• Latest
Добро утро со Орданоски

Да се крстиш со три раце!

April 24, 2019

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025

Данска планира да воведе минимална возраст за користење социјални мрежи

November 7, 2025
Кривичен суд - Скопје

Притвор за четири лица осомничени за поткуп во врска со ИПАРД програмата

November 7, 2025
Фридрих Мерц (фото извор: Wikimedia)

Мерц најави милијарди за фондот за тропските шуми на КОП30

November 7, 2025

Извештај за проширување: Што е следно за земјите кандидати за членство во ЕУ

November 7, 2025
Фото: Скриншот

Собранието констатира нови мандати за тројца пратеници

November 7, 2025
Zohran Mamdani
Source> Wikimedia commons

Мамдани со поддршка од двајца милијардери – наспроти десетици зад Куомо

November 7, 2025
Фото: wikimedia commons

Ништо од бизнисот: Ганвор Груп ја повлекува понудата за подружниците на Лукоил откако САД ја нарече компанијата „руска марионета“

November 7, 2025
Скриншот од видео на Canal 26

Кремљ ги вклучува окупираните делови од Украина во рускиот Јужен воен округ, во услови на обновен мобилизациски притисок

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Да се крстиш со три раце!

April 24, 2019 07:55
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Сашо Орданоски

[dropcap]Ш[/dropcap]то ти е политика! За 15 дена изборна кампања, ВМРО-ДПМНЕ се претвори во најголемиот заговорник и промотор за правото и правдината во Македонија! Од пред два дена – откако завршија со колнењето на Преспанскиот договор – сега тоа им е главната тема на пропагандна поплава по телевизиски настапи, изјави, реклами и тролања по социјални мрежи.

Со две третини од партиското раководство во притвори и затвор, со пребеган осуденик од почесен претседател, со блокиран партиски имот заради истраги за милионски криминали, со партиска адвокатска комора поголема од официјалната, и со ниту еден сериозен збор на осуда на ваквото свое владеење – ВМРО-ДПМНЕ сега нè уверува дека е дојдено време ТИЕ, истите, замислете, ПОВТОРНО да се вратат на власт, како докажани борци за право и правдина… WTF?!

Силјановска дури вели дека со падот на ВМРО од власт сме расчистиле со груевизмот, а со нејзиниот избор би расчистиле и со заевизмот – и, веројатно, би ја започнале розовата ера на сиљанизмот?!

Предлагам Министерство за здравство да почне да дели субвенции за масовно вградување на трети, бионички раце за секој полнолетен граѓанин на државава, бидејќи е малку со постоечките две раце да се крстиме и од лево и од десно!

(Прашањето на кое место на телото би се вградувала таа бионика го оставам на вашата фантазија…)

А потоа го имате СДСМ кој вели дека најголемото незадоволство кај граѓаните доаѓа од работата на нивните градоначалници!? Заев дури јавно ги кара дека недоволно креваат телефони на повиците и не одговараат на смс-пораките на граѓаните од нивните општини. „Ќе кревате телефони и ќе ги решавате проблемите на граѓаните!“, им порача Заев на почетокот од вториот круг на изборната кампања за претседател на РСМ.

Како што прави тој. Наместо да се зафати со вртење телефон на разни служби и министерства во Владата и да ги праша што сработиле тие денеска?

Ајде уште една тура крстење со три раце!

А може ли СДСМ и ДПМНЕ да основаат заеднички комитет за национална координација на кампањите, за да се договорат што е проблемот на граѓаните: испорачувањето на правдата или мрежата за канализација во општините? Можно ли е нивните истражувања на јавното мнение, што секојдневно ги прават и во двата конкурентски изборни штабови, да покажуваат олку различни податоци за расположението кај гласачите?

Всушност, секој се чеша таму кај што го сврби. Мицкоски е под притисок да ја ревидира правната држава, бидејќи тоа е најголемата закана по иднината на оние кои му ја дадоа неговата партија за раководење. Заев е под притисок да ја ревидира работата на Владата, но бидејќи тоа, без нови парламентарни избори, нема да може на ефикасен начин да го направи, удира по „самарот“ на своите градоначалници. Па едната партија во клин, другата во плоча.

Сето ова има малку врска со претседателските избори. Ставовите на најголемиот број гласачи околу личностите на Силјановска Давкова и Пендаровски се формирани и доколку тие не направат некои крупни грешки во наредниве десетина дена, нема битно да влијаат врз конечните изборни скорови.

Она што ќе влијае, е работата на изборните штабови и нивната изборна машинерија. На овие избори, во двата штаба на финалистите не се чини дека некој особено се прослави. Напротив. Но, сега веќе просторот за грешки е мал, време за корекции нема. Борбата е улична, сокаче по сокаче, од влез во влез на секоја зграда. И сето тоа во атмосфера во која гласачите се уморни од празни ветувања и седење на Фејсбук.

Во тој контекст, Изет Меџити тврди дека токму ДУИ во првиот круг му ја донела разликата од 5.000 гласови на Пендаровски наспроти Силјановска Давкова… За во вториот круг најавуваат дека ќе оделе од врата до врата за поддршка на Пендаровски.

А, сè нешто си мислам, со оглед на угледот што ДУИ го има меѓу албанскиот електорат, ако искрено сакаат да му помогнат, можеби е попаметно да си седат по државните канцеларии, да не чукаат на врати на потенцијалните гласачи за Пендаровски?

 

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста.

Повредата на авторските права е забранета со закон. 

Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Share484Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ