Македонскиот народен театар (МНТ) во среда во 21,00 часот, со изведбата на претставата „Не се клади на Енглези“, организира хуманитарна акција за лекување на две млади лица.
Средствата од продадените билети ќе бидат наменети за лекување на малиот Гоце Марковски кој боледува од тумор на мозокот и кому му се потребни средства за лекување, како и за 24-годишната Марина Јовановска која има итна потреба од третмани и лекарства во Берлин. Таа боледува од многу ретки болести на очите, кои доведуваат до слепило, и не се лекуваат во Република Македонија .
Подетални информации околу жиро-сметките и банките депоненти, како и отворените телефонски линии за донации, може да се најдат на Фејсбук страницата на Македонски народен театар.
Билетите се пуштени во продажба на билетарницата во МНТ и преку online мрежата „Купи карти за се“ по цена од 300 ден.