Хрватска е прва во Европа по економски загуби предизвикани од природни непогоди во БДП, а последна по осигурување на добра, и со тоа штетите се поскапи.
Според податоци на Европската агенција за заштита на животната средина (EEA) Хрватска е водечка меѓу 33 држави од Европа по штети кои во периодот 1980-2015 година во Хрватска изнесувале просечно по 0,2 отсто БДП годишно, односно двојно повеќе отколку европскиот просек.
Во државите членки на ЕЕА во тој период временските и климатски екстреми биле 92 отсто од вкупниот број пријавени катастрофи и околу 83 отсто од вкупните загуби. За тоа време економските загуби од сите природни катастрофи во државите членки на ЕЕА изнесувале 520 милијарди евра, а осугурителните загуби околу 154 милијарди евра.
Евидентирани се 89.000 смртни случаи, најмногу предизвикани од топлотни бранови, а најмногу под влијание на топлотниот бран во 2003 година кога се пријавени 70.000 смртни случаи.
Според податоци за пријавени штети во Хравтска нивниот број и удел во БДП се менува од година во година. Изнесува меѓу 0,1 отсто во 2013 година односно дури 1,4 отстоБДП во 2014 година. Во 2015 година штетите изнесувале 0,6 отсто, а во 2016 година 0,44 отсто од хрватскиот БДП.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.