• Latest

Даночна(фискална) амнестија, лоша идеја

November 17, 2020

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Даночна(фискална) амнестија, лоша идеја

November 17, 2020 14:56
in АНАЛИЗИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Ко је јамио, јамио (кој крадел, крадел). Со овие зборови му се обрати на хрватскиот сабор пратеникот Иво Ројс , генерал во пензија од татковинската војна во Хрватска за време на собраниската расправа за утврдување на потеклото на имотот од осамостојувањето на државата. Не се сеќавам како заврши оваа расправа и како тоа го решија хрватите но знам дека овој генерал од татковинската војна сега е еден од најбогатите хрвати и најголемите инвесститори во државата. Исто така неговиот соборец а сега бизнис колега обвинетиот хашки  генерал Анте Готовина сега е многу богат и успешен бизнисмен во својата земја.

Пишува ПЕРО НАУМОВСКИ

Кој крадел, крадел. Ако сега уплати во буџетот на државата 10% од украденото може легално да стане богат и угледен инвеститор во државава. Така отприлика би можело да се преведе изјавата на премиерот Заев кој гласи: Приходи се очекуваат и од внесување на кеш парите коишто се надвор од системот. Тоа значи дека се што не е кривично гонето или под истрага да може со плаќање на данок да се внесе во систем.

Што е под истрага, што е кривично гонето и дали воопшто постојат такви постапки премиерот не кажа. А ние добро знаеме колкав е обемот на сивата економија во системот и колку пари се одлеани од Македонија кон даночните егзотични земји кои се воедно и даночни раеви. Се разбира постои и голем капитал кој е во земјава и е надвор од системот. Една од главните изборни ветувања беше и борба против сивата економија и перењето на пари .Изборно ветување беше дека ќе мора да се дознае и јавно да биде достапна сопственичката структура на сите правни лица кои инвестираат во државава токму од овие егзотични земји. Изборно ветување беше дека ќе се формира фискален совет во рамките на министерството за финансии. Имаше и други изборни ветувања во оваа област но гледаме дека многу малку е од тоа остварено. И сега што се случува.  Под притисок на последиците од здравствената криза и недостаток од пари во буџетот премиерот ни продава едно вакво спасоносно решение. Тој понуди и други решенија за пополнување на се попразниот буџет за кои може да се дискутира, особено тука мислам за легализирање на марихуаната за привлекување на марихуана туристи, но ние сега да се задржиме на предлогот да даночна амнестија.

За разлика од правилото кога опозицијата, пред сѐ мислам на ВМРО-ДПМНЕ кои како петли скокаат со жестока критика на било каков предлог кој ќе дојде од власта без исклучок дали е позитивен или негативен, за овој непристоен предлог од премиерот, молк, како да не чуле за него. Молк од НБМ, молк од бизнис заедницата. Како на сите да им одговара ова решение. Но, сепак зошто е оваа идеја лоша за македонската економија и за државата воопшто. Еве неколку аргументи.

1. Се поткопува правниот систем на државата кој и така е многу кревок.

2. Не постои таков сличен пример во ниедна сериозна правна демократска држава членка на НАТО или ЕУ.

3. Се прави многу опасен преседан затоа што никој не може да гарантира дека во иднина тоа нема да стане правило и дека нема Македонија да постане пералница на валкани пари. Класичен пример за тоа е легализацијата на дивоградбите која, исто така, се воведе како исклучок, а гледаме дека сѐ уште трае и сѐ уште се дополнува и надградува.

4. Каков сигнал им се испраќа на сите оние кои чесно и редовно плаќаат данок. Пораката би била: па кој ви е крив што сте плаќале и што сте работеле легално.

5. Многу би ги охрабриле неплаќачите и затајувачите на данок како и носителите на сивата економија кои би добиле потврда за исправноста од  досегашното незаконско работење и би биле одличен пример за следење и копирање на моделот во иднина.

6. Лоша порака би испратиле и до странските и домашни инвеститори кои преку ноќ би добиле нелојална конкуренција.

7. Каков впечаток ќе предизвика една ваква мерка кај нашите западноевропски партнери.

8. Постои сериозна можност валкани пари од други држави со една ваква мерка да бидат легализирани во земјава.

9. Скоро сум сигурен дека сериозна cost benefit анализа ќе покаже многу поголеми загуби на долг рок во одност на очекуваниот кусорочен ефект

Се разбира дека здравствената криза го разорува економскиот систем што како последица има намалување на даночните приходи во буџетот. Сосема е нормално владата да бара  решенија кои ќе овозможат надминување или ублажување на оваа состојба. Но, да не заборавиме дека кризите па и оваа раѓаат и нови можности. Според мене токму сега се отвора можноста даночните органи во координација со другите надлежни органи на власта да почнат вистинска битка за борба против сивата економија, даночната евазија и перњето на пари. Во рамките на постојните прописи и во рамки на постојните институции може да се добие оваа битка.  Треба само политичка волја, силни институции и ефикасна акција на терен.

Сведоци сме на сивата економија во сите области секојдневно, од продажба на цигари и друга акцизна стока по пазарите и по тротоарите, па преку приходите од царината кои можат да бидат многу повисоки (за илустрација како пример да наведеме дека како царинска основица  за текстилната стока сеуште при увозот се користи тежината на увезената стока а не вистинската набавна цена по парче) па се до софистицираните облици на перење пари каде и деловните банки имаат многу путер на главата.

Многу работа, секојдневна и упорна , поголеми ингеренции на даночните и другите инспекциски органи, ефикасна и перманентна меѓуресорска соработка во откривање на даночната евазија. Отворање на истраги за перење на пари. Архивите и деловните книги на деловните банки кријат многу тајни за перење на пари , зошто, да не заборавиме дека неколку милијарди евра валкани , нелегални пари се одлеани од земјава во странство во изминативе 10-15 години од кои голем дел токму преку деловните банки.

Ова е секако потежок и макотрпен пат до постигнување на истата цел но долгорочно ќе има големи ефекти преку градење на силни институции , владеење на правото и јакнење на правната држава а овие напори сигурно ќе бидат и силно поддржани од меѓународната заедница.

Затоа препорака до Владата е, наместо инстант решенија за брзо полнење на буџетот да ги засука ракавите и со надлежните институции добро се испотат и да постигнат ефекти кои сепак ќе бидат во рамките постојниот правен поредок и ќе обезбедат подобро и континуирано полнење на планираните приходи во буџетот.

Во спротивно, Владата признава дека е немоќна во спроведување на законите и по линија на помал отпор воведува вакви брзоплети, непринципиелни, еднострани и неекономски мерки. А за леснотијата со задолжување да ги решава овие проблеми како најголеми опортунисти подобро и да не зборуваме.  

Share36Tweet23Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ