• Latest

Да ги почитуваме регулативите на ЕУ, отворена опцијата за избор на впишување на етничката припадност, вели Заев за личните карти

March 1, 2021

24 ЧАСА: Четрстотини невработени ќе гасат пожари за 400 евра; Велев алармира – недозволиво е 5 лица да одлучуваат за терапијата на 40.000 дијабетичари; Трамп со закана за 10% царини кон поддржувачите на БРИКС

July 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на Real News

Рускиот министер за транспорт се самоубил откако Путин го разрешил 

July 7, 2025
Фото: Фејсбук на Азир Алиу

Алиу, еден месец министер за здравство: Граѓаните пријавиле мито, непружање здравствена услуга, игнорирање пациент

July 7, 2025
Украински дронови погодиле руска хемиска фабрика во близина на Москва. Фото: Астра/ Телеграм

Украински дронови погодиле руска хемиска фабрика во близина на Москва, нападната и големата рафинерија во рускиот Краснодарски крај

July 7, 2025
Фото: ЦУК

Прва човечка жртва во пожарот кај „Лепенец“ во Ѓорче Петров

July 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на CBS Morning News

ДеСантис брза да отвори центар за притвор на имигранти во мочуриште сред сезона на урагани

July 7, 2025
Босански бегалци од Сребреничката енклава во камиони на УН

30 години од геноцидот во Сребреница и ризикот од понатамошни злосторства сега

July 7, 2025
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ

Локалните избори ќе се распишат во првата половина на август, нема најава за измените во Изборниот законик

July 7, 2025
Фотографија: МИА

Четиристотини невработени лица ќе бидат ангажирани за превенција и справување со пожари

July 7, 2025
Фото: МИА

(ИЗБОР) Албански медиуми: Опозицијата во Косово не прифаќа ниту тајно гласање, ниту по 43-ти пат не успеа конституцијата на собранието; Ќе се изградат два моста на реката Ибар, Српска листа со петиција против, ЕУ бара инклузивност во процесот на изградбата

July 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Да ги почитуваме регулативите на ЕУ, отворена опцијата за избор на впишување на етничката припадност, вели Заев за личните карти

March 1, 2021 13:19
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Штом ќе стапи во сила регулативата на Европската Унија за тајноста на податоците во личните документи, ние треба да ја почитуваме, а бидејќи остануваме на патот на ЕУ, нема друга алтернатива треба да ги почитуваме европските регулативи. Јас би одел да се донесат одлуките, посебно со опцијата за избор за впишување на графата на етничка припадност, изјави денеска премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање за носењето на предлог-законот за лични карти со кој во нив би се впишувала етничката припадност.

Потсети дека за тоа прашање разговарале со партијата Беса во 2019 кога се носеле уставните измени и оти се работи за даден збор.

–Имаме навистина пријателски отворени и разумни и рационални разговори и со Беса и со сите други коалициски партнери. Ние сме дале збор уште 2019 почетокот на годината кога ги завршувавме уставните промени. Тоа беше важно на политичката партија Беса, тогаш беше во опозиција и ние тоа го потврдивме дури со соопштение на Влада и до ден денес го потврдуваме. Секако флексибилноста и тие ја кажаа на опција на избор за впишување на графата на етничка припадност, рече Заев.

Истакна оти за сите партии нов момент е дека од август стапува во сила европска регулатива каде што тајноста на податоците е загарантирана односно, забрането е да се впишува во документите за лична идентификација, етничката, политичката, верската определба и многу други определби.

–Но за мене е важен и овој дискурс, дебата што ја имаме, на подготвеност. Важно ми е дека најголемата македонска или мултиетничка партија СДСМ даде поддршка. Важно ми е втората по големина партија ВМРО-ДПМНЕ даде поддршка. Даваат и помалите партии, помалите етнички заедници, и тоа е нешто што е квалитатив плус посебно во делот на опцијата оти па ние може да дадеме поддршка, но ќе има граѓани кои ќе не сакаат, тие да имаат опција да изберат, истакна Заев.

Повтори оти е најважно да се почитуваат европските регулативи, односно како што е во Европа, така да биде и кај нас.

Во однос на предлог-законот за државјанство, вели дека предлогот со тројца сведоци да се докажува државјанство е невозможно.

-Тоа го нема никаде во светот. Сакаме да го најдеме решението што ќе биде врз основа на докази и аргументи, одредено право остварено во државата што потврдува, или барем да има материјален доказ, затоа што тој што одлучува и го става својот потпис, не може да го темели својот потпис и својата одговорност врз основа на сведоци. Не мислам дека за ова прашање треба да се прави блокада, вели Заев.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ВИ

    24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Канта за смет

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ