Фредерик Лејдквист, директор на Стокхолмскиот центар за источноевропски студии (SCEEUS) во Шведскиот институт за меѓународни односи. Фото: Stockholm Institute of Transition Economics (SITE)
Војници на САД во базата на НАТО во Тапа-Естонија. Фото: Д. Мишев/Цивил
Фото: МИА
Руски извидувачки авион Ил-20 забележан од полските воздухопловни сили над Балтичкото Море на 28 октомври 2025 година. Фото: Оперативна команда на полските вооружени сили/X
фото: ВИ
Donald Trump, Xi Jinping
Source- Firstpost video screenshot

Дарежливите делегати на ВМРО-ДПМНЕ

Во јавноста се прошири информација дека делегатите на ВМРО-ДПМНЕ на вонредниот конгрес за избор на нов претседател на партијата собрале дури 1.300 денари во кутијата наменета за собирање донации за помош на притворените лица осомничени за насилствата во Собранието на 27 април.

Според неофицијални извори од нешто над 400 присутни делегати на конгресот само еден оставил илјадарка и уште неколкумина по нешто ситно, додека останатите само ја одминувале кутијата без да остават пари.

Според пресметките излегува дека во просек секој од присутните делегатите дал по 3 денари. На секој од осомничените од солидарната акција на Конгресот му следува по 36 денари.

Се поставува прашањето, дали делегатите вака донираа и за предизборната кампања?

М. Ивановска