 27, 2025 12:27
in ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Војо Маневски

Војо Маневски

Share on FacebookShare on Twitter

ВОЈО МАНЕВСКИ     

Писма веќе никој не пишува, долги анализи веќе никој не прави. Сé се сведува на кратки пораки кои секој си ги толкува како што нему му одговара. Премиерот доправа ќе добива пораки, барања, до него ќе доаѓаат известувања од министри и владини службеници со фризирана содржина, ама писмо со наслов и крај тешко дека некој ќе му напише. Ова според мене е резултат на изборните победи во последните две години.

Кој би требало да пишува такво писмо?

Опозицијата како коректор на власта е во своја сопствена приказна во потрага по современ идентитет. Се покажа дека да се има милиони евра и да се биде социјалдемократ е невозможна мисија која секогаш се завршува со победа на капиталот над идејата за социјално општество.

Да му напишат писмо оние кои треба да се совест на една нација?

Интелектуалната заедница е ставена на средношколско табло од каде не ѝ се слегува за да не загуби некоја своја умислена комоција. Професори ,научници, автори, кој ќе ги следи вашите тези и теореми ако се заглупува со популизам и ова што од младата популација остана да престојува овде?

Синдикати и други цеховски здруженија ли ќе му пишат на премиерот?

Оние што треба да го штитат работникот воглавно го штитат чиновникот затоа што само тој во оваа држава до некаде е заштитен со закон. Вработените во реалната економија ниту имаат време ниту интерес да се занимаваат со јавни прашања. Законитоста на понудата и побарувачката за нив стигнува прекасно. Немањето на работна квалификувана сила како  потребен баланс за состојбите на пазарот на трудот за нивните болки не е веќе лек. Најголем број на вработени во реалниот сектор имаат повеќе од 40г во својот матичен број. Младите заминуваат, а бизнисот ќе се обиде да донесе нови работници од некои далечни земји што нема да бидат синдикално организирани туку ќе бидат ставени во машината за профит.

Бизнисмените и не пишуваат писма тие само потпишуваат пораки и налози за плаќање.. Додуша, се што треба порачуваат од позадина и по канали кои и не смеат да бидат видени од јавноста.

А да му пишат на премиерот граѓаните или граѓанките?

Е тоа е дури невозможно. За да се напише такво издржано писмо со согледување на состојбите и со предлози за нивно подобрување потребен е нов ков на граѓани. Потребна е содржина на поимот ГРАЃАНИН. Ова што сега се перчи дека има право да носи таква титула е претполитичко жителство на ова парче земја што се нарекува Македонија и дури со карактеристика како северна. Кај нас, почитувани мои сожители, месечното предвидување за  она што е можно да не чека е футуристичка приказна. Се кај нас е денес за утре и вечно надевање дека некој од некаде ќе најде начин да не спаси. При тоа не треба да нѐ спаси од другите ,треба да нѐ спаси од нас самите .

Ако пред локалните избори мнозина бараа некаква логика во гласањето на жителите на депримираните  групни престојувалишта што сакаат да се нарекуваат градови и гратчиња сега се уверија дека таква логика овде нема. Ако се обидувале да најдат некаков систем кој произведува заклучоци и одлуки кај жителите сега треба да се откажат од таквите ментални активности. Таков систем во овие краишта нема.

Ако има некаков систем зарем ќе се караме за да ги избереме потпросечните меѓу нас за да не преставуваат? Ако имаше било каков вредносен систем зарем партиската припадност ќе беше на високо место истиснувајќи ги вредностите како способност ,вредност или чесност. Што има чесно кога со дипломи од ниско оценети универзитети вдомуваш во администрација веќе трета генерација од членовите на партиите?

И кога на сето ова ќе му додадеш некаква националистичка исфрустрираност како фил на тортата од составена од измешани вредности и чувства, тогаш можноста некој да ја презеде одговорноста да му  пишува на премиерот е многу малку веројатна.

А ќе го чита ли премиерот таквото писмо и ако го добие? Тешко , ќе биде замотан во неколку слоја на соработници кои никаква вознемирувачка содржина не пропуштаат до него. Го чуваат како своја најголема инвестиција затоа што се што имаат и се на што се надеваат дека ќе имаат зависи од местото во неговата близина. Полтронството по законитост доведува до авторитарност а на крај до режим и некој облик на диктатура.

А има потреба многу од такво писмо со прашања и одговори.

Ќе живееме ли малку подобро и кога тоа ќе го дочекаме. Кој се извесните придобивки од ваквата надворешна политика и дали воопшто ќе ги има.

За нужноста од реформи во сите сектори на заедницата да не прашуваме и да не пишуваме писанија зошто изгледа сили за такви напори изгледа нема.

За можната содржина на едно такво писмо да оставиме за следната колумна да ја исполниме,

Премиерот ќе добива писма и ќе одговара на доверителите на кредити и разни други позеленети инвестиции, зошто ќе мора. Ќе одговара и пак ќе зема кредити зошто друг излез изгледа не може да се најде . Ако зашкрипи нешто во расположението на жителите на земјичкава лекот е најден. Ќе бркнат во торбичето мајсторите на ПР кампањите и оп, ќе извадат некоја голема тема со која ќе го полудуваат овој и онака полуден  народ.

Само да не се заборави дека на популистичкиот бран лесно се качува и се јавнува . Потребни се запаливи говори и недостаток на одговорност. Но таквиот бран ретко завршува на брегот како мирна далга туку се удира во крајбрежните карпи со силина многу поголема од онаа што ја има од почеток.

И после следуваат ноќни патувања во неприкладни делови на превозните средства и самување во некои негостољубиви предели.


ЦИВИЛ МЕДИА | Ставовите и наодите во овој текст се целосна одговорност на авторите и не нужно ги претставуваат ставовите на донаторите или на другите партнери и соработници на организацијата.
Tags: владаизборни победиПремиер
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ