• Latest
Фото: ВИ

Чучуљ најавува „немилосрдно“ следење на корупцијата кај власта и опозицијата

December 6, 2025
Сања Божиновска (фото: https://energy.gov.mk)

Божиновска бара извинување и најавува суд, СДСМ бара истрага за набавката на броила

September 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – до 2 октомври

September 22, 2026
Христијан Мицкоски, Њујорк, 21 септември 2026 (скриншот, видео)

Мицкоски од Њујорк: Остануваме на европскиот пат, нејасно со кои конкретни чекори

September 22, 2026

На Меѓународниот ден на мирот, рускиот агресор продолжи со терор: Во Запорижја оштетени станбени згради, трговски центар и универзитет

September 21, 2026

ЦИВИЛ: Мирот никогаш не смее да стане синоним за предавање

September 21, 2026
Кампања на ЦДУ (Wikipedia)

Изборен земјотрес во Мекленбург-Западна Померанија: Алтернатива за Германија прва, социјалдемократите втори, демохристијаните надвор од парламентот

September 21, 2026

Рускиот агресор предизвикува хуманитарна катастрофа во окупираниот дел на Херсонската област, цивили се таргетираат со FPV-дронови

September 20, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Кога се краде како да нема утре, а власта се освојува и одржува со страв, стап и морков

September 20, 2026

Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

September 20, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Лудост или заебавање

September 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА (АНТИ)КОРУПЦИЈА

Чучуљ најавува „немилосрдно“ следење на корупцијата кај власта и опозицијата

December 6, 2025 10:51
in (АНТИ)КОРУПЦИЈА, ВЕСТИ
Фото: ВИ

Фото: ВИ

Share on FacebookShare on Twitter

Новиот претседател на Антикорупциската комисија Адем Чучуљ вели дека како Комисија ја поздравуваат секоја иницијатива која се однесува на борбата против корупцијата и дека ќе ги следат сите јавни настапи без разлика дали доаѓаат од опозицијата или власта и ќе постапуваат секаде каде има основ за постапување.

– Ја поздравуваме секоја иницијатива било да е од политичка партија, здружение на граѓани, медиуми за борба против корупцијата. Ќе ги следиме сите јавни настапи било на медиумите, опозицијата или власта и секаде каде има основ за наше постапување, ќе постапуваме, но секогаш треба да се има предвид дека ДКСК е превентивно тело и нашите капацитети се ограничени во делот на истрагата. Ние во нашиот дел секогаш постапуваме, истакна Чучуљ во вечерашното гостување во централниот дневник на телевизија „Сител“ во врска со најавите на опозициската СДСМ дека од утре ќе објавува снимки за коруптивното работење на власта.

Во однос на тоа дали има потреба да се ревидираат предметите на претходната претседателка на ДКСК, Чучуљ е на став дека нема потреба од такво нешто затоа што сите одлуки на Комисијата се носеле на јавни седници и со мнозинство гласови, а во однос на распределбата на предметите, Чучуљ појаснува дека распределбата е електронска и претседателот на Комисијата нема никакво влијание. Вели дека овој систем на распределба ќе го продолжи и тој како претседател.

– Сите одлуки на Комисијата се донесуваат на јавни седници согласно законот и истите се објавуваат на веб страницата. Сите одлуки се донесени и со мнозинство во мандатот на претходната претседателка така што во тој дел немам дилеми дека има простор за злоупотреба. Во однос на распределбата на предметите уште постеснено е влијанието на било кој во Комисијата од причина што согласно Деловникот за работа предметите се распределуваат електронски врз основа на приципот на ротација. Токму претходната претседателка го смени начинот на расперелба на предметите во позитивна насока, не по азбучен ред како што беше, туку по случаен избор што значи системот ги распределува предметите, не постои ниакво влијание на претседателот во тој однос, подвлече Чучуљ.

За неговиот избор за претседател на Комисијата и едногласната поддршка од сите пратеници, Чучуљ вели дека е изненаден и благодарен за поддршката, но дека тоа го чувствува и како морална и професионална одговорност да ја оправда довербата со работа.

Најавува поголема транспаренtост кон медиумите иако вели дека и досега Комисијата била транспарента затоа што сите нејзини седници биле јавни и имало дел за прашања и предлози. Новина, како што најавува, ќе биде тоа што после една или две седници, Комисијата ќе свикува брифизи со новинарите, а во подготовка е и нова стратегија за основи со јавноста.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ