• Latest
Добро утро со Орданоски

Дали Шерлок Холмс не е во право?

May 14, 2020
Тенеси, експлозија. Фото: Скриншот од видео на Би-Би-Си

Неколку луѓе загинаа а најмалку 12 се водат за исчезнати при експлозија во воена фабрика во САД

October 10, 2025

Мачадо: Нобеловата награда за мир е огромно признание за борбата за сите Венецуелци

October 10, 2025

ОЈО Битола поднесе жалба: Марковски треба да оди во затворски притвор, има имот во странство, може да побегне

October 10, 2025
Фото: генерирано со ChatGPT

„Slop“ – новиот збор на младите за ВИ содржини

October 10, 2025

Од недела почнува постепено воведување на новиот систем за контрола на надворешните граници на ЕУ

October 10, 2025

Граничниот премин Рафа меѓу Газа и Египет ќе се отвори на 14 октомври, соопшти Италија

October 10, 2025
Меѓународна конференција „Одбрана на демократијата: Боиште на вистината“, 8-10 октомври 2025, панел на вториот ден од конференцијата (фото: ЦИВИЛ)

Одбрана на демократијата: Боиште на вистината – Од увид до акција

October 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на N1

Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

October 10, 2025
Државен јавен обвинител, Љупчо Коцевски / фото: ЈО

Коцевски до Адвокатската комора: Дезинформации и недостоен публицитет околу случајот „Пулс“ во Кочани

October 10, 2025
Фото: амбасадорката Лариса Дир/Х

Рускиот напад на цивилната и енергетската инфраструктура не е само воено злосторство, туку и елемент на геноцид

October 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Дали Шерлок Холмс не е во право?

May 14, 2020 07:00
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, ИЗБОРИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: САШО ОРДАНОСКИ

Чекор по чекор, како во детска сложувалка, се добива впечаток дека се ближиме до вонредните избори во Македонија. Споро се пополнуваат сите „пазли“ од важечкото и обичајното право коишто заради вонредниве околности недостасуваат, деликатно и споро се пеглаат разликите како фалти на густо плисирана женска сукња. Да не беа само мажи околу масата на Пендаровски, ќе си дозволев и некоја аналогија со играње аргентинско танго, ама… Впрочем, некои преживеани сведочеле дека кога тонел „Титаник“, жените бирале за последното танго. Внимателни се нашите партиски лидери, не влегуваат во такви кадровски ризици.

Сега останува уште само датумот да се уточни, околу кој сите јавно се наддаваат со деликатната грижа за опасноста по здравјето на гласачите. Што би рекол Шерлок Холмс, кога ќе го елиминирате невозможното, што и да остане, колку и да е неверојатно, мора да е вистината.

Но, дали сме го елиминирале „невозможното“?

Ако ја прочитате одличната анализа на колегата Ерол Шаќири пред некој ден на порталот на „Слободен печат“ („Избори ќе има, не вие кога сакате, туку тогаш кога ДПМНЕ ќе каже“), што топло ви ја препорачувам, ќе сфатите дека датумите за спроведување на последните 4-5 вонредни избори – редовни не сме ни имале којзнае од кога – секогаш биле, со арно, со лошо, според она како што ќе речело ВМРО-ДПМНЕ. И овој пат, галиба, така ќе биде.

Официјално, главната опозициска партија излезе со став дека средината на јули е датумот што ним им се чини како прифатлив за спроведување вонредни избори. Човек ќе рече, па, добро, две недели порано или подоцна од втората половина на јуни, што како изборни датуми ги предлага власта, каква суштинска разлика прави тоа?

Но, паралелно со ваквите датумски пазарења, севкупната опозициска пропаганда во последните недела-две интензивно се занимава со броење мртви од коронава, се користат – а ги има колку сакаш – сите светски извори на застрашувачки сценарија и катастрофични епидемиолошки прогнози, морничавите статистики се растегнуваат до крајните точки на разумна издржливост, а лидерот на опозицијата, со силен хуманитарен и морален набој, неколку пати упадливо инсистира дека, ако треба и еден заразен да почине заради изборите, тој не би ја прифатил должноста да стане премиер… Хмммммм… Кој ли може да му издаде таква изборна гаранција на лидерот на опозицијата, за нему да му се чини прифатлива!?

Од опозициски стручни кругови од вчера веќе се авансира и нова теза: септември е, всушност, најдобриот месец за избори.

Да се вратам на методот на Шерлок Холмс: сме ги елиминирале ли сите „невозможни“ варијанти, за она што ќе остане да биде вистина?

Имено: дали годинава избори на опозицијата, воопшто, ѝ одговараат? Да, дури и редовните, во ноември-декември?

Нешто од ова како да го насетуваат и овие од СДСМ, Заев дури делува и благо успаничен, бидејќи два дена упорно инсистираат дека кај Пендаровски е постигнат договор на вонредни избори да се оди… Не, не, тврди опозицијата спокојно, само си муабетевме за можности и модалитети, а Заев бараше народот да гине на избори, за тој да остане на власт. И слично.

Еве, колку за атер на оваа „невозможна“ варијанта, да претпоставиме дека изборните анкети на опозицијата покажуваат значително заостанување зад власта во изборните шанси. Зошто, тогаш, би посакувале избори, кога било годинава, ако изгледите за освојување на власта им се лоши – а имаат неповторлив политички изговор, со можноста од втор епидемиолошки бран после летово, избори воопшто и да не се одржат?

И, што дека ќе имало уставна криза без преседан? Тоа е полошо одошто да си останат во опозиција, фатени секој секому за врат?! Напротив! Земјата ќе си потоне во комплетна неизвесност, а можеби и хаос и на економски и на политички и на здравствен и на општествен план… Мерак за секоја опозиција што не може да победи на избори!

Тогаш кај Пендаровски, без постоечко Собрание и со „техничка влада“ во чиј легитимитет ни хигиеничарките во владините ходници не би верувале, не само што нема да се разговара за нови избори, туку во којзнае каков нов формат, со меѓународно посредување, ќе се вратиме во 2015 и 2016 година, со можност за „Пржински реванш“ за пад на омразениот „режим на Заев“ од власта! Таква студено сервирана одмазда не би можел ни Груевски подобро да ја смисли… освен ако токму тој не ја смислил.

За ваквите „невозможни“ сценарија да се демантираат нема потреба од пцовки, навреди и лични дискредитации. Треба само, веќе идната недела, да се договори датум за што побрзи избори.

Во спротивно, ќе излезе дека омилениот лик на Сер Артур Конан Дојл, Шерлок Холмс, е во право во своето тврдење применливо и на македонската опозиција – „Елементарно, мој драг Вотсон!“.

 


Сите права се задржани.  Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста.
Print Friendly, PDF & Email
Share67Tweet42Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

    Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Грузиската полиција се судри со демонстранти кои се обидоа да влезат во претседателската палата во Тбилиси

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    154 shares
    Share 62 Tweet 39
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ